Промени тема
Контакт
„Претрес“ на Најчевска: За „глупите“ и „психопатите“, Шарената револуција, политиката, неуспесите
„Претрес“ на Најчевска: За „глупите“ и „психопатите“, Шарената револуција, политиката, неуспесите

Студентите во Нови Сад повикаа на масовен протест веќе за вечерва

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 7 месеци -

Свет
Screenshot-2025-09-01-at-10.01.08

Студентите кои веќе неколку дена блокираат факултети на Универзитетот во Нови Сад ги повикаа граѓаните на Србија вечерва во 19 часот да им се придружат на голем протест во градот. Тие предупредуваат дека со неодамнешните упади на деканите и полицијата во факултетските објекти е сериозно нарушена автономијата на Универзитетот.

„Србија, можеме ли да се слушнеме?“ – гласи пораката што студентите ја споделија на социјалните мрежи. Како што најавуваат, протестот ќе биде фокусиран во рамките на универзитетскиот кампус, а деталите ќе бидат објавени неколку часа пред почетокот. Тие очекуваат поддршка и од колегите од другите универзитети во земјата.

— реклама —

Незадоволството на студентите избувна поради упадот на полицијата во Филозофскиот факултет и на Факултетот за физичка култура и спорт (ФФК), каде деканите и дел од вработените се наоѓаат со денови.

Пред девет дена, деканот на Филозофски, Миливој Алановиќ, со колеги влегол во зградата, ги сменил бравите и им се заканил на студентите со дисциплински постапки. На негово барање, објектот е обезбеден од полицијата во опрема за разбивање демонстрации.

— реклама —

Во понеделникот, деканот на ФФК, Патрик Дрид, со полиција и неколку маскирани лица насилно влегол во факултетот, кршејќи прозорци.

Во двата случаи имало судири меѓу полицијата, студентите и граѓаните.

Полицијата и жандармеријата во понеделникот употребија шок-бомби за да растераат граѓани кои се враќаа во кампусот по комеморативен собир за трагедијата на железничката станица.

По најавениот протест, Здружението на професионални полицајци апелираше сите учесници – граѓани, студенти и припадници на службата – да се воздржат од понатамошна ескалација и да се свртат кон дијалог.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-library2ro9vqk25vo01oQmliL

Вучиќ и фон дер Лајен разговараа за европскиот пат на Србија

Свет | пред 15 часа

— реклама —
media-library4pds9h0ctsn8cPwbI1B

(Видео) Опозициски критики кон претседателот Вучиќ за односот со Русија

Свет | пред 19 часа

media-libraryomve0170hsuh7Rurym6

Уапсен 20-годишник, осомничен за учество во војната во Украина

Балкан | пред 20 часа

media-libraryo3atpber2kltbOhFQP9

Малолетник фрлил бомба во Крагуевац за 1.000 евра

Свет | пред 21 час

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања