Промени тема
За нас
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...

Седум без дозвола, четворица пијани - 12 возачи се приведени

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 2 дена -

Македонија
brza-pomos-soobrakajka

Дванаесет возачи се лишени од слобода во изминатото деноноќие на територијата на државата поради безобѕирно управување со моторно возило, соопшти Министерството за внатрешни работи.

— реклама —

Од нив, седум управувале возило без возачка дозвола, при што еден бил повикан на службен разговор во Свети Николе, додека останатите биле приведени во Тетово, Куманово, Делчево, Битола и Кичево.

— реклама —

Дополнително, четворица возачи во Тетово, Куманово, Берово и Ресен биле затекнати како управуваат возило под дејство на алкохол.

— реклама —

Во два случаи, во Скопје и Струга, возачите управувале возило и покрај изречена забрана за управување со патничко возило од Б категорија.

Од МВР информираат дека по целосно документирање на случаите ќе бидат поднесени соодветни кривични пријави.

Полицијата апелира до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи.

„Апелираме до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи, да не управуваат возило без положен возачки испит или доколку имаат изречена мерка за забрана за управување или доколку се под дејство на алкохол и сите заеднички да придонесеме за побезбеден сообраќај“, соопштуваат од МВР.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-librarydjbok6g6h1b9ezkKqGJ

Уапсени осум возачи: шест биле без возачка, а двајца пијани

Македонија | пред 3 часа

policija-policaec-35-450x270-1

Тепачка во Карпош, кога полицијата интервенирала едно од лицата се заканувало кон службеник, па го привеле

Македонија | пред 5 часа

media-libraryet16s6jn6mqrdKXXpd4

Скопјанец ѝ се заканувал на мајка си, приведен

Скопје | пред 5 часа

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања