Промени тема
За нас
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...

Тешка несреќа кај Скопје: Загина возач, друг со тешки повреди

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 месец -

Скопје
Screenshot-2024-12-05-at-15.57.12
Илустрација / Скопје1

Тешка сообраќајна несреќа со фатални последици се случи вчера, вчера доцна попладнето, на стариот пат кон селото Кучевишка Бара. Во директниот судир на две возила едно лице го загуби животот, додека друго е пренесено во болница со тешки телесни повреди.

— реклама —

Според првичните информации, во несреќата учествувале две патнички возила со скопски регистарски таблички – „форд фиеста“ и „фолксваген голф“. Ударот бил силен, а последиците кобни.

— реклама —

Од здобиените повреди, возачот на „форд фиестата“ починал на самото место. Смртта била констатирана од медицинска екипа, која пристигнала по пријавата за несреќата.

— реклама —

Возачот на „фолксваген голфот“ се здобил со тешки телесни повреди и со возило на Итна медицинска помош бил итно пренесен во Комплексот клиники „Мајка Тереза“ во Скопје, на Ургентниот центар, каде му се укажува лекарска помош.

По несреќата, полициски екипи извршиле увид на местото на настанот, поради што сообраќајот на оваа делница бил привремено пренасочен. Причините за судирот се утврдуваат.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-library6t3i1sderu153qZVLGp

Акциска контрола на МВР: 43 санкционирани возачи за пречекорена брзина

Македонија | пред 11 час

media-librarydjbok6g6h1b9ezkKqGJ

Уапсени осум возачи: шест биле без возачка, а двајца пијани

Македонија | пред 14 часа

policija-policaec-35-450x270-1

Тепачка во Карпош, кога полицијата интервенирала едно од лицата се заканувало кон службеник, па го привеле

Македонија | пред 16 часа

media-libraryet16s6jn6mqrdKXXpd4

Скопјанец ѝ се заканувал на мајка си, приведен

Скопје | пред 16 часа

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања