Промени тема
За нас
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...

Стојаноски: Овој Предлог-буџет е јасна слика дека Македонија ќе се развива интензивно како држава која произведува, гради и привлекува капитал

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 месеци -

Македонија
media-library8h0ggq4snitr1XsVQoR

На денешната седница во Собранието за Предлог-буџетот за 2026 година се обрати пратеникот од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Бојан Стојаноски кој на самиот почеток истакна дека Предлог-буџетот за 2026 година опфаќа политика на раст, фискална консолидација и вложување во развојни проекти како и дека со овој Предлог-буџет се покажува дека Македонија ќе стане држава која произведува, гради, инвестира, и привлекува капитал.

— реклама —

„Овој буџет е крвна слика на економската политика што ја води оваа Влада а тоа е политика на раст, политика на фискална консолидација и политика во вложување на човекот и развојните проекти. Ова е буџет кој покажува што сакаме да стане Македонија а тоа е  држава којашто произведува, која гради, која инвестира, која привлекува капитал, држава којашто го намалува дефицитот и долгот преку раст и дисциплина, а не преку нови сметки на грбот на граѓаните“, рече Стојаноски.

— реклама —

Стојаноски посочи дека со овој Предлог-буџет се очекува просечната нето плата да порасне над 6,5% а бројот на вработени да се зголеми за 1,6% со што невработеноста би се намалила на 10%.

— реклама —

„Се очекува просечната нето плата да порасне над 6,5%, а бројот на вработени да се зголеми за 1,6%, со што невработеноста треба да се спушти на околу 10%. Вкупните приходи во државната каса за 2026 година се планирани на околу 374,9 милијарди денари, а вкупните расходи на 414,2 милијарди денари. Тоа значи буџетски дефицит од 39,2 милијарди денари, или 3,5% на БДП, што е пониско од 2025 година, кога изнесуваше 4% и 41,3 милијарди денари. Даночните приходи и придонесите заедно достигнуваат 335,9 милијарди денари, што е 16,7 милијарди повеќе раст од околу 5,3% во однос на ребалансот 2025“, рече Стојаноски и додаде:

„Разликата од минатото е во следново, тогаш се задолжуваа за да преживеат месец за месец, денес задолжувањето е планирано, со јасни цели отплата на стари скапи долгови и финансирање капитални проекти. За 2026 година се планирани 52,6 милијарди денари за плати или зголемување од 3,6 милијарди денари, односно 7,5% во однос на ребалансот. Тоа значи повисоки плати за наставниците за професорите, за здравствените работници, за полициските службеници, и за работниците во оваа држава“.

На крај Стојаноски објасни дека трансферите кон општините би се зголемиле на 36 милијарди денари, социјалните трансфери и пензии за 13 милијарди денари со што пензиите за 9,7%.

„Трансферите кон општините се зголемуваат на 36 милијарди денари, или 7,4% повеќе од ребалансот, социјални трансфери и пензии се зголемуваат за 13 милијарди денари, и тоа пензиите за 10  милијарди денари односно 9,7%. Кога ќе го погледнеме буџетот за 2026 година бројка по бројка, ставка по ставка, сликата е јасна има реални приходи, контролирани расходи, дефицит што се намалува, високи капитални инвестиции, раст на плати и пензии, силна поддршка за општините“, дециден е Стојаноски.


Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

ck-dpmne

Политичка ескалација: ВМРО-ДПМНЕ го обвини Филипче за предавство

Македонија | пред 11 час

media-librarycp21534u4i8raTYzVFr

ВМРО-ДПМНЕ: Член на ЦО на Филипче, станал директор на фирма блиска на семејството Заеви

Македонија | пред 16 часа

media-libraryn3ugtfmiffgkek0Fi1u

ВМРО-ДПМНЕ: Пи-арот на Башановиќ нема да ги спаси СДС, најголемата кампања против нив доаѓа одвнатре

Македонија | пред 16 часа

media-library345jp31ofpbidHYuLh7

Мицкоски за Филипче: „Неговите изјави се за хумор и сатира, не се распаѓа коалицијата со ЗНАМ“

Македонија | пред 1 ден

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања