Промени тема
Контакт
„Претрес“ на Најчевска: За „глупите“ и „психопатите“, Шарената револуција, политиката, неуспесите
„Претрес“ на Најчевска: За „глупите“ и „психопатите“, Шарената револуција, политиката, неуспесите

Сомнежи во Техеран: Кој навистина ја води државата по новата порака на Хамнеи?

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 месец -

Свет
media-library09vpv6t0cvspdoLnTnE

Новата порака на иранскиот врховен лидер Мојтаба Хамнеи отвори сериозни дилеми за тоа кој навистина ја контролира власта во Иран, анализира Си-Ен-Ен.

Станува збор за втора јавна изјава откако ја презеде функцијата, но како и претходно – без видео или аудио доказ дека лично стои зад пораката. Објавен е само писмен текст, без јавен настап или директно обраќање.

— реклама —

Отсуството на каква било визуелна потврда дополнително ги засилува сомнежите за неговата здравствена состојба или способност да управува со државата. Според анализата, ваквата ситуација веќе тешко може да се објасни исклучиво со безбедносни причини.

Ова отвора можност за вакуум на врвот на власта, во кој одлуките би можеле да ги носат тврдокорни структури во системот, обидувајќи се да демонстрираат сила во услови на воен и политички притисок.

— реклама —

Во пораката, Хамнеи ги отфрла обвинувањата дека Иран стои зад напади во Турција и Оман, обвинувајќи го Израел за „лажни операции“. Воедно тврди дека анонимно се движел низ Техеран со такси за да ги слушне проблемите на граѓаните, особено во економијата, и повика медиумите да го следат незадоволството во општеството.

Сепак, клучното прашање останува отворено: дали Хамнеи навистина управува со државата или одлуките се носат зад затворени врати од други центри на моќ.

Дополнителна тежина на овие сомнежи дава и изјавата на израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху, кој неодамна изјави дека не е јасно кој ја води Иран.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-libraryeor02ilnqm4mbKZ17OP

(Видео) Иран заплени три товарни бродa во Ормутскиот теснец, меѓу екипажот и двајца хрватски државјани

Свет | пред 2 часа

— реклама —
media-libraryfr3jcfd14t0e6D9BLDC

Иран ги обвинува САД и Израел за последиците од војната

Свет | пред 3 часа

media-libraryit4682i4548j11F1nU1

„Имам добри вести“ – Трамп најави помилување на демонстрантки во Иран

Свет | пред 15 часа

lopta-fudbal

Иран сепак ќе настапи на Светското првенство во САД

Спорт | пред 16 часа

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања