Промени тема
Контакт
„Претрес“ на Најчевска: За „глупите“ и „психопатите“, Шарената револуција, политиката, неуспесите
„Претрес“ на Најчевска: За „глупите“ и „психопатите“, Шарената револуција, политиката, неуспесите

Србија ќе им исплати на семејствата на жртвите во Нови Сад по 43.000 евра

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 9 месеци -

Свет
Screenshot-2024-11-23-at-12.34.16

Судот во Нови Сад пресуди дека Република Србија и Српската железничка инфраструктура им должат на семејствата на жртвите од уривањето на настрешницата на железничката станица во Нови Сад минатата година околу 166.000.

Четири семејства тужеа две државни институции, од кои судот бара секоја да плати речиси 43.000 евра надомест за нематеријална штета претрпена поради смртта на близок.

— реклама —

Според истата пресуда, обвинетите мора да им ги надоместат на тужителите трошоците за судската постапка со законска затезна камата. Дозволена е жалба против пресудата до Апелациониот суд во Нови Сад.

На 1 ноември минатата година, при уривањето на настрешницата на железничката станица во Нови Сад загинаа 16 лица, а едно беше тешко повредено.

— реклама —

Ова беше почеток на секојдневни масовни антивладини студентски и граѓански протести, блокади на патишта и институции, со барање за санкционирање на одговорните во српската влада, а сега и предвремени парламентарни избори.

Иако Вишото јавно обвинителство поднесе обвинение против 13 лица, меѓу кои и поранешниот министер за транспорт Горан Весиќ и поранешната директорка на „Инфраструктура железнице“ Јелена Танасковиќ, судот го врати предметот на дополнително истражување.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-library2ro9vqk25vo01oQmliL

Вучиќ и фон дер Лајен разговараа за европскиот пат на Србија

Свет | пред 15 часа

— реклама —
media-library4pds9h0ctsn8cPwbI1B

(Видео) Опозициски критики кон претседателот Вучиќ за односот со Русија

Свет | пред 20 часа

media-libraryomve0170hsuh7Rurym6

Уапсен 20-годишник, осомничен за учество во војната во Украина

Балкан | пред 20 часа

media-libraryo3atpber2kltbOhFQP9

Малолетник фрлил бомба во Крагуевац за 1.000 евра

Свет | пред 21 час

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања