Промени тема
За нас
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...

Скопјани го дишат најзагадениот воздух во Европа, а власта нема пари за здравје – има за криминални тендери, велат од СДСМ

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 3 месеци -

Свет
zagadeno-skopje-5

Граѓаните на Скопје секојдневно го дишат еден од најзагадените воздухопловни коктели во Европа, изложувајќи се на сериозни здравствени ризици. Децата, младите, хронично болните и повозрасните се најпогодени, но за власта тоа очигледно не претставува приоритет, реагира Социјалдемократски сојуз на Македонија.

— реклама —

Иако Скопје е втор најзагаден град во Европа, Владата не презема системски мерки ниту вложува во политики за чист воздух обвинува опозицијата. Според СДСМ, оправдувањето дека „нема пари“ не држи, бидејќи средства очигледно има – но само за наместени и криминални тендери.

— реклама —

Антикорупцискиот тим (АКТ) на СДСМ, како што велат од партијата, разоткрил корупциски механизам преку кој милиони евра од буџетот завршуваат кај фирми блиски до власта. Во еден случај, една фирма добила дури 161 тендер, додека друга фирма, со само двајца вработени, инкасирала девет милиони евра за една година.

— реклама —

„Ова се приоритетите на власта на ВМРО-ДПМНЕ – корупција и грабеж, наместо здравје и живот на скопјани“, наведуваат од СДСМ.

Корупцијата, според партијата, навлегла во секој сегмент на општеството, а последиците се директно опасни по здравјето на граѓаните. Наместо инвестиции во заштита на животната средина и јавното здравје, државните пари се трошат за криминални шеми и партиски блиски бизниси.

„Мора да се стави крај на криминалот и корупцијата. Грабежот мора да престане, а јавните средства да се насочат кон граѓаните и нивните реални потреби“, порачуваат од СДСМ.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-librarylhoccodprlv47gJbFWC

СДСМ: Мицкоски денеска отиде кај Орбан за да договара враќање на Никола Груевски

Македонија | пред 12 часа

media-librarymufu1rnr502f7TjsNnE

Филипче со порака до власта: Нема право да ја држи државата во изолација

Македонија | пред 16 часа

skopje-parking

СДСМ Аеродром: Селективното зонско ќе создаде хаос во Ново Лисиче

Скопје | пред 18 часа

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања