Промени тема
За нас
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...

Стево Пендаровски тврдеше дека не сака канцеларија, за еден ден потоа да побара да му се дозволи да користи, вели Јаревски

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 година -

Македонија

„Стево Пендаровски ги излажа граѓаните кога глумеше скромност дека не сака да отвора канцеларија на Претседателот, туку истото ќе го направи некогаш во иднина“, вели Тони Јаревски од ВМРО-ДПМНЕ и додава:

— реклама —

Имено на 14 мај, кабинетот на Пендаровски за медиумите го даде следниот одговор на тоа што се неговите планови:

— реклама —

„Во однос на административната и логистичка поддршка која му е потребна за средбите со поранешни и актуелни државници и за учество на меѓународни конференции претседателот Пендаровски побара од државните институции повремено да користи канцеларија, но, бидејќи таква пракса и законски основ не постои, Пендаровски во иднина ќе го искористи правото да отвори канцеларија, каде што тројца од сегашните вработени во Кабинетот, ќе бидат ангажирани во поддршка на тие активности на поранешниот претседател“.

— реклама —

Стево Пендаровски и неговиот кабинет излажаа. Само еден ден откако е даден овој став за медиумите, односно на 15.05, според нашите информации Пендаровски побарал да му се одобри користење на канцелариски простор, службено возило и возач.

За Пендаровски таа иднина очигледно е еден ден откако кажал дека во иднина некогаш ќе отвори канцеларија.

Не го разбираме лицемерието на Пендаровски, кога очигледно е дека намерата му била да земе канцеларија веднаш, а за тоа доказ е и дека веќе на 3 јуни нашол канцеларија и договорил и цена за закуп.

Стево Пендаровски не се променил никогаш, неговите ставови не држат ниту еден ден.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-libraryfqq873h494sv0GNLK6o

Манасиевски: Филипче со 3,6% рејтинг, СДС на раб на статистичка грешка

Македонија | пред 4 часа

15102021_PVRSM_Zaev_poseta_TEC_Oslomej-3

СДСМ: „Лудилото нема крај – Заев работи за ВМРО?“

Македонија | пред 6 часа

media-libraryg9188ctes36g6QyiB6H

ВМРО-ДПМНЕ: Послушноста на Филипче кон Заев и фалименто соопштенијата на ПР-от на Башановиќ, го донесоа СДС до историски најслабиот рејтинг

Македонија | пред 8 часа

ck-dpmne

Политичка ескалација: ВМРО-ДПМНЕ го обвини Филипче за предавство

Македонија | пред 1 ден

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања