Промени тема
За нас
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...

Стојаноски: Економијата расте шести квартал по ред, 2025 година ја завршуваме со кумулативен раст од 3,5%

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 3 седмици -

Македонија
media-library4icrt0a1aq89deTvVfw

Според Државниот завод за статистика, економијата во четвртиот квартал 2025 пораснала 3,8%, а во целата 2025 кумулативно 3,5%, што значи шест квартали континуиран раст, вели пратеникот Бојан Стојаноски. Тој истакнува раст на извозот (~10%) и градежништвото (>14%), дефицит од 4% и намален јавен долг на 59,3% од БДП. Во првите два месеци 2026 капиталните инвестиции имаат трицифрен раст, со цел повисоки плати и повеќе работни места.

Текстот е автоматски генериран со помош на вештачка интелигенција

Денес зборуваме со бројки, а бројките се најсилниот аргумент. Според официјалните податоци на Државниот завод за статистика, економијата во четвртиот квартал од 2025 година порасна за 3,8 проценти. Тоа значи дека веќе шест квартали по ред имаме стабилен и континуиран економски раст, вели Бојан Стојаноски, пратеник на ВМРО-ДПМНЕ.

— реклама —

„Кумулативно, во 2025 година растот изнесува 3,5 проценти.

— реклама —

Тоа не е случајност. Тоа е резултат на внимателна економска политика, фискална дисциплина и поддршка на стопанството.

— реклама —

Што значи ова на поедноставен јазик?

Тоа значи повеќе економска активност. Повеќе изградени патишта, објекти, инфраструктура. Повеќе работа за компаниите. Повеќе извоз.

Само во последниот квартал, извозот порасна за речиси 10 проценти. Градежништвото порасна за над 14 проценти.

Ова не е раст само на хартија. Ова е раст кој се гледа на терен.

Истовремено, буџетскиот дефицит го задржавме на проектираните 4 проценти, а јавниот долг е намален и изнесува 59,3 проценти од БДП.

Тоа значи дека растеме, но одговорно. Не со задолжување без контрола, туку со стабилна политика.

Дополнително, во првите два месеци од 2026 година капиталните инвестиции бележат трицифрен раст во однос на истиот период лани.

Тоа е јасен сигнал дека темпото не запира, туку се засилува.

Свесни сме дека граѓаните чувствуваат притисок од трошоците за живот. Но растот на економијата е предуслов за повисоки плати, нови работни места и подобар стандард.

Нашата порака е јасна: економијата расте, стабилно и одржливо.

И ќе продолжиме со политики што создаваат вредност, инвестиции и сигурност за граѓаните и стопанството“, вели Стојаноски.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-library3f0uarj2a11t1P1qHZu

Стојаноски: Усогласување на минимална плата ќе се изврши преку социјален дијалог помеѓу синдикатите и работодавачите

Македонија | пред 2 седмици

media-library86vdf7v071ob9yx4qkH

Стојаноски: 18.000 нови работни места во последните шест квартали, економијата се движи во позитивна насока

Македонија | пред 3 седмици

media-library6jiebaer92o25oYtR7b

Стојаноски: Инфраструктурата носи резултати, раст на градежништвото од 14,6% и силен импулс од капитални проекти

Македонија | пред 3 седмици

media-librarylbpbmlrr5ekacGZX94p

Стојаноски: Работниците не добија ветувања, добија повисоки плати

Македонија | пред 1 месец

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања