Промени тема
За нас
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...

Си-ен-ен: САД и Иран водат две различни војни реалности

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 2 седмици -

Свет
media-libraryrhfnvbj6ievfeNpGhYp
The White House

Најблиските соработници на американскиот претседател Доналд Трамп веќе подготвуваат наратив за победа во војната со Иран, во пресрет на моментот кога Вашингтон би можел да се повлече од конфликтот, пишува Си-ен-ен.

— реклама —

Според анализата, Белата куќа создава сценарио во кое Трамп лично би прогласил безусловна предавање на Иран, дури и ако реалноста на теренот не го потврдува тоа. Американскиот министер за одбрана Пит Хегсет изјавил дека само претседателот може да процени дали војната е „на почетокот, во средината или на крајот“.

— реклама —

Од друга страна, иранското раководство има поинаква цел – да ја издржи американската воена и политичка волја за нов долг конфликт. Аналитичарите сметаат дека за Техеран дури и опстанокот на режимот би се сметал за победа.

— реклама —

Во исто време расте притисокот за пронаоѓање излез од војната, бидејќи енергетската криза и блокадата на транспортот на нафта преку Ормускиот Теснец носат ризик од глобални економски последици.

Анализата посочува дека САД често водат поинаква војна од своите противници – потпирајќи се на технолошка надмоќ и силни воздушни удари, додека противниците се приспособуваат со асиметрични тактики, долготрајни конфликти и регионални сојузи.

Според експертите, можно е и двете страни на крајот да прогласат победа. За Вашингтон тоа би било слабеење на иранската воена и нуклеарна инфраструктура, а за Техеран – фактот дека режимот успеал да преживее директен судир со водечката светска сила.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-libraryrhfnvbj6ievfeNpGhYp

Претседателот на Египет до Трамп: „Ве молам, запрете ја војната“

Свет | пред 9 часа

media-libraryoilhi33moenp3cStO1e

Стармер: Британија нема да испрати војници во Иран

Свет | пред 9 часа

media-library7b2po1sthnnv8xXcDjJ

Рубио со жестока порака до Иран: „Ова нема да се дозволи“

Македонија | пред 9 часа

media-libraryu2851kdd8n807FhzUcJ

Иран потврди смрт на важен командант

Свет | пред 13 часа

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања