Промени тема
За нас
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...

СДСМ: ВМРО води координирана црна кампања со лаги и измислици против Филипче

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 2 месеци -

Македонија
filipce-ck-sdsm

Социјалдемократскиот сојуз на Македонија соопшти дека претседателот на партијата, Венко Филипче, е цел на, како што наведуваат, континуиран јавен линч и координирана црна кампања со лаги и измислици, зад која стои ВМРО-ДПМНЕ.

— реклама —

Од СДСМ велат дека по, како што ги оценуваат, неуспешните обиди за дискредитација преку наративи за Дубаи, зграда од 42 спрата, Венеција и Сент Морис, како и обиди за внатрешно рушење на партијата, нападите ескалирале до ниво на лични споредби и јавни квалификации. Според СДСМ, во кампањата биле вклучени и координирани медиумски настапи, спонзорирани објави и поврзување со различни актери и структури, со цел, како што тврдат, да се создаде впечаток на вина без институционални докази.

— реклама —

Партијата наведува дека последната, според нив, неоснована кампања е пласирана преку медиумска емисија, по што била координирано преземена од „кујните“ на ВМРО, за на крај да биде артикулирана и преку партиски прес-конференции. СДСМ тврди дека доколку имало и најмалку вистина во обвинувањата, тие одамна би биле процесуирани преку институциите, наместо, како што велат, да се најавуваат и пласираат преку медиуми.

— реклама —

Во соопштението се посочува дека ваквиот пристап се користи затоа што, според СДСМ, нарачателите се свесни дека со институционална постапка би сноселе одговорност по Кривичниот законик, а не само за клевета. Социјалдемократите најавуваат дека Филипче ги разоткрил, како што велат, сите манипулации и дека ќе следи одговорност и за нарачателите и за извршителите.

СДСМ оценува дека, наместо одговори и решенија за реалните проблеми со кои се соочуваат граѓаните, актуелната власт продуцира дефокус и црна кампања. Во таа насока, посочуваат дека нема одговори за, како што наведуваат, дупката во буџетот од две милијарди евра, за неможноста за зголемување на платите и пензиите, за прашањата поврзани со мигрантите, како и за, според нив, сомнителни финансиски текови и тендерски постапки.

„Има само дефокус, јавен линч и црна кампања, со цел на граѓаните да им се згади од политиката“, наведуваат од СДСМ, додавајќи дека јавноста веќе ја препознала, како што велат, оваа стратегија и дека одговорноста е неминовна.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-libraryo24bhk258c1n5HlTdkk

СДСМ Аеродром: Митески и Ѓорѓиевски итно да го решат проблемот со паркирањето во Ново Лисиче

Скопје | пред 1 час

media-libraryfemrtp18rd3ffuuIP2L

СДСМ: Предавникот Мицкоски отиде кај пријателот Орбан да преговара за Груевски

Македонија | пред 2 часа

media-librarylhoccodprlv47gJbFWC

СДСМ: Мицкоски денеска отиде кај Орбан за да договара враќање на Никола Груевски

Македонија | пред 17 часа

media-librarymufu1rnr502f7TjsNnE

Филипче со порака до власта: Нема право да ја држи државата во изолација

Македонија | пред 21 час

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања