Бојан Стојаноски, пратеник од редовите на ВМРО-ДПМНЕ во вечерашното гостување во „Тема на денот“ на Сител телевизија изјави дека измените на Кривичниот законик претставуваат преодно решение, произлезено од одлуката на Уставниот суд донесена во февруари оваа година, со која на Собранието му беше наложено до крајот на годината да го измени законот.
Стојаноски појасни дека во Министерството за правда е формирана работна група која интензивно работи на изработка на целосно нов Кривичен законик, усогласен со европските директиви и стандарди, чија примена се очекува во 2026 година.
Тој додаде дека пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ поднела предлог-измена со цел да се спречи поништување на одредби од Кривичниот законик, што би довело до целосна амнестија на активните судски предмети и би се создала сериозна правна празнина.
„Во државава во моментов има 2 процеса од аспект на Кривичен законик. Еден којшто се припрема во Министерството за правда и којшто е дел од Реформската агенда, тој ќе биде донесен 2026 година. И ова преодно решение што ние како група на пратеници го поднесовме за да спречиме амнестија на еден поголем дел на група на луѓе коишто сториле кривични дела под овие квалификативи, но и за да ја обезбедиме правната држава барем додека не го донесеме новиот КЗ“, истакна Стојаноски.
Стојаноски: Измените на Кривичниот законик се преодно решение за да се спречи амнестија на криминал во над 200 предмети
Автор:
Скопје1.мк
објавено пред 4 месеци -
Македонија
Поврзани содржини
Петрушевски: Газдата на СДС Заев се врати, а Филипче како да е во транс и уште си игра претседател, колку побрзо се огради од Заев побрзо ќе ја врати партијата на нозе
Македонија | пред 3 часа
ВМРО-ДПМНЕ: СДС избра статус кво, Заев и натаму ги држи конците
Македонија | пред 5 часа
ВМРО-ДПМНЕ: Тајни средби на Димитријевиќ во Скопје со српските опозиционери Бранко Ружиќ и Јован Ратковиќ за формирање на опозициски фронт по инструкции на Заев и Башановиќ
Македонија | пред 5 часа
Мицкоски од Виена: Определбата на Владата е јасна, градиме економија што создава, а не само троши
Македонија | пред 23 часа