Промени тема
За нас
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...

Судење за „Пулс“: Обвинетите денеска се изјаснуваат за вина

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 3 месеци -

Македонија
media-libraryeu09uf1rl8j36Vf3zOF
YouTube/Print Screen

Во големата судница во Идризово, денеска продолжува судењето за смртоносниот пожар во дискотеката „Пулс“ во Кочани, со клучната фаза – обвинетите да се изјаснат дали се чувствуваат виновни или не по наводите од обвинителниот акт.

— реклама —

За трагедијата што на 16 март однесе 63 животи, а повреди повеќе од 210 лица, се гонат 35 обвинети и три фирми за тешки дела против општата сигурност, при што кривичното дејствие опфаќа период од 2012 година до денот на пожарот. На обвинителната клупа се сопственици и управители на дискотеката, лица од обезбедувањето, градежни и пазарни инспектори, поранешни градоначалници на Кочани, директори на ДЗС, поранешни министри и службеници, обвинети дека со години пропуштале да ги применат пропишаните безбедносни стандарди.

— реклама —

По денешното изјаснување, според Законот за кривична постапка, следува фазата на воведни говори на бранителите и обвинетите. Прва се очекува да се обрати адвокатката Ивана Коцевска, бранителка на првообвинетиот сопственик на „Пулс“, Дејан Јовановски Деко, како и на неговиот син Михаил Јовановски, трет обвинет и поранешен менаџер на дискотеката.

— реклама —

Во процесот учествуваат повеќе од 40 адвокати, па судијката Диана Груевска Илиевска има можност да го ограничи времето за нивните излагања. Очекувањата се воведните говори да продолжат и на следното рочиште на 4 декември.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-libraryal1bf04gcr551aeZsrH

39-ти „Марш на ангелите“ во Кочани: Додека светот го поместува часовникот напред, за нас времето стои

Македонија | пред 4 дена

puls-12

Сведок на судењето за „Пулс“: Општината навремено реагирала и побарала да не се издаде лиценца за работа на објектот

Македонија | пред 5 дена

media-libraryv3901mqr9fc34HuSIWL

Тројца нови сведоци за пожарот во Кочани - продолжува судењето за случајот „Пулс“

Македонија | пред 5 дена

media-libraryeu09uf1rl8j36Vf3zOF

Повторно се одложува судењето против деветте полициски службеници обвинети за пожарот во дискотеката „Пулс“

Македонија | пред 6 дена

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања