Промени тема
За нас
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...

Талески за скандалот на бодигардот на Мицкоски: Кој му ги доставил доверливите информации на Самараков?

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 11 месец -

Македонија

Пратеникот на СДСМ, Миле Талески на денешната собраниска седница посветена на пратенички прашања, упати прашање до министерот за внатрешни работи Панче Тошковски, кое се однесуваше на криминалните скандали со обезбедувањето на премиерот, кои станаа секојдневие.

— реклама —

Во продолжение интегрален текст од прашањето:

— реклама —

Моето трето прашање е поврзано со криминалните скандали со обезбедувањето на премиерот, кои станаа секојдневие.

— реклама —

Ангел Самараков, припадник на најтесното обезбедување на премиерот Мицкоски, беше фатен како оддава доверливи информации. Со докази, со видео, слики. Фатен жив.

Како е можно лице со такво однесување и поврзаност да биде дел од обезбедувањето на премиерот е прашање кое вака лебди во јавноста.

Оти Самараков не е случајна фигура во безбедносниот тим на премиерот. Тој е долгогодишен партиски кадар на ВМРО-ДПМНЕ, неговата сопруга беше кандидат за советник од истата партија.

А не е ниту изолиран случај. Ова е втор скандал за кратко време. Пред само неколку месеци, јавноста дозна дека шефот на обезбедувањето на премиерот физички нападнал полицаец кој бил на должност за време на акција против трговија со дрога.

Овие инциденти министре отвораат сериозни прашања за безбедносниот апарат, но и за можната поврзаност на луѓе од власта со криминални структури.

На неговото ниво, во структурата на МВР, тој немал пристап до таков вид на информации, значи морало да има некој што има пристап, за да му ги даде.

Затоа, Ви ги поставувам следното прашање:

Кој му ги доставил доверливите информации на лицето Ангел Самараков?

Граѓаните имаат право да знаат дали безбедносниот систем воопшто функционира или служи на лични интереси поврзани со подземјето. Мора да има одговорност, транспарентност и итна постапка за расчистување на овие наводи.

Затоа што ова е борба за каква држава ќе бидеме – правна и безбедна, или заробена од мафијата.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-library7gv0rr7kvesd7n3EQa3

„Партнерството со Унгарија не е формално, туку суштинско и засновано на доверба“, вели Мицкоски

Македонија | пред 19 часа

media-libraryrqak3isi1bg78Y3lWSn

Средба Мицкоски – Орбан: Фокус на економијата и инвестициите

Македонија | пред 23 часа

media-libraryu3ga0lfnq4cf3OW4Uvp

Мицкоски во Будимпешта: Средба со Орбан и бизнис форум за економска соработка

Македонија | пред 1 ден

media-library4ku6rcutg7f3atknCUL

Мицкоски од Охрид: Започна реконструкцијата и модернизација на аеродромот „Св. Апостол Павле“

Македонија | пред 2 дена

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања