Промени тема
Контакт
„Претрес“ на Најчевска: За „глупите“ и „психопатите“, Шарената револуција, политиката, неуспесите
„Претрес“ на Најчевска: За „глупите“ и „психопатите“, Шарената револуција, политиката, неуспесите

Студентското собрание се извини за говорите на министерката и ректорката, по револтот на студентите

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 година -

Македонија
Screenshot-2025-03-17-at-16.57.42

Студентското собрание на УКИМ се извини за говорите на ректорката и министерката за образование на денешниот протест, што предизвика незадоволство кај дел од собраните студенти.

„Универзитетското студентско собрание при УКИМ испраќа јавно извинување до сите членови на академската заедница во однос на чинот на говори на денешниот настан. Ова е прва наша организација од овој тип и се молиме дека ќе биде последна. Ги прифаќаме сите критики за овој и секој нареден настан, а ние самите ги увидовме. Наредните собири нема да има никакви обраќања“, велат од Студенсткото собрание.

— реклама —

По протестот, рекација стигна од Студенски отпор, од кадешто истакнаа дека собирот не беше момент за политички пораки, туку за тивка почит кон загинатите и солидарност.

„Наместо 7-минутен молк и достоинствено оддавање на почит, како што бараа студентите, ректорката на УКИМ, Билјана Ангелова, и министерката за образование и наука, Весна Јаневска, одлучија да држат говори. Ова се случи и покрај јасниот притисок од студентите да не се користи ваков трагичен момент за говори и политичка самопромоција“, велат од Студентски отпор.

— реклама —

Повикаа идните комеморативни настани да се организираат со вистинска почит и достоинство, без политичка инструментализација.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-librarycmgpv65mgs0jajH1QP3

Скандал на Филозофски факултет: Запишувале студенти на магистерски и докторски студии без диплома

Македонија | пред 1 ден

— реклама —
media-library85bc0dsdhvtfcgEVaiK

Ректорката на УКИМ очекува поголема автономија со новиот закон за високото образование

Македонија | пред 1 месец

ukim

Почнаа уписите на УКИМ, има слободни места за 9719 студенти

Македонија | пред 8 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања