Промени тема
Контакт
„Претрес“ на Најчевска: За „глупите“ и „психопатите“, Шарената револуција, политиката, неуспесите
„Претрес“ на Најчевска: За „глупите“ и „психопатите“, Шарената револуција, политиката, неуспесите

Судска корупција на дело: Ексдржавниот правобранител Стафа осомничен за примање поткуп и влијание врз Апелација со 50.000 евра

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 месеци -

Македонија
media-library0dgc1kt8col44DswDr1

Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција донесе Наредба за спроведување истражна постапка против поранешниот државен правобранител Фехми Стафа, кој се сомничи за кривично дело – примање награда за противзаконито влијание.

Според обвинителството, во периодот од октомври до 13 декември 2025 година, осомничениот примил вкупно 50.000 евра со цел да посредува и да го искористи своето реално влијание за интервенција кај судија во Апелациониот суд Скопје, како и преку поткуп да издејствува извршување службено дејствие што не смеело да се изврши.

— реклама —

Истрагата утврдила дека Стафа првично побарал 100.000 евра за да влијае на укинување на мерка притвор определена за лице кое е недостапно на органите на прогонот и против кое ОЈОГОКК води посебна постапка за кривични дела поврзани со јавните финансии, платниот промет и стопанството. На 6 октомври 2025 година тој примил 30.000 евра, кои му ги предала сестрата на лицето во бегство, како прв дел од договорениот износ.

На 13 декември 2025 година, осомничениот директно побарал и примил уште 20.000 евра, наведувајќи дека средствата се наменети за судијата кај кого требало да интервенира. Непосредно по примањето на парите, Стафа бил лишен од слобода, а кај него биле пронајдени и одземени паричните средства.

— реклама —

Јавниот обвинител достави предлог до судијата на претходна постапка при Основниот кривичен суд Скопје за определување мерка притвор, оценувајќи дека постојат сериозни околности кои укажуваат на опасност од бегство, можност за повторување на кривичното дело и влијание врз сведоци или врз текот на постапката.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

krazba

Со тесла упаднал во маркет, украл 52.900 денари, па се обидел повторно: уапсен косовски државјанин

Македонија | пред 2 дена

— реклама —
media-library74m17ss756e5aP4YzoF

Татко и двајца синови осомничени за брутален напад на гробишта во Бутел

Македонија | пред 2 седмици

media-libraryde70q4td32141LUzO8V

Даночна шема тежи стотици милиони: во шемата се и вработени во УЈП, а обвинети се 10 лица

Македонија | пред 2 седмици

media-librarypns8fr8liclt2afyiGo

Битолчанец вработен во училиште осомничен за детска порнографија: истрагата е почната откако Австралија открила ИП-адреси од Македонија

Македонија | пред 2 седмици

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања