Промени тема
За нас
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...

Скандал во Пробиштип, Ристовска: Синот на Тоневски возел 185 км/ч, СДСМ бара одговор од МВР

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 6 месеци -

Македонија
media-libraryflv9d1spg6754XsDtJp

Весна Ристовска од СДСМ Пробиштип излезе со обвинувања за, како што рече, „аздисаноста на функционерите од ДПМНЕ и нивните семејства“, откако синот на кандидатот за градоначалник на Пробиштип, Тони Тоневски, бил „фатен како управува возило „ауди“ со брзина од 185 километри на час на место каде дозволената брзина е 110 километри на час“.

— реклама —

„Сведоци сме на грубо кршење на Законот и покажување сила и моќ од страна на фамилија Тоневски со години наназад“, изјави Ристовска.

— реклама —

аа потсети дека Тоневски, кој е претседател на локалниот огранок на ВМРО-ДПМНЕ и поранешен градоначалник на Пробиштип, по преземањето на власта бил назначен за директор на рудникот „Булмак 2016“ со плата од 5000 евра, при што, според неа, оставил многу семејства на раб на егзистенција поради отпуштања и намалувања на платите на рударите.

— реклама —

Ристовска додаде дека рудникот бил доведен на раб на стечај, а сопругата на Тоневски била поставена за директор на Агенцијата за пошти со плата од 3000 евра.

„Сега сведоци сме на загрозување на животите на учесниците во сообраќајот од страна на неговиот син. До кога вака?“, праша Ристовска.

Таа јавно го повика министерот за внатрешни работи Панче Тошковски да одговори дали е постапено по случајот согласно законските надлежности, дали било вршено притисок за заташкување поради кандидатурата на Тоневски, како и дали ќе биде одземено возилото и предадено на институција или градинка, „како што постојано зборува министерот“.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-librarylhoccodprlv47gJbFWC

СДСМ: Мицкоски денеска отиде кај Орбан за да договара враќање на Никола Груевски

Македонија | пред 10 часа

media-librarymufu1rnr502f7TjsNnE

Филипче со порака до власта: Нема право да ја држи државата во изолација

Македонија | пред 14 часа

skopje-parking

СДСМ Аеродром: Селективното зонско ќе создаде хаос во Ново Лисиче

Скопје | пред 16 часа

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања