Промени тема
Контакт
„Претрес“ на Најчевска: За „глупите“ и „психопатите“, Шарената револуција, политиката, неуспесите
„Претрес“ на Најчевска: За „глупите“ и „психопатите“, Шарената револуција, политиката, неуспесите

Таткото на Филип од ДНК: Времето поминува, но тагата и љубовта кон Филип остануваат исти: длабоки и вечни

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 месец -

Коментари
media-libraryina1o7bu5vr020M0riO

Маријан Стевановски, таткото на Филип Стевановски од бендот „ДНК“, се огласи на социјалните мрежи по една година од трагедијата во дискотеката „Пулс“ во Кочани (16 март 2025), каде Филип загина. Тој се присетува на последниот разговор со синот на 15.03.2025 во 20:15, пред Филип да тргне за Кочани. Во објавата опишува една година болка и празнина, нагласувајќи ја добрината и љубовта на Филип и дека ќе им недостига засекогаш.

Текстот е автоматски генериран со помош на вештачка интелигенција

Маријан Стевановски, таткото на Филип Стевановски, шефот на бендот на „ДНК“ од Штип, кој загина пред точно една година, на 16 март 2025 година, во пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани се огласи на социјалните мрежи со емотивна објава.

Денес се навршува една година од трагедијата што се случи во т.н. дискотека „Пулс“ Кочани, во која го загубивме нашиот сакан син Филип Стевановски. Кога го пишувам овој текст за објавување си спомнувам за 15.03.2025 година во 20 и 15 часот, се слушнавме за последен пат. Филип беше пред тргнување во Кочани.

Една година болка, тишина и празнина што ништо не може да ја надополни. Времето поминува, но тагата и љубовта кон Филип остануваат исти: длабоки и вечни. Една година без неговата насмевка, без неговиот глас, без неговата прегратка, без него... Времето минува, но болката во нашите души и празнината во нашите срца секојдневно се зголемува. Живееме со спомените на неговата добрина, на неговата искреност, на неговата екстовертност, на љубовта која несебично ја споделуваше околу себе; живееме со спомените за него...

Филип беше нашата радост, нашата гордост и светлина во животот. Големиот Сенека рекол: „не плачеме заради тоа што некој умрел, туку затоа што го изгубивме оној што го сакавме“. Ние Филип го сакавме премногу и затоа загубата е преголема.

Ниту еден момент од животот не поминува без да помислиме на него. Го чуваме во мислите, во спомените, во нашите срца и во љубовта насочена кон него; го чуваме во нас. Филип, ќе ни недостигаш засекогаш. Те сакаме бескрајно и ќе те носиме во нашите срца додека постоиме. Твојата мелодија, твоите дела ќе продолжат да одекнуваат низ вечноста. Ни недостигаш повеќе отколку што зборовите можат да искажат.

Почивај во мир, наше дете, ангел наш, те сакаме и ќе те сакаме засекогаш“, стои во објавата.

— реклама —
— реклама —

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-library0vbqr9m0c94c8ma6P8m

Родителите на загинатите во „Пулс“: Додека ние стоиме над гробовите на нашите деца, некој бара полесни услови и удобност

Македонија | пред 2 дена

— реклама —
media-library5f5tqnksrq4edMLkyjp

Адвокатите се спротивставуваат на повлекување на тешко повредени сведоци од пожарот во „Пулс“ , тврдат дека и обвинетите се под стрес

Македонија | пред 6 дена

media-libraryv3901mqr9fc34HuSIWL

„Ако задоцневме 12 секунди, немаше да излеземе“, сведочат преживеани од пожарот во „Пулс“

Македонија | пред 1 седмица

media-library5f5tqnksrq4edMLkyjp

На судењето за Пулс: Инспекторка призна дека не го контролирала “Пулс”, оти работел под нова фирма, а за неа немала налог од градоначалникот

Македонија | пред 1 седмица

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања