Промени тема
За нас
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...

Спасен овчар заглавен на речен остров во надојдена Црна Река

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 година -

Македонија
najnova

„Центарот за управување со кризи известува дека од Единствениот број за итни случаи 112 до Секторот за операции и координација во 17:32 часот доби информација за заглавен овчар среде Црна Река, со неговите стотина овци, на мало островче на 200 метри лоцирано под с. Манастирец во Општина Росоман. Реката била надојдена заради зголемен проток при производство на електрична енергија од страна на АД „ЕЛЕМ“ ПО „ХЕЦ Тиквеш Водостопанство Тиквеш“. ЦУК презема координативни активности за да се запре протокот на вода од Акумулација „Тиквеш“ и да се намали нивото на реката“, велат од ЦУК и додаваат:

— реклама —

Од ЦУК веднаш беа известени сите субјекти Системот за управување со кризи (СУК), а водата од страна на АД „ЕЛЕМ“ (Брана Тиквеш) беше времено запрена во 18.00 часот, при што овчарот чекаше нивото на реката да се намали за заедно со неговите овци да се засолни на безбедно место. ЦУК континуирано комуницираше со овчарот, којшто при контактот во 20.19 часот извести дека водата, не само што не се намалува, туку дека нејзиното ниво се зголемува. На тоа веднаш ЦУК реагираше до АД „ЕЛЕМ“, коишто известија дека при извршување на смената не си ја пренеле информацијата дека случајот не е завршен, па повторно ја пуштиле водата. Во 20.25 од страна на АД ЕЛЕМ веднаш беше запрена водата од браната.

— реклама —

При ваков случај било потребно три до четири часа да се намали нивото на водата.

— реклама —

Инаку, на лице место е испратена екипа на МВР – ПС Кавадарци, а во контакт со градоначалникот на Општина Росоман е добиена потврда дека и од таму ќе биде пратена прати екипа.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

301161724_590774289354954_6823866186930323195_n

Врнежи од дожд ја зафаќаат целата земја, можно зголемување на водостоите

Македонија | пред 4 дена

media-libraryq01sddkshk654bO34jw

Во тешка сообраќајка загина оперативен работник во ЦУК Битола

Македонија | пред 3 седмици

media-library2jdksi4fhtjh5su9eDb

(Фото) Голем одрон кај Катлановскиот тунел на автопатот Скопје–Велес, сообраќајот се одвива по една лента

Македонија | пред 1 месец

reka

Зголемени водостои на повеќе реки низ државата, се излеа Сива Река во близина на локалитетот Хераклеа

Македонија | пред 1 месец

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања