Промени тема
За нас
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...

Судиското здружение бара почитување на презумпцијата на невиност на Ѓоко Ристов и заштита на угледот на чесните судии

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 2 месеци -

Македонија
media-librarylmjjohg7e51cb4eGzeh

Здружението на судии на Република Северна Македонија соопшти дека внимателно ги следи настаните поврзани со приведувањето на судија од Апелациониот суд во Скопје и изрази јасна поддршка за надлежните институции во борбата против организираниот криминал и корупцијата, вклучително и сузбивањето на корупцијата на највисоко ниво.

Во соопштението се наведува дека се очекува надлежните органи да спроведат темелна, прецизна и транспарентна истрага, со целосно утврдување на сите релевантни факти и околности, како и евентуалната инволвираност на други лица, доколку таа постои. Од Здружението нагласуваат дека истрагата мора да се води без селективност и со доследно почитување на законските процедури.

Здружението јасно и недвосмислено се оградува од секој корумпиран судија или носител на судска функција кој со незаконско постапување го нарушува угледот и интегритетот на судскиот систем. Воедно, се потенцира дека ваквите појави не смеат да се генерализираат и да се поврзуваат со судиите кои чесно, професионално и одговорно ја извршуваат својата функција, а кои, како што се наведува, претставуваат огромно мнозинство во судството.

Од Здружението бараат целосно почитување и заштита на угледот и достоинството на чесните судии и повикуваат на воздржаност од генерализации кои дополнително ја поткопуваат довербата на граѓаните во правосудниот систем. Се оценува дека истиот принципиелен и одговорен пристап треба да важи и за сите други општествени чинители и функционери склони кон коруптивно однесување, бидејќи токму ваквите појави со години придонесуваат за ерозија на довербата во институциите и во системот во целина.

Здружението на судии нагласува дека останува посветено на јакнењето на владеењето на правото, независноста и интегритетот на судството, како и на враќањето на довербата на граѓаните во правдата и институциите. Во соопштението се потсетува и на уставното начело на презумпција на невиност, кое мора доследно да се почитува во секоја постапка, како еден од темелните принципи на правната држава.

Во актуелниот момент, според Здружението, на граѓаните не им е потребен сензационализам, ниту од страна на органите на прогонот, ниту од политичките структури, туку достоинствен пристап, неселективност, отчетност и целосно почитување на човековите права и европските вредности кон кои се стреми државата.

— реклама —

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-library5sbql1dkvt9leU9lzpl

Убиство во близина на Виница: Ловочувар најден со прострелна рана, четири лица задржани во станица

Македонија | пред 1 ден

media-library56pif6hp19rq8133cK0

И по една година без епилог: Предистрагата за следењето на Мицкоски и медиуми сè уште тапка во место

Македонија | пред 1 седмица

media-libraryifv5pfs81l8ocrmct2t

Продолжен краткотрајниот притвор за Стојанче, осомничен за самоубиството на мајката и детето: се вештачат телефони и се анализираат снимки

Македонија | пред 3 седмици

media-librarys3droijois4v65fZo5A

Деко се жалеше само дека душекот не му е добар, а не на нечовечко однесување, извести кумановскиот затвор

Македонија | пред 3 седмици

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања