Промени тема
За нас
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...

СТОЈАНОСКИ

media-library3f0uarj2a11t1P1qHZu

Стојаноски: Усогласување на минимална плата ќе се изврши преку социјален дијалог помеѓу синдикатите и работодавачите

„Минималната плата ќе порасне така како што ќе се договарат работодавачите и работниците, со оглед на тоа дека Владата во овој дијалог ги има испочитувано во крај своите права или обврски кон оние на коишто е работодавач, бидејќи 99% од државната управа има склучено колективни договори со Владата“, истакна Бојан Стојаноски, пратеник од редовите на ВМРО-ДПМНЕ во гостување во емисијата Топ Тема на Телма телевизија.Стојаноски нагласи дека усогласувањето на минималната плата потребно е да се изврши преку социјален дијалог, да се договарат синдикатите и работодавачите на двопартитен дијалог, потенцирајќи дека Владата ќе ја поддржи одлуката.„За нас, ете и за мене лично, оној став дека најдобрата плата е таа која што ќе биде реално исплатена, е едноставно најдобра плата, бидејќи на крајот од денот работниците треба таа плата и да ја примат. Ние можеме тука да лецитираме со бројки коишто сметаме дека можеби се примамливи, но на крајот од денот треба да гарантираме дека тоа коешто ќе го кажеме, носиме одговорност и дека ќе биде исплатено“, рече пратеникот Стојаноски.

Македонија | пред 2 седмици

media-library86vdf7v071ob9yx4qkH

Стојаноски: 18.000 нови работни места во последните шест квартали, економијата се движи во позитивна насока

Денес сакам да споделам неколку важни податоци кои јасно покажуваат во која насока се движи економијата и пазарот на труд во нашата држава. Според официјалните податоци на Државниот завод за статистика, во изминатите шест квартали во Република Македонија се креирани околу 18.000 нови работни места, вели Бојан Стојаноски, пратеник на ВМРО-ДПМНЕ.„Бројот на вработени порасна од околу 691 илјади на над 709 илјади граѓани кои денеска се во работен однос.Ова е јасен показател дека економските политики даваат резултат и дека економскиот раст се претвора во реални можности за работа и подобар стандард за граѓаните.Истовремено, овие позитивни трендови не се случајни. Тие се резултат и на инвестициите кои се реализираат во државата, особено во индустријата, инфраструктурата и технолошко-индустриските зони, но и на политиките на владата за меки кредити кон стопанството и успешниот план за раст.Во моментов имаме договорени 17 инвестиции во ТИРЗ зоните, кои во наредниот период треба да донесат околу 5.000 нови работни места.Тоа значи дека трендот на отворање нови работни места ќе продолжи и во наредниот период.Паралелно со растот на вработеноста, се намалува и невработеноста.Според последните податоци, стапката на невработеност е намалена на 11,4 проценти, што е значително подобрување во однос на претходните години.Со други зборови, имаме повеќе луѓе кои работат, повеќе инвестиции во економијата и постепено намалување на невработеноста.Нашата цел останува јасна – да продолжиме со политики кои носат инвестиции, отвораат нови работни места и создаваат стабилна економија во која граѓаните ќе имаат сигурност и перспектива.Ќе продолжиме со поддршка на стопанството, со нови инвестиции и со мерки кои ќе придонесат за уште поголема вработеност и економски раст“, вели Стојаноски.

Македонија | пред 3 седмици

media-library6jiebaer92o25oYtR7b

Стојаноски: Инфраструктурата носи резултати, раст на градежништвото од 14,6% и силен импулс од капитални проекти

Денеска повторно зборуваме со бројки, затоа што бројките најдобро покажуваат каде се движи економијата Македонија е земја во која што шест квартали по ред економијата има стабилен раст. Но, особено е важно да се види што стои зад овој раст, вели Бојан Стојаноски, пратеник на ВМРО-ДПМНЕ„Најголем придонес има токму градежништвото, кое во последниот квартал од минатата година забележа раст од 14,6 проценти. Тоа е највисока стапка на раст меѓу сите економски сектори и јасно покажува дека инвестициите и инфраструктурата се двигател на економската активност.Градежништвото е еден од секторите со најголем мултипликативен ефект.Што значи ова во пракса?Тоа значи повеќе градилишта, повеќе инфраструктурни проекти, повеќе работа за градежните компании и повеќе ангажман за домашната индустрија.Кога расте градежништвото, растат и транспортот, производството на материјали, трговијата и услугите. Со други зборови, градежништвото е сектор кој повлекува повеќе други сектори во економијата.И токму затоа е важно што овој тренд не само што продолжува, туку и се засилува.Со други зборови, секторот има двегодишен силен раст.Според податоците на Министерството за финансии, во првите два месеца од 2026 година реализацијата на капиталните инвестиции бележи трицифрен раст, односно значително зголемување во однос на истиот период минатата година.По растот од 3,8% на БДП и 14,6% во градежништвото во последниот квартал од 2025, сега во 2026 гледаме и трицифрен скок од 179,7% во реализацијата на капиталните инвестиции – што значи дека економскиот мотор не застанува, туку се засилува.Со други зборови, растот на градежништвото што го видовме во 2025 година не е случајност, туку резултат на активни инвестиции коишто продолжуваат и во 2026 година.За граѓаните ова значи нешто многу едноставно:повеќе инвестиции во патишта, инфраструктура и објекти, повеќе економска активност и повеќе можности за работа за компаниите.Нашата цел е јасна – економски раст кој се темели на инвестиции, инфраструктура и реална економска активност.И токму затоа ќе продолжиме со политики кои ја поддржуваат економијата, ги забрзуваат капиталните проекти и создаваат услови за стабилен и одржлив развој“, вели Стојаноски.

Македонија | пред 3 седмици

media-library4icrt0a1aq89deTvVfw

Стојаноски: Економијата расте шести квартал по ред, 2025 година ја завршуваме со кумулативен раст од 3,5%

Денес зборуваме со бројки, а бројките се најсилниот аргумент. Според официјалните податоци на Државниот завод за статистика, економијата во четвртиот квартал од 2025 година порасна за 3,8 проценти. Тоа значи дека веќе шест квартали по ред имаме стабилен и континуиран економски раст, вели Бојан Стојаноски, пратеник на ВМРО-ДПМНЕ.„Кумулативно, во 2025 година растот изнесува 3,5 проценти.Тоа не е случајност. Тоа е резултат на внимателна економска политика, фискална дисциплина и поддршка на стопанството.Што значи ова на поедноставен јазик?Тоа значи повеќе економска активност. Повеќе изградени патишта, објекти, инфраструктура. Повеќе работа за компаниите. Повеќе извоз.Само во последниот квартал, извозот порасна за речиси 10 проценти. Градежништвото порасна за над 14 проценти.Ова не е раст само на хартија. Ова е раст кој се гледа на терен.Истовремено, буџетскиот дефицит го задржавме на проектираните 4 проценти, а јавниот долг е намален и изнесува 59,3 проценти од БДП.Тоа значи дека растеме, но одговорно. Не со задолжување без контрола, туку со стабилна политика.Дополнително, во првите два месеци од 2026 година капиталните инвестиции бележат трицифрен раст во однос на истиот период лани.Тоа е јасен сигнал дека темпото не запира, туку се засилува.Свесни сме дека граѓаните чувствуваат притисок од трошоците за живот. Но растот на економијата е предуслов за повисоки плати, нови работни места и подобар стандард.Нашата порака е јасна: економијата расте, стабилно и одржливо.И ќе продолжиме со политики што создаваат вредност, инвестиции и сигурност за граѓаните и стопанството“, вели Стојаноски.

Македонија | пред 3 седмици

media-librarylbpbmlrr5ekacGZX94p

Стојаноски: Работниците не добија ветувања, добија повисоки плати

Денес сме должни да ја поставиме целосната слика, а не само дел од неа. И затоа изминатите денови директно, со докази, покажавме што е разликата помеѓу нас и останатите, вели Бојан Стојаноски, пратеник на ВМРО-ДПМНЕ „Кога бевме опозиција, застанавме со работниците затоа што имаше реален проблем – платите доцнеа, колективните договори не се почитуваа и се подготвуваа законски измени со кои минималната плата требаше да се исфрли од формулата за пресметка. Тоа ќе значеше прекин на линеарниот раст и слабеење на заштитниот механизам за илјадници вработени. Тогаш, заедно со синдикатите, поднесовме над 40 амандмани и го спречивме тој обид. Не дозволивме минималната плата да биде отстранета од системот. Тоа е причината зошто денес, кога расте минималната плата, растат и останатите примања. Разликата денеска е суштинска.По две години управување со државата, не зборуваме за барања – зборуваме за реализирани договори. Во општините платите се зголемени во просек за околу 5.000 денари.Во основното и средното образование обезбедивме раст од 46% до 60% во четиригодишен период.Во високото образование зголемувањето е минимум 14%.Во здравството – од 40 до 50% во еден мандат.Полициските службеници добија 10%, социјалните работници 20%, а околу 11.000 административци, судски и обвинителски службеници имаат гарантирано покачување од 40% до 2028 година. Сите колективни договори се испочитувани. Платите се исплаќаат редовно. Инфлацијата е стабилизирана од двоцифрени стапки на едноцифрена стапки на инфлација. Ова се системски решенија, не се импровизации.Оваа Влада вака го реализира договорот со работниците. Ние не бегаме од дијалог за минималната плата, но решенијата мора да се носат институционално – во Економско-социјалниот совет, со одржлив пристап што ја штити и економијата и буџетот. Кога сме во опозиција – спречуваме штета.Кога сме на власт – обезбедуваме раст.Работниците заслужуваат сигурност, договор што важи и политика што носи резултати“, додаде тој.

Македонија | пред 1 месец

media-librarymg52l8sv16qd22t8W6K

Стојаноски: 2 години власт, конкретни резултати за јавниот сектор, продолжуваме со раст на платите и стабилна економија

Денеска сме должни да ја кажеме вистината. Синдикатот нè напаѓа дека кога бевме опозиција сме ги поддржувале на протестите, а сега наводно тоа не било случај. Точно е, кога тие протестираа од 2020 до 2024 година, ние излеговме пред Собранието, пред Министерството за финансии. Како што можете да видите на фотографиите, остварувавме бројни средби и кога бевме во опозиција, а особено тие средби се интензивираа откако ја преземавме власта. Ги поддржувавме и заедно спречивме многу штетни политики кои сакаше да ги имплементира тогашната власт. Го критикувавме тогашниот криминален систем на СДС и ДУИ, затоа што не ги почитуваше колективните договори и затоа што платите доцнеа со месеци, вели Бојан Стојаноски, пратеник на ВМРО-ДПМНЕ„Но, ајде да ја поставиме суштинската разлика. Тогашното барање на ССМ беше линеарно зголемување од 2.806 денари по вработен во јавниот сектор, што можете да го видите од амандманот којшто беше изготвен од нив, а поддржан од наша страна. Истовремено може да се види како на официјалната веб страна на ССМ тие дури и јавно ни се заблагодаруваат на нас, неколкумина, кои тогаш застанавме рамо до рамо со нив.Денес, две години откако ја водиме државата, фактите се следни:- Во општините раководени од градоначалниците на ВМРО-ДПМНЕ, платите се зголемени во просек за околу 5.000 денари по вработен.- Вработените во образованието добија колективен договор со кој тие во основното и средното образование ќе имаат од 46% до 60% повисоки примања во рок од четири години.- Вработените во високото обрасование добија покачување за минимум 14%- Здравствените работници ќе добијат 40 до 50% повисоки плати во еден мандат, со склучениот колективен договор од оваа Влада.- Полициските службеници добија 10% зголемување.- Социјалните работници добија 20% повисоки плати.- Вработените во Генералниот секретаријат и СОЗР добија 30% зголемување преку посебни колективни договори.- Околу 11.000 вработени во администрацијата, судовите и обвинителствата се опфатени со историски договор кој гарантира покачување на платите за 40%, за 2 години и 3 месеци, кој трае до 2028 година.- Испочитувани се во целост сите колективни договори кои претходната власт ги игнорираше, во одбраната, културата и други институции.- Платите денес се исплаќаат редовно, без доцнење со месеци како што беше во времето на СДС и ДУИ.Сите овие зголемувања на платите се многу поголеми од тоа зголемување што тогаш го бараше ССМ, а уште поважно до крајот на мандатот ќе го надмине целосно барањето кое што сега го има Трендафилов. Сега прашањето е многу едноставно: Ако тогаш барањето беше 2.806 денари, а денес зголемувањата се значително поголеми од тоа, каде е проблемот? Вистината е следна: Ние како опозиција поддржувавме борба за повисоки плати затоа што имаше неправда. Денес, како власт, ние не ветуваме на улица, ние реализираме преку договори, проценти и потпишани колективни спогодби.За овие две години, Владата склучи договори, зголеми плати и воспостави системска рамка до 2028 година. Воедно да потсетиме и на тоа дека инфлацијата значително ја намаливме од оние двоцифрени стапки кои беа во перидот од претходно. Во исто време, од страна на раководството на ССМ нема ниту еден нов договор со кој тие самостојно избориле зголемување. Нема ниту една конкретна победа издејствувана преку преговори. Работниците заслужуваат синдикален лидер кој ќе седи на маса и ќе договара проценти, рокови и гаранции.Во моментов, на чело на ССМ е човек кој се обидува да гради политичка кариера преку конфронтација во име на трудот на работниците. Да бидам јасен: Ние не бегаме од дијалог. Ние не бегаме од разговор за минимална плата. Но минималната плата мора да се договара институционално, во Економско-социјалниот совет, меѓу работодавачите и синдикатите, со Владата како посредник.Решението мора да биде одржливо за сите инволвирани, за работниците, за работодавачите, за буџетот, за економијата во целост. Популизам со говори е лесен. Потпишан договор што важи четири години значи сериозен пристап, предвидливост и одговорност кон сите чинители. Владата како работодавач ќе продолжи со системски зголемувања на платите, но и почитување на склучените колективни договори.Денешната блокада нема да ја спречи Владата да продолжи со заложбата за раст на платите. Напротив, ние ќе продолжиме да работиме на поголем економски раст од досегашниот кој ќе овозможи зголемување на сите плати во државата, а не само на минималната.Почитувани,Работниците не се и никогаш нема да дозволат да бидат средство за политички пресметки. Тоа се сериозни луѓе кои ги извршуваат своите работни обврски, а бараат сигурност, плата на време и договор што важи“, додава тој.

Македонија | пред 1 месец

media-libraryuiij50h3r0dn6t0UYCT

Стојаноски: Договорот со САД ќе ги зајакне нашите трговски односи, ќе ги поддржи заедничките стратешки интереси,

Трудот, напорната работа и чесниот пристап вродуваат со плод. Македонија на чекор до потпишување историски трговски договор со стратешкиот партнер и најмоќната економија во Светот, Соединетите Американски Држави, вели Бојан Стојаноски, пратеник на ВМРО-ДПМНЕ„По затворањето на постмониторинг дијалогот со Советот на Европа по цели 26 години, доцна синоќа Белата куќа објави Заедничка изјава помеѓу САД и Македонија за реципрочна трговија.Оваа изјава претставува јасен сигнал за продлабочување на стратешкото партнерство и потврда за силната поддршка што Македонија ја ужива од САД и со ова се прави значаен исчекор во економската соработка но и го трасира патот за сеопфатен договор за тарифи не повисоки од 15%, а за одредени производи и 0%.Суштината на овој дипломатски успех на македонската Влада е што, ќе се идентификуваат производи коишто ќе добијат до 0% реципрочна тарифа, што значи за дел од клучните индустрии и производи, цариснките тарифи ќе се намалат до нула.Оваа Заедничка изјава на македонските компании им обезбедува конкурентска предност, јасна регулаторна рамка, поголема предвидливост и посилна позиција на еден од најголемите пазари на светот.Втората клучната придобивка е што со овој поволен економски договор во овие непредвидливи глобални времиња, се зачувани илјадници работни места, а истовремено се праќа регионален и меѓународен сигнал за политичката и економската стабилност на нашите односи со официјален Вашингтон.Договорот ќе ги зајакне нашите трговски односи, ќе ги поддржи заедничките стратешки интереси, ќе го промовира економскиот раст и ќе го продлабочи нашето трансатлантско партнерство.Ваквата билатерална соработка со најсилната светска економија, е многу вредна препорака за привлекување на нови инвестиции во Македонија.Со овој документ, неоснованите тези и критики на СДС, дека македонската Влада е изолирана, дека нема никаков план, проценка, насока, паѓаат во вода.Целта на Владата е јасна, повеќе извоз, повеќе инвестиции и повеќе добро платени работни места дома“, вели тој.

Македонија | пред 1 месец

media-library8a44hhthq0pn3VV5H13

Стојаноски: СДСМ и ДУИ гласаа против „Безбеден град“ и безбедноста на граѓаните

Пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Бојан Стојаноски, ги обвини СДСМ и ДУИ за, како што рече, деструктивно однесување при усвојувањето на измените на Законот за прекршоци, со кои официјално започнува функционирањето на системот „Безбеден град“.Стојаноски оцени дека јавноста и пратениците во Собранието биле сведоци на здружено дејствување на СДСМ и ДУИ против законски измени кои, според него, директно ја унапредуваат безбедноста во сообраќајот и ги штитат животите на граѓаните. Тој посочи дека пратениците на Венко Филипче и Али Ахмети и во опозиција продолжуваат да настапуваат заеднички, овојпат, како што рече, спротивно на јавниот интерес.Според Стојаноски, наместо да ги надминат партиските калкулации и да поддржат решение кое носи конкретни придобивки за граѓаните, СДСМ и ДУИ одлучиле да не го поддржат законот, наведувајќи различни забелешки и сомнежи за можни злоупотреби на податоците. Тој во таа насока го постави прашањето што овие партии презеле во изминатите седум години додека биле заедно на власт, доколку сметале дека ваквиот систем е проблематичен.Стојаноски директно го посочи и поранешниот министер за внатрешни работи, Оливер Спасовски, прашувајќи зошто во неговиот мандат не биле преземени конкретни чекори за унапредување на сообраќајната безбедност.Како аргумент за ефикасноста на „Безбеден град“, пратеникот се повика на статистичките податоци, според кои првиот ден од тестирањето биле регистрирани околу 110 илјади сообраќајни прекршоци, додека само 24 часа подоцна бројката се намалила на околу 50 илјади. Тој истакна дека тоа, според него, е јасен показател за превентивниот ефект на системот.Во однос на сообраќајната безбедност, Стојаноски посочи дека Македонија има околу 65 жртви во сообраќајот на еден милион жители, што е за околу една четвртина повеќе од европскиот просек од 45 жртви. Како позитивен тренд го наведе податокот дека во декември 2025 и јануари 2026 година бројот на смртни случаи е намален од 11 на 2.На крајот, Стојаноски порача дека СДСМ и ДУИ се спротивставиле на систем кој, според него, директно придонесува за поголема безбедност на граѓаните, додека ВМРО-ДПМНЕ, како што рече, ќе продолжи да носи мерки и закони во интерес на јавната безбедност и граѓаните.

Македонија | пред 2 месеци

media-libraryhth68gakso1oezwFd0I

Стојаноски: Со новиот Кривичен законик секој во државава ќе мора да ги почитува законите, а правдата ќе важи за сите

„Пред оваа акција каде што беше уапсен и фатен судија во Апелациониот суд со 350.000 евра во ѕидот на неговата семејна куќа, исто така беше уапсен и врховен судија со 10.000 евра поткуп, што значи дека таа метастаза во македонското правосудство постои, 35 години граѓаните ја гледале, а она коешто сега охрабрува е што конечно институциите покажуваат знаци на отпорност кон ваквиот систем и сакаат да го исушат ова политичко обвинителско судско мочуриште кое едноставно го нагризуваше нашиот систем“, истакна Бојан Стојаноски, пратеник од редовите на ВМРО-ДПМНЕ на телевизија Њузмакс Балканс во емисијата „Став на регионот“.Стојаноски исто така истакна дека ќе бидат усвоени 5 закони кои ќе ги заострат критериумите за изборот на судии, обвинители и членови на судскиот Совет со цел да се спречат ваквите појави.“Овој месец ќе бидат усвоени пет закони коишто ќе треба да ја дефинираат обвинителската и судската служба и каде што ќе треба да ги заострат критериумите за избор дали на судии, дали на обвинители, дали на членови на судски Совет, за да може да го спречиме производството на вакви кадри коишто потоа ќе ја срамат целата држава, тие луѓе да не можат да се доближат до институциите а камоли да седат таму и даваат пресуди“, рече Стојаноски и додаде:„Колку човечки судбини се уништени од еден ваков корумпиран судија којшто досега успешно се криел од системот. Нешто за коешто нашата партија со години укажува дека тоа е присутно, се надевам дека ќе има уште акции и во наредните години од преостатокот од нашиот мандат, ќе успееме да санкционираме многу вакви криминалци коишто се заштитени и коишто сеуште егзистираат во тој дел од општеството“.На крај Стојаноски посочи дека со новиот Кривичен законик се предвидени заострени казни со цел да се покаже дека секој во државата треба да ги почитува законите, а правдата важи за сите.„Оваа е порака дека другите судии коишто можеби помислуваат на вакви дејанија, дека криминалот е неисплатлив, ние сега создаваме решенија коишто ќе бидат системски, од коишто некој утре ќе може да ги гони функционерите од оваа власт, одговорни политичари така размислуваат. Во Кривичниот законик којшто ќе го изгласаме во петок се заострени сите казни, ние одлучивме како пратеници согласно уставните надлежности да предложиме повисоки законски казни, затоа што еднаш засекогаш мора да покажеме дека секој во оваа држава треба да знае дека треба да работи по закон, и нема недопирливи, правдата треба да ги стигне сите“, дециден е Стојаноски.

Македонија | пред 2 месеци

media-libraryc69fk8fap3mv8r2vDTR

Стојаноски: Измените на Кривичниот законик се преодно решение за да се спречи амнестија на криминал во над 200 предмети

Бојан Стојаноски, пратеник од редовите на ВМРО-ДПМНЕ во вечерашното гостување во „Тема на денот“ на Сител телевизија изјави дека измените на Кривичниот законик претставуваат преодно решение, произлезено од одлуката на Уставниот суд донесена во февруари оваа година, со која на Собранието му беше наложено до крајот на годината да го измени законот.Стојаноски појасни дека во Министерството за правда е формирана работна група која интензивно работи на изработка на целосно нов Кривичен законик, усогласен со европските директиви и стандарди, чија примена се очекува во 2026 година.Тој додаде дека пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ поднела предлог-измена со цел да се спречи поништување на одредби од Кривичниот законик, што би довело до целосна амнестија на активните судски предмети и би се создала сериозна правна празнина.„Во државава во моментов има 2 процеса од аспект на Кривичен законик. Еден којшто се припрема во Министерството за правда и којшто е дел од Реформската агенда, тој ќе биде донесен 2026 година. И ова преодно решение што ние како група на пратеници го поднесовме за да спречиме амнестија на еден поголем дел на група на луѓе коишто сториле кривични дела под овие квалификативи, но и за да ја обезбедиме правната држава барем додека не го донесеме новиот КЗ“, истакна Стојаноски.

Македонија | пред 3 месеци

media-librarydbusf2oq0ae4aiA6HPO

Стојаноски: Европската комисија предвидува раст на БДП во следните две години, што претставува силна потврда за добрите и одговорни политики што Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ ги спроведува

Бојан Стојаноски, пратеник од редовите на ВМРО-ДПМНЕ во гостување во емисијата „За или против“ на Алфа телевизија истакна дека Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ веќе испорачува конкретни и мерливи резултати во економијата. Тој додаде дека 55.000 студенти ќе добијат ваучери за набавка на технолошки уреди, додавајќи дека есенската економска прогноза на Европската комисија предвидува раст на БДП во следните две години, што претставува силна потврда за добрите и одговорни политики што Владата ги спроведува.„Денес имаше две добри вести од аспект на економијата. Првата е што конкретно студентите ќе можат да добијат средства за да може да набават технолошко помагало, 55.000 студенти, сите ќе добијат средства за да набават технолошко помагало, нешто што е многу позитивно и е наше ветување. Втората е  економската прогноза на Европската комисија која што ги потврдува добрите владини политики“, вели пратеникот Стојаноски и додава:„Ние кажавме дека нашата економска филозофија ќе се темели на три столба. Првиот е реализација на капитални инвестиции, приватна потрошувачка, подигнување на животниот стандард и засилување на приватното стопанство. Европската комисија дава позитивна оценка за сите три дела, нешто што за мене е дополнителен мотив да продолжиме и понатака да работиме во оваа насока“.

Македонија | пред 4 месеци

media-library8h0ggq4snitr1XsVQoR

Стојаноски: Овој Предлог-буџет е јасна слика дека Македонија ќе се развива интензивно како држава која произведува, гради и привлекува капитал

На денешната седница во Собранието за Предлог-буџетот за 2026 година се обрати пратеникот од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Бојан Стојаноски кој на самиот почеток истакна дека Предлог-буџетот за 2026 година опфаќа политика на раст, фискална консолидација и вложување во развојни проекти како и дека со овој Предлог-буџет се покажува дека Македонија ќе стане држава која произведува, гради, инвестира, и привлекува капитал.„Овој буџет е крвна слика на економската политика што ја води оваа Влада а тоа е политика на раст, политика на фискална консолидација и политика во вложување на човекот и развојните проекти. Ова е буџет кој покажува што сакаме да стане Македонија а тоа е  држава којашто произведува, која гради, која инвестира, која привлекува капитал, држава којашто го намалува дефицитот и долгот преку раст и дисциплина, а не преку нови сметки на грбот на граѓаните“, рече Стојаноски.Стојаноски посочи дека со овој Предлог-буџет се очекува просечната нето плата да порасне над 6,5% а бројот на вработени да се зголеми за 1,6% со што невработеноста би се намалила на 10%.„Се очекува просечната нето плата да порасне над 6,5%, а бројот на вработени да се зголеми за 1,6%, со што невработеноста треба да се спушти на околу 10%. Вкупните приходи во државната каса за 2026 година се планирани на околу 374,9 милијарди денари, а вкупните расходи на 414,2 милијарди денари. Тоа значи буџетски дефицит од 39,2 милијарди денари, или 3,5% на БДП, што е пониско од 2025 година, кога изнесуваше 4% и 41,3 милијарди денари. Даночните приходи и придонесите заедно достигнуваат 335,9 милијарди денари, што е 16,7 милијарди повеќе раст од околу 5,3% во однос на ребалансот 2025“, рече Стојаноски и додаде:„Разликата од минатото е во следново, тогаш се задолжуваа за да преживеат месец за месец, денес задолжувањето е планирано, со јасни цели отплата на стари скапи долгови и финансирање капитални проекти. За 2026 година се планирани 52,6 милијарди денари за плати или зголемување од 3,6 милијарди денари, односно 7,5% во однос на ребалансот. Тоа значи повисоки плати за наставниците за професорите, за здравствените работници, за полициските службеници, и за работниците во оваа држава“.На крај Стојаноски објасни дека трансферите кон општините би се зголемиле на 36 милијарди денари, социјалните трансфери и пензии за 13 милијарди денари со што пензиите за 9,7%.„Трансферите кон општините се зголемуваат на 36 милијарди денари, или 7,4% повеќе од ребалансот, социјални трансфери и пензии се зголемуваат за 13 милијарди денари, и тоа пензиите за 10  милијарди денари односно 9,7%. Кога ќе го погледнеме буџетот за 2026 година бројка по бројка, ставка по ставка, сликата е јасна има реални приходи, контролирани расходи, дефицит што се намалува, високи капитални инвестиции, раст на плати и пензии, силна поддршка за општините“, дециден е Стојаноски.

Македонија | пред 4 месеци

media-libraryt700j7pnai3n8wZdPc7

Стојаноски: Со Орце Ѓорѓиевски, проблемите во град Скопје ќе се надминат

„Во вториот круг влегуваме како некој којшто води во 21 општина, од оние условно кажано 27 кадешто се води натпревар помеѓу ВМРО-ДПМНЕ или помеѓу СДСМ. Очекуваме да триумфираме во сите 27, бидејќи во вториот круг апсолутно се боревме за секој човек и за секој глас, очекуваме победа и во Карпош, и во Центар, и во сите други општини каде што сме конкурентни“, истакна Бојан Стојаноски, пратеник од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, во емисијата „Само Вистина“ на Канал 5 телевизија.Стојаноски објасни дека градот Скопје веќе осум години нема адекватен градоначалник и дека со ВМРО-ДПМНЕ, и кандидатот Орце Ѓорѓиевски, тоа ќе се промени, преку план и визија.„Осум години граѓаните на Скопје не виделе како треба да се однесува еден вистински градоначалник на градот. Ние размислуваме за четири години да направиме толку силен квантен скок, за граѓаните да видат и почувствуваат дека има град и како институција којашто се грижи за нив. Имаме план, имаме визија, имаме обезбедено се како што треба и само чекаме за влеземе во Градот и да почнеме да работиме“, рече Стојаноски.Стојаноски посочи дека со кандидатот Орце Ѓорѓиевски, ќе биде инсталиран систем со кој ќе се решат проблемите во областа на градската чистота, јавниот превоз и сите останати проблеми кои ги имаат граѓаните на град Скопје.„Ние оваа кампања не ја водевме колку само да победиме, туку ние неколку месеци размислуваме за што потоа, како одговорна партија, како одговорни луѓе ние ќе инсталираме систем за да никогаш повеќе ова не се повтори и со градската чистота, и со јавниот превоз, и сите овие хронични проблеми коишто ги имаат граѓаните на Скопје. Ние на ова работевме неколку месеци, нашето главно прашање на сето она коешто се случуваше беше што потоа од 3 ноември понатаму, и сме многу подготвени за тоа што следува од тој момент“, дециден е Стојаноски.

Македонија | пред 4 месеци

sinisa-stojanoski

Стојаноски: Направивме многу за ГОБ „8 септември“, реконструкција на хируршкиот блок, модерна опрема и кадровско екипирање

На денешната трибина која се одржа во Штип на тема „Реформи во здравството-Ги градиме темелите на промените“, се обрати Синиша Стојаноски, член на Комисија за здравство на ВМРО-ДПМНЕ и директор на ГОБ „8 Септември“, кој истакна дека е наследена лоша состојба во здравствениот сектор, многу финансиски долгови и затворени одделенија долгови, притоа истакна дека за една година е направено многу во тој дел, со овозможување секој граѓанин да има пристап до здравствените услуги.„Пред една година кога ги наследивме институциите во здравствениот систем сфативме дека навистина треба да повлечеме една линија и да почнеме од почеток. За жал тоа не беше почнување од нула туку од минус. Начекавме институции со големи финансиски долгови, со затворени одделенија, без нови методи и без актуелни методи кои треба да ги задоволуваат потребите на граѓаните како здравствена услуга конкретно на ГОБ 8 септември“, рече Стојаноски.Стојаноски истакна дека сето она што е ветено во предизборието се остварува, со тоа што во секое одделение во ГОБ „8 септември“ е воведена една до две нови дијагностички терапевтски процедури и после 40 години е направено реновирање на хируршкиот блок.„Она што за една година успеавме да го направиме е да се држиме до она што беше предизборно ветување, најпрво да се потрудиме да направиме една рамномерна регионализација, да овозможиме пристап на граѓаните до услугите коишто секоја институција треба да ги нуди и тука морам да признаам дека веднаш наидовме на сериозна поддршка од Фондот за здравствено осигурување, тие имаа навистина слух за потребите на ГОБ „8 септември“. Секое од одделенијата доби задолжение да воведе минимум една до две нови дијагностички и терапевтски процедури, повторно наидовме на слух од Фондот за здравствено осигурување, добивме финансии како од аспект на опрема којашто е модерна и потребна за оваа цел, така и со кадровско екипирање. Се прави комплетна реконструкција на хируршкиот блок. Болницата треба и заслужува да прерасне во регионален центар, делата ќе зборуваат за нас“, вели Стојаноски.

Македонија | пред 8 месеци

stojanoski-2

Стојаноски: СДС се обидува да создаде паника низ државата со слики од пожари во Шпанија

Во емисијата „За или против“ на Алфа телевизија гостуваше пратеникот од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Бојан Стојаноски. Тој говореше за состојбата со пожарите и како државата се справува со ситуацијата и нагласи дека постои основан сомнеж дека најголемиот дел од пожарите се подметнати.„Точно е тоа што го кажува директорот на ДЗС, бидејќи сепак тие луѓе имаат основани информации коишто доаѓаат од теренот, бидејќи се надлежни за таквите случувања. Премногу случајности за да кажеме дека тоа се случува така само од себе. Факт е дека има подметнување на пожарите на теренот низ Република Македонија“, вели Стојаноски и додаде:„Можевме да видиме дека имаше неколку лица којшто беа фатени на лице место, којшто беа уапсени. Неколкумина којшто се обиделе со најразлични материјали да создадат пожар, притоа не успеале и материјалите биле најдени на терен“, рече Стојаноски.Стојаноски истакна дека опозиционата партија СДС, сака да ја искористи оваа тема и кај граѓаните да создаде одреден немир. Пратеникот додаде дека на Фејсбук страната на СДС може да се забележи дека користат слики од пожари во Шпанија, за да прикажат дека истото се случувало во Македонија.„На страницата на опозиционата партија СДС, вие ќе видите дека тие толку нечесно сакаат оваа тема да ја дигнат во јавноста и да создадат кај граѓаните одреден немир или хистерија, да користат слика од пожари во Шпанија за да прикажат дека тоа се случувало во Македонија, за да добијат политички бенефит на две основи. Првата е да покажат дека не биле толку неспособни колку што граѓаните видоа во изминатите седум години, а второ, таа нивна девиза, колку полошо за државата, толку подобро за СДС и да покажат дека државата е неспособна да се справи со тие пожари“, објасни Стојаноски и нагласи дека нашите институции, пожарникари, како и војниците и полицајците се на висина на задачите и успеваат состојбата да ја стават под контрола.

Македонија | пред 8 месеци

stojanoski-1

Стојаноски: Граѓаните имаат недоверба во системот заради политиките на СДС и трагедиите кои не резултираа со правда

На денешната Комисија за финансирање и буџет во Собранието, се обрати пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ, Бојан Стојаноски кој дискутираше за поднесените амандмани од опозицијата во врска со финансиските средства за повредените од Кочани.„Најмногу можам да ги разберам нашите граѓани, бидејќи во изминатиот период нашите граѓани беа метафорички изгорени од тоа да се случуваат случаи а правдата никогаш да не дојде. Ги разбираме граѓаните со нивната недоверба кон системот бидејќи навикнати се на такви трагедии по неколку години да нема никаков епилог, никој да не е виновен, да нема обештетување за семејствата, да биде крив кабелот. Затоа што ние ќе направиме за граѓаните, за тоа како ние ќе им помогнеме нека зборуваат делата и воопшто не е важно кој што ќе каже и што ќе не обвини додека на крајот од денот се покажува реална помош кон тие што им е најпотребно“, рече Стојаноски.Стојаноски истакна дека со амандманот 148 се бараат финансиски средства од 3 милиони денари за изградба на старечки дом во Кочани, за кој за истиот, Владата обезбедила 199 милиони денари.„Во амандманот 148 се бара да се обезбедат средства од 3 милиони денари за изградба на старечки дом во општина Кочани. Во моментот тој е в.д градоначалник поддржан од вашата пратеничка група, одобрена апликација за дом на стари лица со капацитет од 141 лице, 199 милиони денари. Господинот Крстевски оваа недела ќе го потпише договорот, од наредната ќе почне постапката и ќе почне да го гради. Сте поднеле амандман за 3 милиони, обезбедени се 199 милиони денари“, истакна Стојаноски.Пратеникот истакна дека дел од болницата во Кочани се реконструира, адаптиран е просторот Пониква, а обезбедена е и потребната адаптивна облека која е бесплатна, бесплатно лекување во странство и бесплатни лекови.„Амандманот 202, се бараат средства да се обезбедат за реконструкција на болницата во Кочани. Во овој момент 350м2 од таа болница и неколку оддели се реконструираат, постојат средства во ребалансот за сите овие работи. Адаптиран е просторот во Пониква, обезбедена е бесплатна психолошка поддршка со тим од Скопје на сите оние коишто ќе се обратат до таа. Адаптивните облеки обезбедени се и тие ќе бидат бесплатни, бесплатни лекови има за сите оние на коишто тоа им е потребно, бесплатно лекување во странство и престој за сите оние од најблиско опкружување колку и да е потребно до последен миг, во овој ребаланс има обезбедува средства за ослободување од партиципација“, објасни Стојаноски.

Македонија | пред 8 месеци

stojanoski

Стојаноски: За првпат после долго време, носиме Ребаланс во ситуација кога немаме минус, туку имаме зголемени приходи

Бојан Стојаноски, пратеник од ВМРО-ДПМНЕ, на денешната Комисија за финансирање и буџет, се обрати и истакна дека ребалансот е резултат на анализа, одговорност и јасна визија. Според него, со зголемени приходи и рационално трошење, се вложува во плати, пензии, образование, здравство, транспорт, локален развој и млади. Стојаноски додаде дека ова не е симболика, туку конкретна инвестиција во квалитетен и достоинствен живот за сите граѓани во земјава.,,Ова е порака, порака за нова економска парадигма, порака за домаќинско водење на државните финансии, порака дека не чекаме кризите да не затекнат, туку со рационален пристап и силна политичка волја ги пренасочуваме средствата таму каде што најмногу треба – кај граѓаните. Затоа што буџетот – тоа не се само бројки. Тоа е политика во својата најконкретна форма За првпат после долго време, носиме Ребаланс во ситуација кога немаме минус, туку имаме зголемени приходи“, рече Стојаноски.Стојаноски истакна дека со ребалансот се обезбедуваат дополнителни средства за плати 800 милиони денари, пензии 2,5 милијарди денари и капитални проекти 300 милиони денари, со што се засилува економскиот развој.,,Оваа рамка е показател дека Буџетот не е притиснат и потрошен, туку управуван мудро и рационално. Приходите растат, трошењето е контролирано, а приоритетите се кристално јасни. Овие зголемувања се издржани и поткрепени со реализацијата во првите месеци. Тоа не е симболично – тоа е суштински одговор на потребите на граѓаните“, кажа Стојаноски.Тој посочи дека ова ќе овозможи повеќе луѓе со попреченост да живеат во заедницата, а не во институции, а ќе има повеќе лични асистенти, повеќе дневни центри, повеќе услуги достапни во секоја општина. Тој напомена и дека најважно од се е тоа што значи дека младите не се заборавени, туку активно вклучени во секоја социјална политика.,,Се обезбедуваат средства за ,2 милијарди денари за доизградба на ФИНКИ, ФФК и комплексот на Мајка Тереза, ваучер од 250 евра за секој студент – 55.000 студенти добиваат техничко помагало, реактивирање на проектот „Купи куќа за млади“ односно се зголемува ставката за цели 111%, 307 милиони денари за набавка на 120 нови автобуси, плус 307 милиони денари за изградба на локални патишта, 783 милиони денари повеќе за високото образование, 126 милиони денари плус за инвестиции во образованието, над 80 милиони денари за поддршка на спортот“, истакна Стојаноски.Тој додаде дека овој ребаланс значи вложување во луѓето и иднината, во подобри услови за факултети, студентски домови и училишта, во достапен транспорт и здравство за сите, без разлика каде живеат, во поддршка за културата, енергетска независност и младите. Според него, ова не е трошок туку инвестиција во достоинствен живот.,,Овој Ребаланс мора да биде поддржан. За секој студент што ќе добие лаптоп. За секој пензионер што ќе добие плус. За секое дете што ќе учи во подобро училиште. За секој возрасен што ќе добие лек со нова опрема. За секое семејство што ќе помине по нов локален пат“, посочи Стојаноски.Стојаноски заклучи дека овој документ е резултат на сериозна анализа и политичка зрелост: ,,Овој документ не е направен под притисок. Напротив, тој е резултат на анализа, работа и политичка зрелост. И наместо кратење, да потсетам, имаме дополнителни 300 милиони денари за капитални инвестиции“.

Македонија | пред 8 месеци

sobranie

Стојаноски: Драго ми е што конечно се зборува за тоа колку и какви услуги се достапни, колку километри автопатишта се градат, тоа е едно нормално коешто граѓаните на оваа држава го заслужуваат

На денешната собраниска седница, посветена на пратенички прашања свое обраќање имаше пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ, Бојан Стојаноски. Тој постави три прашања кои се однесуваа до претседателот на Владата, Христијан Мицкоски. Стојаноски праша кои се идните чекори коишто се планирани во насока на подобрување на здравствената инфраструктура, бидејќи како што кажа тој истото е една од општествените сфери кои најмногу ги интересираат граѓаните.„Кои се идните чекори коишто се планирани во насока на подобрување на здравствената инфраструктура и во здравството како сфера воопшто, бидејќи од она коешто може да се види тоа е една од општествените сфери кои најмногу ги интересираат граѓаните“, вели Стојаноски.Стојаноски постави дополнително прашање од енергетиката. Тој праша до каде е процесот за отпочеток на градбата за интерконекторот за гас со Грција, нешто коешто треба да даде енергетска независност на Македонија, како и дополнителни околности за функционирање на нашето стопанство.„До каде е процесот за почеток на градбата за интерконекторот за гас со Грција? Нешто коешто сме го зборувале тука неколку години, коешто треба да даде една енергетска независност, или приклучок на Македонија со гас за да можеме да бидеме и во таа рамка, односно во тој дел, да добиеме дополнителна енергетска независност, како и дополнителни олеснителни околности за функционирање на нашето стопанство и на нашите граѓани“, истакна Стојаноски.Стојаноски смета дека прашањата треба да се однесуваат за реализација на мерки и проекти кои треба да го подобрат животот на граѓаните. Тој додаде дека драго му е што конечно дојдовме до ниво да разговараме за тоа колку и какви услуги се достапни, колку километри автопатишта се градат, и додаде дека тоа е едно нормално коешто граѓаните на оваа држава го заслужуваат.„Сметам дека ова се прашања кои ги интересираат граѓаните. Она коешто се најавува како дискурс во јавноста, што е присутно во медиумите, во ТВ дневниците или порталите. Драго ми е што конечно се зборува за тоа колку и какви услуги се достапни, можеби од аспект на дигитализација на одредена платформа, колку километри автопатишта се градат, дали е потребно да градиме. Дојдовме до тоа ниво, разговараме колку клиники ќе отвориме, или какви болници ќе се градат, каде ќе се градат и сметам дека тоа е едно нормално коешто граѓаните на оваа држава го заслужуваат“, дециден е Стојаноски.

Македонија | пред 9 месеци

stojanoski

Стојаноски: Ќе има надзорна расправа која ќе ги повика на одговорност сите инволвирани кои во изминатиот период не направиле ништо за аерозагадувањето

Моето процедурално обраќање е на членот 1 од Деловникот. Ете повеќе часови слушавме различни дискусии донекаде и театар зошто така, зошто вака. Јас можам да кажам дека го почитувам вашиот повеќечасовен говор и сите дискусии одеа во насока да има надзорна расправа која е неопходна, вели пратеникот од пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ, Бојан Стојаноски во текот на вчерашната седница на Комисијата за мандатно-имунитетни прашања.Тој зборувајќи во контекст на аерозагадувањето и бараната надзорна расправа во врска со истото, потврдува дека ќе има надзорна расправа која притоа ќе служи за да се добијат конкретни одговори, а не да се креира политика.„Ќе има надзорна расправа во која ќе бидат повикани на одговорност согласно Деловникот и дејствијата што ќе произлезат од надзорната расправа за сите инволвирани во изминатите периоди кои не направиле ништо за аерозагадувањето. Но, нема да правиме надзорна расправа за да фрламе некому гума за спасување и да му спасуваме политичка кариера или да го спасуваме од одговорност“, концизен е Стојаноски.Стојаноски потенцира дека таквата надзорна расправа која ја бара опозицијата ќе биде организирана согласно Деловникот и врз неа ниту еден чинител во Собранието нема да може да остави дамка.

Македонија | пред 1 година

Screenshot-2023-01-26-162710

Среде собрание падна кладба меѓу власта и опозицијата за изборите

Пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Бојан Стојаноски, најави дека промената на власта ќе биде многу брзо, по што потпретседателот на Собранието, Горан Мисовски, дел од пратеничката група на СДСМ, му понуди кладба на пратеникот Стојаноски, за која потоа кажа дека е шега.Законот ќе важи еднакво за сите и ќе ви покажеме како ваквите насилници, ваквите силеџии, како што се директорите на затворите, министрите, градоначалници ќе се најдат онаму каде им е местото, само затоа што мислат дека ако имаат функција се над другите граѓани“, кажа Стојаноски по што се врати на местото каде седи.„Ти благодарам Бојан. Може да се кладиме? Да се кладиме за изборите“, праша Мисовски.Откако реагираа другите пратеници со „еееј“, Мисоски рече: „Мала шала, одиме со одговор на второ прашање“.Мисоски го исклучи микрофнот, но бидејќи беше вклучен тој на говорницата, се слушаше дообјаснувањето на потпретседателот на Собранието: „Е па во ручек ќе се кладиме со Бојан. Во ручек“.

Македонија | пред 3 години

Screenshot-2023-01-18-165839

ВИДЕО: Пратеник патуваше 150 километри за да му докаже на министерот за транспорт дека лаже

Бојан Стојаноски од ВМРО-ДПМНЕ во дебата му посочи на министерот Благој Бочварски дека на автопатот Кичево-Охрид дел од трасата од Другово до Извор не е пробиена.„Јас целата траса сум ја поминал, така што вие мене не мора да ме носите на трасата. Можеме слободно кога сакате да направиме увид во градежните активности. Апсолутно не сте во право. Правиме напори да заврши целиот пат. Тоа може во вашите прес-конференции така да изгледа, но на терен не е така“, изјави Бочварски.Денес Стојаноски објави видео од локацијата каде трасата не е пробиена.„Директно од терен - доказ за лагите на власта.На лице место од мостот над селото Попоец, трасата од Другово до Извор, кој ниту е завршен ниту трасата е целосно пробиена како што во текот на нашиот дуел ме убедуваше министерот за транспорт и врски Благој Бочварски.Потребни се предвремени избори што е можно побрзо, за да ги промениме овие неспособни луѓе од власта кои шеста година не можат да завршат еден автопат кој им беше оставен реализиран скоро 50%.Доста е за лаги и манипулации, време е за работа и проекти!“, вели Стојаноски.

Македонија | пред 3 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања