Промени тема
Контакт
„Претрес“ на Најчевска: За „глупите“ и „психопатите“, Шарената револуција, политиката, неуспесите
„Претрес“ на Најчевска: За „глупите“ и „психопатите“, Шарената револуција, политиката, неуспесите

Шукова: Карпош ќе дише полесно со нов мост, продолжување на булеварите и функционални јавни претпријатија

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 6 месеци -

Скопје
media-librarykv4qhvuvuaniddQP1O0

Во преполната сала „Партизан“ во Карпош, кандидатката за градоначалничка на Град Скопје, Каја Шукова, ги претстави клучните приоритети на својата програма – функционални јавни претпријатија, уреден сообраќај, повеќе зеленило и современо, дигитално Скопје.

Ова не е само лична кампања, ова е заедничка мисија да изградиме модерно, чисто и функционално Скопје, град што ќе биде наш дом, а не извор на секојдневни нервози, изјави Шукова, нагласувајќи дека решенијата што ги нуди се реални и проверени.

— реклама —

Таа остро се осврна на неуспесите на актуелната градска власт, истакнувајќи дека четири години граѓаните живеат без основни услуги:

Немаме редовно подигање на сметот, немаме вода во високите зони, јавниот превоз е нефункционален, а парковите и улиците се запуштени. Градот го претворија во џунгла.

— реклама —

Шукова најави целосна реорганизација на јавните претпријатија и обновување на постојната инфраструктура:

Ќе го изградиме Скопје по европски терк – град што обезбедува ред, услуга и сигурност.

Во Карпош, најави неколку клучни инфраструктурни проекти: изградба на нов мост, близнак на „Обединети нации“, со шест коловозни ленти и велосипедски и пешачки патеки; поврзување на булеварите „Словенија“ и „Никола Карев“ со современо сообраќајно решение; продолжување на булеварот „Словенија“ до Ѓорче Петров – нова артерија долга 4,5 километри што ќе го поврзе западот и северот на градот и конечно ставање во функција на мостовите „Михаило Апостолски“ и „Љубљанска“.

Ќе воведеме ‘Зона 30’ во густо населени делови, ќе поставиме ЛЕД осветлување, нови велосипедски патеки и ќе ги претвориме запуштените површини во живи скверови и паркови, додаде Шукова.

Таа истакна и дека дигиталните решенија ќе бидат темел на модерното управување со градот:

Смарт Скопје ќе значи знаење кога контејнерите се полни, паметно управување со отпадот, повеќе осветлување и дигитални системи што носат ефикасност и транспарентност.

Ние не ветуваме чуда – ветуваме работа, чесност и резултати што се гледаат, порача Шукова, додавајќи дека со Маја Мојсова во Карпош и тимот на СДСМ, ќе се врати довербата во политиката и гордоста во Скопје.

Во Карпош се родив, тука сум целиот живот и ќе се борам за Карпош и за Скопје што обединува, заврши Каја Шукова.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-library1g39r2uj0nr87gNlSrN

Филипче: Системот е заробен, државата не е зрела да се укине техничка влада

Македонија | пред 17 часа

— реклама —
media-librarybg2m2d9uoo61cgSXoK6

Тренчевска: Законите за минерални суровини да се повлечат, директно го загрозуваат здравјето на граѓаните

Македонија | пред 17 часа

media-libraryar8of96ps6g69CAcNWc

Од погреб прават „таен состанок“, нема средба со Ружиќ, Димитријевиќ бил на погреб, велат од СДСМ до ВМРО-ДПМНЕ

Македонија | пред 21 час

media-librarysflnbqcge91a9i6MjJM

СДСМ со соопштение за нивниот градоначалник во Крива Паланка: Не може да се договарате со Мицкоски, распишете референдум

Македонија | пред 22 часа

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања