Промени тема
За нас
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...

Сопругата на Андреј од ДНК: Никој не треба да живее во мислата дека некој можел да биде спасен, а не бил

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 месеци -

Македонија
media-library8quf6uusf5bh4Hhr0yp

Наталија Ѓорѓиеска, сопругата на пејачот Андреј Ѓорѓиески од дуото ДНК, кој трагично го загуби животот во пожарот во кочанското кабаре „Пулс“, денеска на маршот за правда во Скопје упати силен апел до пратениците и институциите — да помогнат во целосно и независно расветлување на трагедијата.

— реклама —

Во емотивен говор пред Собранието на Република Македонија, Ѓорѓиеска побара надзорна расправа и формирање анкетна комисија што ќе го испита секој чекор на институциите, од локално до државно ниво.

— реклама —

„Бараме да се утврди зошто институциите задоцнија. Никој не треба да живее со мислата дека некој можел да биде спасен, а не бил. Никое семејство не треба да ја носи болката која е последица на пропуст, негрижа или недејствување,“ рече Ѓорѓиеска.

— реклама —

Таа истакна дека истрагата што досега се водела е нецелосна и недоречена, со бројни неразјаснети прашања и сомнежи.

„Имаме право на вистина. Истражувањето што се водеше остана нецелосно, со многу отворени прашања и без одговори. Ние, семејствата, останавме со сомнеж дека вистината овојпат е сокриена,“ нагласи таа.

Ѓорѓиеска потсети дека трагедијата во „Пулс“ не е само човечка загуба, туку и навреда на најосновните човекови права – правото на живот, на безбедност и на навремено постапување на институциите при опасност.

„Анкетната комисија е неопходна за да се провери како постапувале сите институции, да се утврди политичка и службена одговорност и да се подготват мерки што ќе гарантираат дека ваква трагедија никогаш повеќе нема да се повтори,“ заврши Ѓорѓиеска, додека толпата на плоштадот ѝ оддаде поддршка со долготраен аплауз.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-libraryfgj2o9rdavjg8Sog3xC

Сардинија под лупа: откриена генетска варијанта што ја кочи маларијата

Свет | пред 1 седмица

media-libraryogs6k4gah4q33pmblaF

Елена Ристеска: Простете ни што не се изборивме на време да промениме еден систем и дозволивме да нѐ уништи сите

Македонија | пред 2 седмици

media-library7sjrd585i5qj8dRVD0i

(Видео) Сара Јо со солзи на сцената во Скопје му посвети песна на Панчо

Македонија | пред 3 месеци

media-librarysbp1udm44kgf7Lk9IT1

Гитаристот на ДНК со силна порака до неговите колеги – убаво што ги пеете песните на ДНК, но каде бевте на Маршот?

Македонија | пред 4 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања