Промени тема
Контакт
„Претрес“ на Најчевска: За „глупите“ и „психопатите“, Шарената револуција, политиката, неуспесите
„Претрес“ на Најчевска: За „глупите“ и „психопатите“, Шарената револуција, политиката, неуспесите

(Видео) „Мислев дека го губам животот“: Гитаристот на ДНК, Горан Тонев, првпат за трагедијата во „Пулс“

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 месец -

Македонија
media-libraryf6hgvcg1pukf2gFrnPT

Гитаристот на групата ДНК, Горан Тонев, првпат јавно проговори за трагедијата во дискотеката „Пулс“ во Кочани, каде настапувал со бендот во ноќта кога избувна пожарот.

Тонев, кој има 25 години, раскажа дека во моментот на несреќата се здобил со тешки повреди и мислел дека го губи животот.

— реклама —

„Јас сум Горан Тонев. Имам 25 години. Четири години се занимавам со музика. На кобната вечер настапував со ДНК како нивен гитарист. Се случи тоа што се случи – некако излегов со многу повреди и мислев дека го губам мојот живот“, раскажува Тонев.

Тој вели дека во тие моменти му помогнала девојка по име Моли, која заедно со нејзината мајка го пренела до болницата во Кочани со приватно возило.

— реклама —

„Една девојка, која подоцна дознав дека се вика Моли, со нејзината мајка ме однесоа во болницата во Кочани“, вели Тонев.

По првичната медицинска помош во Кочани, тој бил префрлен на лекување во Скопје, каде ја изгубил свеста и бил ставен во вештачка кома речиси еден месец.

„Потоа сум пренесен во клиника во Скопје и таму ја губам свеста и сум во вештачка кома скоро еден месец“, сведочи Тонев.

Подоцна бил транспортиран на лекување во болницата „Папа Николаос“ во Солун, каде, како што вели, медицинскиот персонал и неговото семејство му дале огромна поддршка во борбата за закрепнување.

„Можам да кажам дека тие се грижеа за мене не како пациент, туку како за нивно дете“, додава Тонев.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-library6qjfqdevu3o39AJNWkz

„Бев легната на земја, заглавена меѓу излезната и влезната врата, ме извлече член на обезбедувањето“, вели сведок од „Пулс“

Македонија | пред 1 ден

— реклама —
media-library5f5tqnksrq4edMLkyjp

Дел од родителите на загинатите деца од „Пулс“ бараат враќање на Трајчева во предметот против полицајците, Советот на обвинители се прогласи за „ненадлежен“

Македонија | пред 1 ден

media-library5p3mkbsoocij3Y8UIgD

Не знаевме дека казнуваме згасната фирма наместо „Пулс“, се бранат обвинетите полицајци

Македонија | пред 2 дена

media-library0vj4nv0artmi2RzY2fJ

Брза помош интервенираше на рочиштето за „Пулс“: Влошена состојба на Дејан Јованов-Деко

Македонија | пред 2 дена

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања