Промени тема
Контакт
„Претрес“ на Најчевска: За „глупите“ и „психопатите“, Шарената револуција, политиката, неуспесите
„Претрес“ на Најчевска: За „глупите“ и „психопатите“, Шарената револуција, политиката, неуспесите

Шукова: Отпадот е ресурс, време е Скопје да добие чист и одржлив систем за управување со отпад

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 6 месеци -

Македонија
media-librarynbrkksg7mad07wsWPYR

Кандидатката за Градоначалниќка на Град Скопје, Каја Шукова, во гостување на телевизијата Алсат М, зборуваше за проблемите со отпадот, нечистотијата и дивите депонии во градот, нагласувајќи дека потребни се два паралелни процеси итно чистење на градот и долгорочна поставеност на систем по европски стандарди.

„Мора веднаш да се почне со расчистување на отпадот пред секоја куќа, пред секоја зграда, по целиот град, како и со дивите депонии, каде што ќе воспоставиме контрола за да не настануваат повторно", истакна Шукова.

— реклама —

Според неа, проблемот со Вардариште е еден од најакутните во Скопје.

„Таму мора да имаме 24-часовна заштита, да го преземеме просторот и да започнеме со постепено расчистување. Вардариште, според сите стратешки документи, треба да биде претоварна станица – затоа што мора да имаме претовар на отпадот пред неговото носење во Дрисла“, објасни Шукова.

— реклама —

Таа подвлече дека градот мора итно да воспостави одржлив систем за управување со отпад, кој ќе ја намали количината што завршува на депонии и ќе ја зголеми повторната употреба и рециклирањето.

„Отпадот е ресурс. Мора така сите да почнеме да го гледаме, бидејќи најголемиот дел од отпадот може повторно да се преработи и да се врати во општеството. Пример, градежниот отпад може да се преработи со дробилка и да се искористи при изградба на улици и патишта", рече Шукова.

Во Програмата има предвидено системско реорганизирање на јавните претпријатија и современи решенија по европски стандарди за управување со отпадот во Скопје.

„Овие два процеси мора да одат паралелно акутното чистење на градот и воспоставување нов, траен систем. Само така ќе имаме вистински чист и функционален главен град", рече Шукова.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-libraryovu8bgneal1r3LXwt6I

Филипче: Власта да се откаже од укинување техничка Влада или СДСМ ќе се повлече од работата за Изборниот закон

Македонија | пред 24 минути

— реклама —
media-librarypmuc4rg3to8mcHpc499

„Нова бомба: Зад рудникoт за антимон во Крива Паланка стојат донатори на ВМРО-ОКГ“ , вели Кузеска

Македонија | пред 1 час

vlada-2024-mickoski

СДСМ со закон: Двојно државјанство да не можат да имаат ниту министри, ниту вицепремиери – од моментов!

Македонија | пред 2 часа

media-librarypf1ndbblej5ceh3XlCx

СДСМ: Не се создадени услови за укинување на техничката влада и мора да остане

Македонија | пред 3 часа

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања