Промени тема
Контакт
„Претрес“ на Најчевска: За „глупите“ и „психопатите“, Шарената револуција, политиката, неуспесите
„Претрес“ на Најчевска: За „глупите“ и „психопатите“, Шарената револуција, политиката, неуспесите

(Фото) „Никогаш нема да ги заборавам луѓето кои биле покрај мене кога ми беше најтешко“, гитаристот на ДНК се сретна со докторите кои му го спасија животот

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 месец -

Македонија
media-libraryh9n9fb8t2felbb8Ae0d

Горан Тонев, гитаристот на ДНК и еден од преживеаните на трагичниот пожар во дискотеката Пулс на 16 март 2025 година, објави фотографии со докторите и медицинскиот персонал од болницата Папаниколау во Солун, кои се грижеле за него по несреќата.

„Никогаш нема да ги заборавам луѓето кои биле покрај мене кога ми беше најтешко. Денес повторно се сретнав со дел од прекрасниот персонал од болницата, кој покрај моето семејство, ми даде огромна поддршка во процесот на закрепнување. Мојата благодарност кон нив е бескрајна“, напиша Тонев.

— реклама —
— реклама —
media-libraryf6hgvcg1pukf2gFrnPT

(Видео) „Мислев дека го губам животот“: Гитаристот на ДНК, Горан Тонев, првпат за трагедијата во „Пулс“

Гитаристот на групата ДНК, Горан Тонев, првпат јавно проговори за трагедијата во дискотеката „Пулс“ во Кочани, каде настапувал со бендот во ноќта кога избувна пожарот.Тонев, кој има 25 години, раскажа дека во моментот на несреќата се здобил со тешки повреди и мислел дека го губи животот.„Јас сум Горан Тонев. Имам 25 години. Четири години се занимавам со музика. На кобната вечер настапував со ДНК како нивен гитарист. Се случи тоа што се случи – некако излегов со многу повреди и мислев дека го губам мојот живот“, раскажува Тонев.Тој вели дека во тие моменти му помогнала девојка по име Моли, која заедно со нејзината мајка го пренела до болницата во Кочани со приватно возило.„Една девојка, која подоцна дознав дека се вика Моли, со нејзината мајка ме однесоа во болницата во Кочани“, вели Тонев.По првичната медицинска помош во Кочани, тој бил префрлен на лекување во Скопје, каде ја изгубил свеста и бил ставен во вештачка кома речиси еден месец.„Потоа сум пренесен во клиника во Скопје и таму ја губам свеста и сум во вештачка кома скоро еден месец“, сведочи Тонев.Подоцна бил транспортиран на лекување во болницата „Папа Николаос“ во Солун, каде, како што вели, медицинскиот персонал и неговото семејство му дале огромна поддршка во борбата за закрепнување.„Можам да кажам дека тие се грижеа за мене не како пациент, туку како за нивно дете“, додава Тонев.

Македонија | пред 1 месец

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-library0vbqr9m0c94c8ma6P8m

Родителите на загинатите во „Пулс“: Додека ние стоиме над гробовите на нашите деца, некој бара полесни услови и удобност

Македонија | пред 2 дена

— реклама —
media-library5f5tqnksrq4edMLkyjp

Адвокатите се спротивставуваат на повлекување на тешко повредени сведоци од пожарот во „Пулс“ , тврдат дека и обвинетите се под стрес

Македонија | пред 6 дена

media-libraryv3901mqr9fc34HuSIWL

„Ако задоцневме 12 секунди, немаше да излеземе“, сведочат преживеани од пожарот во „Пулс“

Македонија | пред 1 седмица

media-library5f5tqnksrq4edMLkyjp

На судењето за Пулс: Инспекторка призна дека не го контролирала “Пулс”, оти работел под нова фирма, а за неа немала налог од градоначалникот

Македонија | пред 1 седмица

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања