Промени тема
За нас
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...

Шут карта: Мицкоски планира промени во Владата, двајца министри под прашалник

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 месеци -

Македонија
media-librarypr5q3897ehvm2VGRnEg

На почетокот на следната година се очекува мала реконструкција на Владата, во која, според неофицијални информации, ќе бидат сменети најмалку двајца министри од актуелниот состав. Промените се очекуваат во Министерството за правда и Министерството за култура, каде премиерот Христијан Мицкоски е најнезадоволен од работата на министрите Игор Филков и Зоран Љутков.

— реклама —

Информациите за можни смени кружат со месеци, но засега Владата официјално не потврдува дека се водат разговори или дека постои конечна одлука. Сепак, Мицкоски уште пред парламентарните избори најави дека ќе има реконструкција на владината постава по стабилизирањето на институциите.

— реклама —

Лидерот на ЗНАМ, Максим Димитриевски, чија партија го предложи Филков за министер за правда, во гостувањето во подкастот „Претрес“ рече дека не слушнал за можни смени и изјави дека е задоволен од работата на Филков.

— реклама —

И покрај тоа, незадоволството на премиерот од овој ресор е тема која периодично се отвора, особено поради недоволниот напредок во реформите во правосудството.

Што се однесува до културата, смената на Зоран Љутков се смета за посигурна, поради низа критики и протести на негови колеги, уметници и културни работници. Последниве месеци Љутков интензивно преку јавни и спонзорирани објави ја промовира својата работа, но тоа не ги намали реакциите во секторот.

Иако од Владата тврдат дека „засега нема договор за замени“, изворите во коалицијата велат дека одлуките ќе се конкретизираат по новогодишните празници, а реконструкцијата ќе биде претставена пред јавноста.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-library7gv0rr7kvesd7n3EQa3

„Партнерството со Унгарија не е формално, туку суштинско и засновано на доверба“, вели Мицкоски

Македонија | пред 8 часа

media-libraryrqak3isi1bg78Y3lWSn

Средба Мицкоски – Орбан: Фокус на економијата и инвестициите

Македонија | пред 12 часа

media-libraryu3ga0lfnq4cf3OW4Uvp

Мицкоски во Будимпешта: Средба со Орбан и бизнис форум за економска соработка

Македонија | пред 19 часа

media-library4ku6rcutg7f3atknCUL

Мицкоски од Охрид: Започна реконструкцијата и модернизација на аеродромот „Св. Апостол Павле“

Македонија | пред 1 ден

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања