Промени тема
Контакт
„Претрес“ на Најчевска: За „глупите“ и „психопатите“, Шарената револуција, политиката, неуспесите
„Претрес“ на Најчевска: За „глупите“ и „психопатите“, Шарената револуција, политиката, неуспесите

Сè повеќе македонски државјани пријавуваат дека се затечени во загрозени подрачја

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 месец -

Македонија
mnr-5-1

Поради влошената безбедносна состојба на Блискиот Исток, во МНР е формиран кризен штаб достапен 24/7. Тој ја следи состојбата и ги координира постапките за помош и евентуална евакуација на македонски државјани во загрозени подрачја, во постојан контакт со пријавените лица. Дипломатско-конзуларните претставништва се на располагање, а се зголемува бројот на граѓани кои се пријавуваат. МНР апелира да се почитуваат насоките на локалните безбедносни органи и да се користат СОС линиите и амбасадите за помош.

Текстот е автоматски генериран со помош на вештачка интелигенција

Со оглед на влошената безбедносна состојба во регионот на Блискиот Исток, вчера во Министерството за надворешни работи и надворешна трговија беше формиран кризен штаб, кој е на 24-часовно располагање на граѓаните.

Неговата задача е континуирано да ја следи состојбата и да ги координира и систематизира сите постапки поврзани со македонските државјани кои се наоѓаат во и околу загрозените подрачја, а на кои им е потребна помош или асистенција.

 Истовремено, дипломатско-конзуларните претставништва се во постојана комуникација и целосно на располагање на граѓаните.

 Согласно информациите од Амбасадите на Република Северна Македонија во Тел Авив, Доха и Абу Даби, како и според јавувањата на СОС телефонот во Министерството во Скопје, тековно се зголемува бројот на наши државјани кои пријавуваат дека се затечени во загрозените подрачја.

 Со сите пријавени лица се одржува постојан контакт, при што се преземаат подготвителни активности за евентуална асистенција и нивна безбедна евакуација, во зависност од развојот на состојбата.

Министерството за надворешни работи и надворешна трговија, преку дежурниот телефонски број и преку дипломатско-конзуларните претставништва, и понатаму останува целосно на располагање на граѓаните. Уште еднаш ги повикуваме сите наши државјани кои се наоѓаат во земјите од регионот доследно да ги почитуваат упатствата и насоките на локалните надлежни безбедносни органи“, информираат од МНР.

— реклама —

 За дополнителни информации и помош, на располагање се:

 СОС дежурен телефон (МНРНТ):

— реклама —

075/273-732

 Амбасада на Република Северна Македонија во Доха

Тел: +974 50 173 111

 Амбасада на Република Северна Македонија во Абу Даби

Тел: +971 56 441 7532

 Амбасада на Република Северна Македонија во Тел Авив

Тел: +972 54 500 8566

Тел: +972 54 967 0546

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-libraryvlo32bhv6qek9LMv1B7

(Видео) Испрскан со црвена течност синот на соборениот ирански шах во Берлин по политичка конференција

Свет | пред 2 часа

— реклама —
media-libraryvbncmtrq6fc5dJJ5vSa

Иран: првите приходи од новите давачки веќе пристигнаа во централната банка

Свет | пред 5 часа

media-libraryeor02ilnqm4mbKZ17OP

(Видео) Иран заплени три товарни бродa во Ормутскиот теснец, меѓу екипажот и двајца хрватски државјани

Свет | пред 7 часа

media-libraryfr3jcfd14t0e6D9BLDC

Иран ги обвинува САД и Израел за последиците од војната

Свет | пред 8 часа

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања