Промени тема
За нас
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...

ДНК

media-libraryfgj2o9rdavjg8Sog3xC

Сардинија под лупа: откриена генетска варијанта што ја кочи маларијата

Група истражувачи објавија дека кај дел од населението на Сардинија е пронајдена генетска варијанта што може да го спречи развојот на паразитот кој ја предизвикува маларијата, отворајќи нови насоки за идни терапии засновани на човечката генетика и еволуција.Според резултатите од студијата, работата е спроведена во соработка меѓу Институтот за генетика и биомедицински истражувања при Националниот истражувачки совет во Каљари и Универзитетот во Сасари. Анализирани биле примероци од ДНК на околу 7.000 волонтери, во рамки на голема популациска истражувачка програма.Научниците наведуваат дека откриената варијанта е поврзана со начинот на кој се развиваат црвените крвни зрнца – клетките во кои паразитот на маларијата го поминува клучниот дел од својот животен циклус. Истражувањето сугерира дека кај луѓето кои ја носат оваа варијанта се создава поголем број еритроцити со специфични карактеристики, што на паразитот му го отежнува размножувањето.Лабораториските тестирања, како што се наведува, покажале дека кога клетките од лица со оваа генетска варијанта биле инфицирани во контролирани услови, паразитот не успевал да се размножи и на крајот изумирал.Посебно значајно е и тврдењето дека оваа варијанта е релативно честа на Сардинија, а не е присутна во многу региони во светот каде маларијата сè уште е широко распространета. Истражувачите тоа го толкуваат како можен траг дека варијантата се развила по миграцијата на современиот човек од Африка – како еволутивен „штит“ во средини каде што болеста некогаш претставувала сериозна закана.Иако резултатите се охрабрувачки, научната заедница традиционално нагласува дека ваквите откритија најнапред треба да се потврдат со дополнителни анализи и независни студии, а потоа да се преведат во безбедни и ефикасни клинички пристапи. Сепак, наодите ја поттикнуваат идејата дека идните третмани против маларија би можеле да се потпрат не само на лекови насочени кон паразитот, туку и на механизмите што природно ги „вградува“ човечката биологија.

Свет | пред 1 седмица

media-library6mqjsmo02e0vcIwt840

(Видео) „Луѓе како Андреј остануваат во песните, во сеќавањата и во љубовта што ја оставиле зад себе“ - емоции и спомени на годишнината од трагедијата во „Пулс“

Со солзи, тишина и длабока болка, денеска во Центарот за култура „Бели мугри“ се одржа комеморативниот настан „Ден на сеќавање – 16 март 2025“, со кој беше одбележана првата годишнина од страшната трагедија во т.н. кабаре „Пулс“.На комеморацијата беше споменат Андреј од ДНК, кој со својата љубов кон музиката, животот и луѓето околу себе остави спомени што засекогаш ќе живеат меѓу неговите најблиски и пријатели.„Во целиот тој ритам постоеше нешто што за него беше светло. Неговата Јана. Таа беше неговата светла точка, неговиот мир и неговата најчеста радост. Со неа знаеше да го заборави целиот свет, да слушаат музика, да гледаат цртани, како двајца најдобри другари. Андреа често знаеше да каже една реченица што остана со сите нас: „На животот мора да се пркоси“. И токму така живееше. Храбро, со срце и со љубов кон луѓето, музиката и животот. Некои луѓе си заминуваат тивко, но луѓе како Андреа остануваат во песните, во сеќавањата и во љубовта што ја оставиле зад себе“.

Македонија | пред 2 седмици

media-libraryina1o7bu5vr020M0riO

Таткото на Филип од ДНК: Времето поминува, но тагата и љубовта кон Филип остануваат исти: длабоки и вечни

Маријан Стевановски, таткото на Филип Стевановски, шефот на бендот на „ДНК“ од Штип, кој загина пред точно една година, на 16 март 2025 година, во пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани се огласи на социјалните мрежи со емотивна објава.Денес се навршува една година од трагедијата што се случи во т.н. дискотека „Пулс“ Кочани, во која го загубивме нашиот сакан син Филип Стевановски. Кога го пишувам овој текст за објавување си спомнувам за 15.03.2025 година во 20 и 15 часот, се слушнавме за последен пат. Филип беше пред тргнување во Кочани.Една година болка, тишина и празнина што ништо не може да ја надополни. Времето поминува, но тагата и љубовта кон Филип остануваат исти: длабоки и вечни. Една година без неговата насмевка, без неговиот глас, без неговата прегратка, без него... Времето минува, но болката во нашите души и празнината во нашите срца секојдневно се зголемува. Живееме со спомените на неговата добрина, на неговата искреност, на неговата екстовертност, на љубовта која несебично ја споделуваше околу себе; живееме со спомените за него...Филип беше нашата радост, нашата гордост и светлина во животот. Големиот Сенека рекол: „не плачеме заради тоа што некој умрел, туку затоа што го изгубивме оној што го сакавме“. Ние Филип го сакавме премногу и затоа загубата е преголема.Ниту еден момент од животот не поминува без да помислиме на него. Го чуваме во мислите, во спомените, во нашите срца и во љубовта насочена кон него; го чуваме во нас. Филип, ќе ни недостигаш засекогаш. Те сакаме бескрајно и ќе те носиме во нашите срца додека постоиме. Твојата мелодија, твоите дела ќе продолжат да одекнуваат низ вечноста. Ни недостигаш повеќе отколку што зборовите можат да искажат.Почивај во мир, наше дете, ангел наш, те сакаме и ќе те сакаме засекогаш“, стои во објавата.

Коментари | пред 2 седмици

media-libraryogs6k4gah4q33pmblaF

Елена Ристеска: Простете ни што не се изборивме на време да промениме еден систем и дозволивме да нѐ уништи сите

Нашата позната пејачка Елена Ристеска со емотивни зборови по повод годишнината од трагедијата во кочанската дискотека во која ги изгуби драгите колеги и пријатели...„Година дена после најголемата трагедија во Македонија и сѐ уште не научив како да живеам со овие длабоки лузни, со остра болка во градите и со оваа вечна тага?Сите починати дечиња, сите повредени и живи а со уништени животи, ахх Панчо, Сара, Андреј, Филип, Александар, Жути простете ни на сите што на време не се изборивме да промениме еден систем и дозволивме да нѐ згази и уништи сите: вас како жртви, нас како сведоци. Почивајте во мир! “, напиша Елена.

Македонија | пред 2 седмици

media-libraryh9n9fb8t2felbb8Ae0d

(Фото) „Никогаш нема да ги заборавам луѓето кои биле покрај мене кога ми беше најтешко“, гитаристот на ДНК се сретна со докторите кои му го спасија животот

Горан Тонев, гитаристот на ДНК и еден од преживеаните на трагичниот пожар во дискотеката Пулс на 16 март 2025 година, објави фотографии со докторите и медицинскиот персонал од болницата Папаниколау во Солун, кои се грижеле за него по несреќата.„Никогаш нема да ги заборавам луѓето кои биле покрај мене кога ми беше најтешко. Денес повторно се сретнав со дел од прекрасниот персонал од болницата, кој покрај моето семејство, ми даде огромна поддршка во процесот на закрепнување. Мојата благодарност кон нив е бескрајна“, напиша Тонев.

Македонија | пред 2 седмици

media-libraryjho9emmio6og7LAH363

„Најдолгата година“ – сопругата на Андреј од ДНК сподели фотографија на годишнината од трагедијата во Пулс

Денес се одбележува годишнината од трагедијата во дискотеката Пулс, во која загинаа 63 лица.Сопругата на Андреј од ДНК објави фотографија од нив двајца на која напиша:„Најдолгата година“.Андреј Ѓорѓиески, познат како Андреј од ДНК, го жртвуваше својот живот за да спаси други деца кои беа на нивниот настап во дискотеката, кога се случи трагичниот пожар..Зад себе, Андреј ги остави сопругата Наталија, со која скоро 10 години беше во брак, и ќеркичката Јана, родена на 29 ноември 2015 година.

Македонија | пред 2 седмици

media-libraryqt2999uslnvg27dRdCY

Гаши на комеморативната седница за Кочани: Песната на ДНК „Ако утре ме нема“, која до таа ноќ беше само рефрен, денес добива поинакво значење

Комеморативната седница за годишнината од трагичниот настан во дискотеката „Пулс“ во Собранието започна со минута молк.На почетокот на седницата се обрати претседателот на собранието Африм Гаши.Некои ноќи завршуваат рутински, некои ноќи завршуваат оставајќи спомени, но има и такви што никогаш не завршуваат. Постојат утра што будат надеж и раѓаат нова сила, но има и мрачни утра што ја гасат надежта и предизвикуваат само болка. Такво утро беше 16 март минатата година кога осамна по трагичната ноќ во Кочани. Ноќ што започна со забава, со млади што славеа, со пријателства и насмевки, а заврши со плач со рани и болка што длабоко продре во срцето на целата држава. Таа ноќ Кочани и Македонија не ги изгубија само своите синови и ќерки, туку изгубија и дел од својата иднина. Еден неповратен дел од нашата душа таа ноќ изгоре во Кочани. Таа ноќ, заедно со животите на 63 млади луѓе, со себе ги однесе и соништата и плановите кои штотуку почнаа да се градат. Приказните што штотуку почнаа да се пишуваат, и утрешнината на многу семејства во нашата земја. Денес стојам пред вас, со длабоко чувство на тага и тежок товар на одговорност, затоа што да се зборува за трагедијата како што е оваа, можеби е една од најтешките задачи што можат да и припаднат на една институција или на едно лице. Дури и по една година, тешко е да се изберат зборови, но уште потешко е да се изговорат, постојат моменти кога и да ги изберете зборовите, внимателно, тие секогаш изгледаат недоволни за да го изразат она што човекот го чувствува и што го преживува. Таква е и оваа обврска за мене. Иако јавниот збор е должност, тој никогаш не бил толку тежок. Особено кога си свесен дека во ваков случај ниедна реченица не е доволна за да ја исполни празнината и за да ја ублажи болката што оваа трагедија ја остави кај семејствата и во совеста на ова општество“, изјави Гаши.Гаши изрази огромна благодарност кон сите кои помогнале и додаде дека таа помош нема да биде заборавена.Според претседателот на Собранието, правда мора да има бидејќи таа може да донесе мал спокој за семејствата и општеството. Гаши ги охрабри институциите да дејствуваат правилно за да се дојде до правдата.Меѓу оние кои ги загубивме имаше уметници кои со години ја осветлуваа сцената, имаше фудбалски ѕвезди кои постепено се издигнуваа, и којзнае колку професионалци од разни области кои требаше да не направат горди. Песната на групата ДНК „Ако утре ме нема“, која до таа ноќ беше само рефрен, денес добива поинакво значење за секој што ја слуша, затоа што за некои од оние коишто пееа, утрешниот ден никогаш повеќе не дојде, додека за другите утрето дојде но без оние кои ја пееа“, изјави Гаши.Гаши се обрати и до родителите на загинатите.Вашата болка е болка на целото наше општество, но и споменот на вашите најмили е дел од нас и од нашата колективна свест. Сакам моето обраќање да го завршам со истите зборови кои ги напишав во книгата на жалост, оваа трагедија е последниот аларм за сите политички и општествени чинители, да се вратиме кон самите себе, кон нашата човечност и конечно да се издигнеме како феникс за повторно да ја изградиме оваа држава од почеток, но овој пат врз основа на правда, чесност, чиста совест и искреност. Трагедијата од Кочани нека биде последна трагедија во нашата земја, но и наш водич кон праведна држава со владеење на правото. Нека е вечен нивниот спомен“, изјави Гаши.

Македонија | пред 2 седмици

media-libraryda196ujduqq140xGZ3s

„Сто пати си кажавме колку се сакаме како да знаевме дека е последно“, Ана се потсети на последниот настап со ДНК пред Кочани

Се ближи 16 март, кобниот датум кога ќе се наврши една година од страшната трагедија во кочанското кабаре „Пулс“, во која животот го загубија 63 лица.Придружниот вокал на „ДНК“, Ана Костадиновска, на социјалните мрежи сподели фотографии од настап во еден скопски клуб, само една недела пред трагедијата во Кочани.Паметам како вчера да беше… секоја песна, секоја емоција. Сто пати си кажавме колку се сакаме, скокавме, се забавувавме, се гушкавме, како да знаевме дека е последно… Бескрајно многу ми недостасувате“, напиша таа.

Магазин | пред 2 седмици

media-library8nr7cnl9uota8ZDABSu

Панчо беше „моторот“ на групата и договараше настапи, подоцна увидов дека пиротехниката е на ДНК, вели нивниот пи-ар

Естрадниот новинар Васко Спасовски, кој работел како пи-ар и букинг менаџер на групата ДНК, сведочеше дека немал врска со организацијата на настапот во дискотеката „Пулс“ во Кочани. Тој посочи дека со газдата Дејан Јованов-Деко и неговиот син Михајло, договарал настапи на други изведувачи како што е Влатко Лозановски.Тој појасни дека неговата работа била да договори цена, датум и локација за настап, додека организацијата на самиот настан била обврска на организаторот.Според неговото сведочење, пејачот Панчо најчесто ги договарал настапите на бендот и бил „моторот“ на групата.Спасовски рече дека за трагедијата дознал рано наутро од објава на интернет, по што веднаш се упатил кон Кочани за да ги бара членовите на бендот.Во врска со пиротехниката, тој изјави дека првично мислел дека ја обезбедува организаторот, но подоцна увидел дека ДНК користеле пиротехника и на други настапи.Тој додаде дека претпоставува оти за активирањето на прскалките бил задолжен Мартин Атанасовски Буцо, кој претходно имал технички задачи во бендот.

Македонија | пред 3 седмици

media-library7sjrd585i5qj8dRVD0i

(Видео) Сара Јо со солзи на сцената во Скопје му посвети песна на Панчо

Српската поп-пејачка Сара Јо синоќа, на 20 декември, настапи во еден од најпознатите скопски клубови, каде што концертот доби неочекувана и длабоко емотивна димензија. Наместо исклучиво музичко уживање, присутните беа сведоци на трогателен момент кој силно ја одбележа вечерта.За време на настапот, Сара Јо им соопшти на присутните дека ќе изведе песна посветена на својот близок пријател Панчо од групата ДНК. Станува збор за нумерата „Ако утре ме нема“, песна која, како што истакна, за неа има посебна емотивна тежина.По првите стихови од песната, Сара Јо видливо се расплака.Инаку, уште пред концертот, Сара Јо преку социјалните мрежи најави дека настапот во Скопје ќе биде посветен на Панчо, споделувајќи и видео од проба на кое ја изведува истата песна со силни емоции.

Македонија | пред 3 месеци

media-librarysbp1udm44kgf7Lk9IT1

Гитаристот на ДНК со силна порака до неговите колеги – убаво што ги пеете песните на ДНК, но каде бевте на Маршот?

Скопје минатиот викенд повторно го почувствува товарот на тагата и спомените, кога стотици граѓани се собраа на „Маршот на ангелите“, оддавајќи почит на младите животи згаснати во пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани.Меѓу оние што чекореа беше и Горан Тонев, гитарист на групата ДНК и еден од преживеаните од трагичната ноќ што засекогаш го одбележа неговиот живот. По завршувањето на маршот, тој се обрати преку Instagram со кратка, но силна порака што брзо се прошири меѓу музичарите и јавноста.„Колеги, убаво што ги пеете песните на ДНК. А кај бевте на Маршот?“, напиша Тонев, ставајќи го акцентот на важноста од солидарност и вистинска поддршка, не само преку музика и статуси, туку и преку присуство кога тоа навистина значи.Маршот мина во тивка атмосфера полна со емоции. Семејства, пријатели и жители чекореа заедно, обединети во спомен на младите животи што трагично згаснаа и во надеж дека нивната приказна нема да избледи.Во меѓувреме, судскиот процес за случајот „Пулс“ ќе започне на 19 ноември, кога е закажано и првото рочиште.

Македонија | пред 4 месеци

media-library8quf6uusf5bh4Hhr0yp

Сопругата на Андреј од ДНК: Никој не треба да живее во мислата дека некој можел да биде спасен, а не бил

Наталија Ѓорѓиеска, сопругата на пејачот Андреј Ѓорѓиески од дуото ДНК, кој трагично го загуби животот во пожарот во кочанското кабаре „Пулс“, денеска на маршот за правда во Скопје упати силен апел до пратениците и институциите — да помогнат во целосно и независно расветлување на трагедијата.Во емотивен говор пред Собранието на Република Македонија, Ѓорѓиеска побара надзорна расправа и формирање анкетна комисија што ќе го испита секој чекор на институциите, од локално до државно ниво.„Бараме да се утврди зошто институциите задоцнија. Никој не треба да живее со мислата дека некој можел да биде спасен, а не бил. Никое семејство не треба да ја носи болката која е последица на пропуст, негрижа или недејствување,“ рече Ѓорѓиеска.Таа истакна дека истрагата што досега се водела е нецелосна и недоречена, со бројни неразјаснети прашања и сомнежи.„Имаме право на вистина. Истражувањето што се водеше остана нецелосно, со многу отворени прашања и без одговори. Ние, семејствата, останавме со сомнеж дека вистината овојпат е сокриена,“ нагласи таа.Ѓорѓиеска потсети дека трагедијата во „Пулс“ не е само човечка загуба, туку и навреда на најосновните човекови права – правото на живот, на безбедност и на навремено постапување на институциите при опасност.„Анкетната комисија е неопходна за да се провери како постапувале сите институции, да се утврди политичка и службена одговорност и да се подготват мерки што ќе гарантираат дека ваква трагедија никогаш повеќе нема да се повтори,“ заврши Ѓорѓиеска, додека толпата на плоштадот ѝ оддаде поддршка со долготраен аплауз.

Македонија | пред 4 месеци

media-libraryuujqe82jhi3gdWIKOJl

Молитвен чин за Панчо, ќе биде погребан утре на гробиштата Бутел

Погребот на Владимир Блажев – Панчо, членот на групата ДНК кој почина по седум месеци лекување во „Систина“ по пожарот во кочанската дискотека „Пулс“, ќе се одржи утре (16 октомври) на гробиштата во Бутел, со почеток во 13:30 часот.Телото ќе биде изложено во црквата „Св. Илија“ во Аеродром, каде во 9 часот ќе започне Заупокоена литургија. Граѓаните ќе можат да изразат сочувство од 10 до 12 часот, а опелото ќе започне во 12 часот.Панчо беше еден од основачите и фронтмен на популарното дуо ДНК, кое остави силен белег на македонската музичка сцена со хитовите „Пешки го поминав светот“, „Говори ми нешто за љубовта“ и други. По трагичниот пожар во дискотеката „Пулс“, во кој загинаа 64 лица, а над 200 беа повредени, Панчо седум месеци се лекуваше од тешките изгореници, но за жал, не ја извојува битката за живот. Неговата смрт ја потресе јавноста и музичката сцена во земјава.

Скопје | пред 5 месеци

media-library9j52rviudi4me4VUKg9

“За ДНК приоритет беа децата, имавме чест да ги познаваме и да соработуваме“: ОУ „Љубен Лапе“ објави порака за збогум

За ДНК приоритет беа децата, пишува во објавата на основното училиште „Љубен Лапе“ каде учел Панчо.- Како колектив изразуваме длабоко жалење за веста која со неверување ја примивме денес - нашиот поранешен ученик Владимир Блажев - Панчо од дуото ДНК почина, скоро седум месеци по трагедијата во Кочани, каде што се здоби со сериозни изгореници и повреди.Овој пост му го посветуваме нему, а преку него освен длабоко жалење сакаме да ја изразиме и нашата благодарност и чест што ги познававме и што имавме чест да соработуваме со членовите на бендот ДНК - прекрасни хумани луѓе кои секогаш несебично учествуваа во сé што значеше да се помогне некому, а за нив секогаш приоритет беа децата. ВЕЧНА ИМ СЛАВА, се наведува во пораката.

Македонија | пред 5 месеци

media-librarymcub43b2j5epeds7GEI

„Ѕвездено небо во чест на Панчо“, вечерва граѓаните во Штип ќе му оддадат почит

Штип вечерва, во чест на Владимир Блажев Панчо ќе го подигне погледот кон небото. Во објавата на организаторите на настанот „Ѕвездено небо“ се повикуваат граѓаните да оддадат почит на човекот што „светеше меѓу нас“ – Панчо кој беше повреден во трагичниот пожар и за жал ја загуби битката за живот.Во негова чест, граѓаните ќе се соберат во 20:00 часот на Градскиот плоштад под мотото „Ѕвездено небо во чест на Панчо“, симбол на светлината што ја остава зад себе.Организаторите повикуваат сите што го познаваа, но и сите што сакаат да изразат поддршка и сочувство, да го споделат повикот и да присуствуваат.„Небото да блеска како што Панчо блескаше со сите нас,“ се вели во објавата што брзо се шири на социјалните мрежи.

Македонија | пред 5 месеци

media-libraryab6g4lf15qj1ffd7JA0

Се огласи сопругата на Панчо: „Ме скрши на милион делови…“

Болката по смртта на Владимир Блажев – Панчо од „ДНК“ не стивнува. Сега сo емотивна порака од него се прости и неговата сопруга Маја.„Не се договоривме вака, душо моја, љубов моја, живот мој. Ме скрши на милион делови“, напиша Маја на својот фејсбук-профил. Панчо и Маја се венчаа на 2 октомври 2013 година во Скопје. Својата љубов ја запечатија на необичен и симболичен начин – наместо класични бурми, двајцата истетовираа прстени на рацете, заколнувајќи се на вечна верност.

Македонија | пред 5 месеци

media-libraryfegui34lqg04aYFOOfY

Потресна исповед на Елена Ристеска за Панчо: Ме скрши на милион парчиња, како да се радувам јас кога те нема?

Поп-пејачката Елена Ристеска со силни емоции се прости од својот долгогодишен пријател и колега Владимир Блажев – Панчо од групата ДНК, кој почина по неколкумесечна битка со тешките повреди здобиени во пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани.„Ах, бре Пане, ме скрши на милион парчиња! Не стигнав да ти кажам колку те сакам, а си замина! Останаа недоречени многу работи. Не знаев дека вака ќе боли – како за роден брат. Ми беше брат кој никогаш го немав,“ напиша Ристеска во својата објава на социјалните мрежи.Таа со потресни зборови се присети на нивното пријателство и заедничките моменти:„Со кого сега да се смеам, кога нашите шали само ние си ги разбиравме? Со кого да седам на клупи во маало и да си зборувам со саати? Од правење друштво во диско дур пушташ музика, до одење на литургија заедно. Спотови, дуети, турнеи, концерти… Се прејадувавме со бајадери додека се возевме. Се лутевме еден на друг како вистински брат и сестра.“Ристеска откри и дека токму пред трагедијата разговарале за нов заеднички дует со ДНК, кој, за жал, останал незавршен:„Со жар и возбуда ми ја пушташе секоја нова песна, последно ми пушташе идеи за наш дует со ДНК кој никогаш не го снимивме.“„Со кого сега да споделувам нешто што го имав само со тебе? Ах, бате мој, како да се радувам јас кога те нема? До следно видување, таму горе, каде нема неправди и болка,“ завршува нејзината објава.

Македонија | пред 5 месеци

media-library8ssutmmqeqkf5Ny0EVx

„Ме скрши Пане мој, засекогаш ќе те сакам“, и Ана, придружниот вокал на ДНК се прости со Панчо

Придружниот вокал на ДНК, пејачката Ана Костадиновска која ја преживеа трагедијата во „Пулс“ се збогува со Панчо, а во објавата на ФБ напиша:Ме скрши Пане мој, засекогаш ќе те сакам

Македонија | пред 5 месеци

media-library3m3ofisbc5od3QakovO

”Не беше овој свет за тебе, не е ова место за луѓе со премногу љубов, добрина и талент”, Тамара и Каролина се збогуваа од Панчо

Не беше овој свет за тебе, не е ова место за луѓе со премногу љубов, добрина и талент, напиша Тамара по објавата за смртта на Панчо.Ти од сѐ ова имаше во неизмерни количини и сакам да верувам дека одиш на подобро место.Многу дружби, спомени, концерти, снимања...Многу смеење, музика и емоции...Горда сум што имав брат како тебе, другар за цел живот, колега кој знаеше да ме критикува, пофали советува...Патувај мирно Џуџе.Секогаш ќе те сакам, напиша Тамара на Инстаграм.Меѓу бројните личности кои се збогуваат од Панчо е и Каролина Гочева.„Пане мој, другар и брат, срце планина, неизмерно ќе ми фалиш и секогаш ќе те сакам…“

Македонија | пред 5 месеци

media-librarysgn2hvqn088a83jiXej

„Душата ми е распарчена стари, мислев нема да се дадеш“, шок и тага по смртта на Панчо

Панчо беше симбол на урбаната музика и еден од најхаризматичните артисти на домашната сцена. Неговата енергија, искреност и љубов кон публиката ја оставија групата ДНК како едно од најпопуларните имиња на новата генерација македонски изведувачи.Во јавноста се споделуваат бројни пораки на сочувство од пријатели, колеги и познати јавни личности кои се простуваат од него.Социјалните мрежи се преплавени со фотографии и спомени од настапите и приватните моменти со Панчо.Коментираат: „Уште една голема душа ја напушти македонската сцена“.Смртта на Владимир Блажев – Панчо означува уште една длабока рана во најтешката трагедија што ја погоди Македонија во последната деценија.

Македонија | пред 5 месеци

media-library8nr7cnl9uota8ZDABSu

Почина Панчо од ДНК, тој е 63 директна жртва од пожарот во „Пулс“

По речиси седум месеци во болница, почина Владимир Блажев-Панчо од ДНК. Тој изминатиот период го помина на лекување во „Систина“ каде се бореа со повредите со кои се здоби откако се случи пожарот во дискотеката „Пулс“ каде загинаа 62 лица, меѓу кои и осум членови на бендот ДНК.Познато беше дека Панчо имал тешки изгореници на рацете и главата, но и влошена психичка состојба со која се борел заедно со еминентни докторски имиња. И покрај напорите, тој не успеал да се спаси. Официјални информации за тоа како се влошила здравствената состојба засега нема.Панчо е деветтиот член на ДНК кој го изгуби животот. Тој е 63 жртва на страотниот пожар. Животот го загубија и пејачот на бендот, Андреј Ѓорѓиески, придружниот вокал Сара Пројковска, која беше и професорка на Факултетот за музичка уметност, тапанарот на бендот, Ѓорѓи Ѓорѓиев, клавијатуристот Филип Стевановски, гитаристот Александар Коларов, официјалниот фотограф на групата, Александар Ефремов, тонецот на групата ДНК, Игор Велков и битбоксерот Мартин Атанасовски Буцо.Последно, за него беше покрената постапка од Обвинителството која беше ставена во мирување поради неговото болничко лекување. Со сомничеа дека ги внел пиротехничките средства во дискотеката.

Македонија | пред 5 месеци

dnk3

Преживеаниот гитарист на ДНК: Не требаше да биде вака колеги мои

Горан Тонев, гитаристот на ДНК објави тажно сеќавање.„Поминаа 6 месеци од ноќта која што на сите ни ги промени животите...Уживавме да ја делиме сцената, насмеани и ведри како и секој наш настап, но таа вечер имаше посебна енергија како да чувствувавме дека е за последен пат.Не требаше да биде вака колеги мои... Засекогаш ќе ве носам во моето срце! Почивајте во мир“, напиша Горан.Toj беше повреден во несреќата и два месеца се лекуваше во болница во Солун...Со неговото стори на инстаграм сподели дел од заедничките моменти со бендот во кој свиреше.

Македонија | пред 6 месеци

dnk-andrej

(Фото) Пријател на Андреј од ДНК: Фалиш, болиш, немам солзи да те исплачам, нема сила да издржам

Антонио Наумоски, близок пријател на Андреј од ДНК, е скршен од болка по трагедијата во Кочани. Ги истетовира стиховите од хитот на бендот, во кои стои „Ако утре ме нема еј, немој да ме жалите“ и датумот на трагедијата 16.03.2025 година.„Брате мој.. Ова е само еден почеток на многу работи што следуваат… ќе дадам се од себе да го продолжам твојот пат што те правеше најсреќен а тоа е хуманоста! Нема да застанам!!! Болиш! Фалиш! Немам солзи да те исплачам! Немам сила да издржам! Те сакам брате мој Андреј“, стои во објавата.Тој најави и хуманитарен настан.„Сакам да ви го најавам хуманитарниот настан на 26ти Април во @break_time.skopje со почеток од 12:00 до 21:00.1. Со секоја купена маичка донирате 500 денари за настраданите.2. Забрането е секакво давање на пари на поединци!3. Ќе има кутија на самиот настан и ќе го запазите редот односно прво донирате 500денари во кутија па добивате маичка.4. Секој оној кој сака да донира дополнително пари за маички може да го направи истото до 06 Април. (Ќе си добие сметка од фирмата за уплата на маици)5. На самиот настан ќе имаме и дел од повредените од Кочани како специјални гости.6. Сите собрани средства ќе бидат предадени на @supportkocani7. По завршување на настанот секоја фирма ќе потполни изјава за собраните средства и дополнително и транспарентно ќе се објави.8. Сакам да изразам голема благодарност до сите фирми кои ми помогнаа.9. Сакам да изразам и посебна благодарност до неговата сопруга што го поддржа овој настан.10. Поради големата заинтересираност до моментов има нарачано 800маици“, стои во објавата.

Македонија | пред 11 месец

466094181_10226166904146125_8391546246909387595_n-780x470-428713

Преживеаната Ана од ДНК: Си замина дел од моето второ семејство, заедно со нив и душава моја

Владимир Блажев - Панчо, придружниот вокал Ана Костадиновска и гитаристот Горан Тонев, се единствените тројца од ДНК кои се спасија кобната ноќ кога изби пожар во дискотеката Пулс во Кочани, каде за жал загинаа 59 лица, меѓу кои и членови на бендот.Придружниот вокал и професорка по музика, Ана Костадиновска, се збогуваше со своите колеги од групата „ДНК“, кои трагично го загубија животот во катастрофалниот пожар што ја зафати дискотеката „Пулс“ во Кочани.Таа се огласи за прв пат по трагедијата, денеска кога треба да ги испрати своите пријатели и соработници во вечниот дом.-Си замина дел од моето второ семејство. Заедно со нив и душава моја. Остана само пепел и празнина… а, кој би рекол дека празнината може толку да боли, напиша Ана.За својата другарка и колешка Сара Пројковска напиша: – Љубовче мое, даденце мое, ангелу мој, душо на мојата душа, ќе те сакам додека дишам и постојам, а ќе болиш секој ден.Погребот на Сара Пројковска е закажан за денес од 12 часот на гробиштата во Лисиче во 12 часот.Денеска ќе биде погребан и Андреј ДНК.

Коментари | пред 1 година

Screenshot_59

Погребот на Андреј од ДНК ќе биде утре - последен поздрав во 10 часот, во капелата Бутел

Во капелата во Бутел, во 10 часот, семејството, роднините и пријателите ќе го испратат Андреј Ѓорѓиевски, вокалот на „ДНК“. Тој ќе биде погребан на гробиштата во Бутел. Информацијата ја објавија неговите пријатели.Андреј трагично го загуби животот во дискотеката „Пулс“ во Кочани. Тој според очевидци, тој излегол навремено, но влегол да спасува заглавени деца. Меѓу 59-те загинати има и малолетници.Од бендот на ДНК, засега за јавноста е познато дека починаа и клавијатуристот Филип Стевановски, гитаристот Александар Коларов, тапанарот Горги Горгиев, придружниот вокал Сара Пројковска. Игор Велков, тонецот на групата „ДНК“ и бит-боксерот Мартин Атанасовски познат како Мартин Буцо.

Македонија | пред 1 година

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања