Промени тема
За нас
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...

Шилегов нуди простор за ново сеедиште за ВМРО-ДПМНЕ, за СДСМ конфискацијата на белата палата а правично

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 3 години -

Македонија
Screenshot-2022-06-08-at-15.31.37

„Пресудата за Талир 2 е потврда за епските криминали на ВМРО ДПМНЕ и победа на правдата во еден од најголемите корупциски случаи воопшто во историјата на правото во државата“, смета СДСМ.

— реклама —

Дарко Каевски, портпарол на СДСМ и пратеник вели дека ова е победа на правдата во еден од најголемите корупциски случаи на ВМРО-ДПМНЕ и воопшто во историјата на правото во државата.

— реклама —

„Со судска пресуда е докажано Белиот дворец вреден околу 7 милиони евра е незаконски, криминално стекнат, врз грбот на граѓаните, односно со пари украдени од граѓаните. ВМРО-ДППМНЕ ги крадела граѓаните, трупала имот, луксуз и пари на незаконски, криминален начин, додека граѓаните тонеа во сиромаштија и долгови. Криминалната шема за Белиод дворец е драстична, безобразна, епска. Милионски суми на пари биле злоупотребени. Деталниот урбанистички план три пати е менуван за ВМРО-ДПМНЕ добие 12.000 квадратни метри за седиштето, а на местото на станбена зграда, да никне хотел. А претходно, оваа партија „за џабал’к“ го откупила земјиштето кое било во државна сопственост. Белиот дворец како симбол на криминалот и корупцијата ќе остане запаметен засекогаш, изграден преку безобразно кршење на Законите и рушење на Уставната поставеност на партиите. Исправена е уште една неправда. По правосилноста на пресудата, Белиот дворец треба да се продаде и парите да се вратат онаму каде што припаѓаат, кај оние од коишто им е одземен а тоа е се граѓаните. Ова е правично и праведно, парите да се вратат кај граѓаните, затоа што тоа се пари на граѓаните. Освен заплена на седиштето на ВМРО-ДПМНЕ за виновни се прогласени Никола Груевски и Кирил Божиновски, генерален секретар на партијата во тоа време. Јавноста знае дека Христијан Мицкоски исто така му беше советник на Груевски а потоа и генерален секретар на ВМРО-ДПМНЕ. До ден денеска Мицкоски не само што се нема оградено од криминалот на неговиот ментор Никола Груевски, туку истиот по секоја цена го брани. Ништо не е сменето во ВМРО-ДПМНЕ, тоа е криминална партија се уште управувана од осуден криминалец, Никола Груевси. ВМРО-ДПМНЕ партија за која што е докажано дека криминално го стекнала своето седиште, од денеска веќе нема образ да зборува за ништо друго, а најмалку за економската состојба и животниот стандард на граѓаните“, кажа Каевски.

— реклама —

Ексградоначалникот на Скопје, Петре Шилегов, пак, напиша: „Издавам под закуп станбено/деловен простор. Погоден за седиште… Цена во инбокс“.

Никола Груевски е осуден на шест години затвор за предметот „Талир 2“ кој се однесува на изградбата на партиското седиште на ВМРО-ДПМНЕ. Кирил Божиновски доби условна казна која нема да се активира ако во следните пет години не направи исто кривично дело. Казните ги изрече судијката Даниела Алексовска Стојановска, која во детали ја образложуваше одлуката. Пресудата доаѓа само на ден откако обвинетите и нивните адвокати дадоа завршни зборови.

Судијката еден саат ја образложуваше одлуката која ја донесе во името на граѓаните на Македонија. Таа додаде дека противправно е обезбедено пратиското седиште на ВМРО-ДПМНЕ и имотот ширум Македонија. Ова значи дека обвинителот Љубомир Лапе, според судот, го докажал тврдењето за незаконско постапување на двајцата обвинети.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-librarylhoccodprlv47gJbFWC

СДСМ: Мицкоски денеска отиде кај Орбан за да договара враќање на Никола Груевски

Македонија | пред 7 часа

media-librarymufu1rnr502f7TjsNnE

Филипче со порака до власта: Нема право да ја држи државата во изолација

Македонија | пред 11 час

skopje-parking

СДСМ Аеродром: Селективното зонско ќе создаде хаос во Ново Лисиче

Скопје | пред 13 часа

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања