Промени тема
За нас
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...

Скандал: Обезбедувач на заменик-министер од ДУИ во МВР натепал колега во Клинички

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 2 години -

Македонија
Screenshot-2024-03-04-at-15.28.27

Кривична пријава, дисциплинска постапка и времено отстранување од работа за полициски службеник – обезбедување на заменик министер кој минатата година, нападнал и физички повредил полициски службеници во кругот на Клиничкиот центар во Скопје. Станува збор за Назим Буши.

— реклама —

„Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди постапи и целосно го расчисти случајот кој минатата година беше во интерес на јавноста и за кој пишуваа медиумите.

— реклама —

Станува збор за случајот во кој полицискиот службеник С.С. вработен во Одделот за обезбедување на определени лица и објекти, распореден на работно место - обезбедување на заменик министер во МВР, во кругот на Клиничкиот центар нападна и притоа физички повреди, полициски службеници, кои вршеле спровод на лице со висок ризик со КПУ „Идризово“.

— реклама —

Имено, во гореспоменатиот случај, полицискиот службеник, со физичкиот напад се обидел да изврши попречување во вршење на работните обврски кон полициските службеници, воедно навредувајќи ги со недолични и погрдни зборови.

За посочениот полициски службеник, од страна на Министерството за внатрешни до ОЈО поднесена е кривична пријава, а Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди поднесе предлог за поведување дисциплинска постапка и воедно достави предлог за негово времето суспендирање од работното место до завршување на постапката за утврдување на дисциплинска одговорност“, вели техничкиот министер за внатрешни работи, Панче Тошковски.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-library8v0h8527to0d098gNZW

(Видео) „Претрес“ од Кочани: Каде заврши поддршката и човечноста?

Македонија | пред 5 месеци

media-librarygab73dmql4hp9Lej5v6

(Видео) Низ солзи мајката на загинатиот Андреј: Дали мораше со трубачи и лепење пари да слави Венко Крстевски по првиот круг

Македонија | пред 5 месеци

media-librarynuo60j7ue6fp1hN2yQO

(ВО ЖИВО) Димитриевски: Јас сум социјалдемократ а не вмровец, Заев е предавник

Македонија | пред 5 месеци

media-librarykn5gubiuk2m18BYIP15

(ВО ЖИВО) Димитриевски: СДСМ е трговец поединец, Платформата за црвените линии на СДСМ е кукавично јајце

Македонија | пред 5 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања