Промени тема
За нас
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...

Тешка несреќа на патот Прилеп–Градско: 11-годишно дете во критична состојба

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 8 месеци -

Македонија
IMG_5168

Тешка сообраќајна несреќа се случи попладнево на експресниот пат Прилеп–Градско, при што автомобил „Фолксваген Поло“ со скопски регистарски таблички излетал од коловозот и паднал околу 40 метри во населено место, информираат од Основното јавно обвинителство Велес.

— реклама —

Според првичните информации, возачот изгубил контрола во остра лева кривина, поминал преку веќе оштетена делница од заштитната ограда и излетал од патот.

— реклама —

Во несреќата тешко е повреден возачот, а едно 11-годишно дете се наоѓа во критична состојба. И двајцата се префрлени на Клиничкиот центар во Скопје. Третиот сопатник во возилото, кој се здобил со полесни повреди, бил згрижен во велешката болница.

— реклама —

На местото на несреќата увид извршил јавен обвинител, кој издал наредби за:

• технички преглед на возилото,

• тестирање на возачот за присуство на алкохол,

• како и прибирање на биолошки и други траги за натамошна истрага.

Од Обвинителството велат дека се работи на целосно расветлување на околностите под кои дошло до несреќата.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-library0ddgp6ifppvj5B4H2qq

Детали за сообраќајката во која загина едно лице

Македонија | пред 2 седмици

media-library0ddgp6ifppvj5B4H2qq

Едно лице загина во тешка сообраќајка на патот Кочани-Виница, сообраќајот во прекин

Македонија | пред 2 седмици

media-libraryr08d1ofls4248G8ipwP

Осумнаесетгодишна возачка осудена на 14 месеци во воспитна установа откако со брзо возење усмрти двајца пријатели

Свет | пред 2 седмици

media-libraryv7cmtb6vtpk36o8Lf7l

(Фото) Сообраќајка во Ново Лисиче

Скопје | пред 2 седмици

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања