Промени тема
За нас
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...

Стармер и Трамп разговарале за отворање на Ормускиот теснец

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 2 седмици -

Свет
media-library7a6p6ihqqfokfxQdE20

Британскиот премиер Кир Стармер вечерва телефонски разговарал со американскиот претседател Доналд Трамп за „ситуацијата на Блискиот Исток“, соопшти кабинетот на британскиот премиер.

— реклама —

Од кабинетот наведуваат дека двајцата лидери разговарале за „важноста од повторно отворање на Ормускиот теснец за да се прекинат нарушувањата во глобалната поморска трговија кои ги зголемуваат трошоците ширум светот“.

— реклама —

Стармер изразил и сочувство поради американските војници загинати во текот на конфликтот. „Се согласија да останат во контакт“, изјави портпаролка на кабинетот на британскиот премиер.

— реклама —

Разговорот меѓу Стармер и Трамп се случува еден ден откако американскиот претседател ги повика сојузниците да помогнат во обезбедување на пловидбата низ Ормускиот теснец, еден од најважните светски поморски премини за трговија со нафта.

Трамп на социјалната мрежа Truth Social напиша дека повеќе држави треба да испратат воени бродови за да се обезбеди теснецот да остане отворен за пловидба.

„Многу земји, особено оние што би биле погодени од обидот на Иран да го затвори Ормускиот теснец, ќе испратат воени бродови заедно со САД за теснецот да остане отворен и безбеден“, напиша Трамп.

Ормускиот теснец, низ кој минува значителен дел од светската трговија со нафта, речиси е затворен за танкерски сообраќај од почетокот на војната меѓу САД, Израел и Иран пред две недели, по нападите врз бродови и заканите со мини во таа област, што предизвика раст на цените на нафтата и нарушувања на глобалната енергетска трговија.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-libraryjqohdp9bsumjckdoiza

(Видео) Трамп: Никој во историјата не заслужува Нобелова награда за мир повеќе од мене

Свет | пред 11 час

media-library1ve5ufdd63v50gpMbd8

Трамп: Ако некоја земја сака да испрати нафта во Куба, немам проблем со тоа

Свет | пред 12 часа

media-library928rb7fvg2d00Q6SeWy

Војната со Иран ја открива слабоста на непредвидливата стратегија на Трамп

Свет | пред 2 дена

media-library2e9baqigp61uc7nGqE3

Низ САД се планираат масовни протести против Трамп

Свет | пред 2 дена

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања