Промени тема
За нас
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...

СДСМ: Задоцнета и половична мерка на Мицкоски без ефект, горивата пак ќе поскапат

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 седмица -

Македонија
media-librarykvtaau59d41o6bwKz9A
Скопје1.мк

СДСМ оценува дека мерката на Мицкоски за намалување на ДДВ на горивата од 18% на 10% е задоцнета и без ефект, бидејќи горивата веќе поскапеле (дизелот +21 денар) и се најавува ново поскапување од 4–6 денари. Тврдат дека граѓаните веќе платиле над 4,5 милиони евра повеќе за гориво и дека растат и цените на храната (масло над 100 ден., јајца над 300 ден., овошје/зеленчук над 100 ден./кг). Бараат итно: ДДВ на горива 5%, акцизи -4 ден., 0% ДДВ за основни производи и преполовени патарини.

Текстот е автоматски генериран со помош на вештачка интелигенција

Задоцнета и без ефект е половичната мерка на Христијан Мицкоски за намалување на ДДВ на горивата од 18% на 10% - горивата повторно ќе поскапат и  граѓаните нема да почувствуваат ништо, велат од опозициската СДСМ.

— реклама —

„Во изминатите три недели, додека Мицкоски чекаше и не преземаше ништо, цените на горивата драстично пораснаа – дизелот поскапе за вкупно 21 денар а денеска се очекува и ново поскапување од дополнителни 4 до 6 денари.

— реклама —

Ова е потврда дека половичната мерка на Мицкоски нема да го спречи растот на цените, граѓаните ќе плаќаат уште поскапо гориво а цените на храната ќе продолжат да растат.

— реклама —

Задоцнетата реакција на Владата граѓаните ги чини скапо – над 4,5 милиони евра повеќе се платени за гориво, а во меѓувреме се активираше спиралата на поскапувања на хрната. Денес веќе гледаме дека маслото за јадење е над 100 денари, јајцата над 300 денари, а цените на овошјето и зеленчукот постојано растат и веќе се над 100 денари за килограм.

Очигледно владата на Мицкоски избегнува суштински решенија за намалување на цените затоа што ги штити бизнис интресите на ВМРО кои профитираат од високите цени.

Реалноста е дека цените растат, платите не се зголемуваат, а Владата на Мицкоски нема план ниту пак сака нешто да преземе.

Тоа ќе значи зголемување на сиромаштијата, празни фрижидери и намалување на стандардот на граѓаните.

СДСМ повторно бара Владата веднаш да ги прифати предложените мерки кои вистински ќе донесат до намалување на цените и ќе им помогнат на граѓаните: намалување на ДДВ на горивата на 5%, намалување на акцизите за 4 денари, 0% ДДВ за основните прехранбени производи и преполовување на цените на патарините“, се вели во соопштението.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-librarylhoccodprlv47gJbFWC

СДСМ: Мицкоски денеска отиде кај Орбан за да договара враќање на Никола Груевски

Македонија | пред 5 часа

media-librarymufu1rnr502f7TjsNnE

Филипче со порака до власта: Нема право да ја држи државата во изолација

Македонија | пред 10 часа

skopje-parking

СДСМ Аеродром: Селективното зонско ќе создаде хаос во Ново Лисиче

Скопје | пред 12 часа

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања