Промени тема
За нас
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...

Симона Цветановски: Протестот на работниците не е политика туку борба за достоинствен живот и праведна плата

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 2 седмици -

Македонија
media-library0du62i5md8ld4xmZREy

СДСМ изрази целосна поддршка за протестот на работниците за повисоки плати и подобри услови, оценувајќи дека тоа е борба за достоинство и праведна заработувачка. Симона Цветановски рече дека зад секоја плата стои труд и надеж за подобра иднина. Таа го обвини премиерот Мицкоски дека ги понижува работниците и го критикуваше за ставовите околу минималната плата од 600 евра. Потсети дека за време на СДСМ минималната и просечната плата значително пораснале и дека предлогот за 600 евра бил одбиен. СДСМ најави дека протестот нема да го политизира.

Текстот е автоматски генериран со помош на вештачка интелигенција

СДСМ соопшти дека целосно го поддржува протестот на работниците кои бараат повисоки плати и подобри услови за живот, оценувајќи дека нивната борба е борба за достоинство и праведна заработувачка.

— реклама —

На прес-конференција, членката на Извршниот одбор на СДСМ, Симона Цветановски, изјави дека работниците со право излегуваат на улица барајќи достоинствени плати и подобар живот, нагласувајќи дека зад секоја плата стои труд, посветеност и надеж за подобра иднина.

— реклама —

Таа го обвини премиерот Христијан Мицкоски дека ги изневерил и понижил работниците, наведувајќи дека ги нарекува „хистерични“ затоа што бараат минимална плата од 600 евра.

— реклама —

„Додека работниците бараат достоинствена плата, Мицкоски носи часовници вредни колку 150 минимални плати. Уште вели дека можеле работниците и без одмор, па следно можеби ќе каже дека можат и без да јадат“, рече Цветановски.

Таа истакна дека СДСМ и претходно работела на зголемување на платите, потсетувајќи дека минималната плата во периодот кога партијата била на власт пораснала од 8.000 на над 20.000 денари, а просечната од 22.000 на над 42.000 денари.

Според неа, партијата и сега поднела законско решение со кое се предлага минимална плата од 600 евра, но Владата го одбила предлогот.

Цветановски нагласи дека протестот на синдикатите не е политика, туку борба за достоинство, праведна плата и подобар живот за секое семејство.

„Ние нема да го злоупотребуваме вашиот протест ниту ќе го политизираме. Сите членови на СДСМ кои се и членови на синдикатите ги повикуваме да се приклучат. Ова е ваша борба, а гласот на работниците мора да се слушне“, порача таа.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-librarylhoccodprlv47gJbFWC

СДСМ: Мицкоски денеска отиде кај Орбан за да договара враќање на Никола Груевски

Македонија | пред 7 часа

media-librarymufu1rnr502f7TjsNnE

Филипче со порака до власта: Нема право да ја држи државата во изолација

Македонија | пред 11 час

skopje-parking

СДСМ Аеродром: Селективното зонско ќе создаде хаос во Ново Лисиче

Скопје | пред 13 часа

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања