Промени тема
За нас
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...

Техеран ги обвини Емиратите за соучесништво во нападите

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 седмица -

Свет
media-librarysglnvqmhqpe25uoj0cx

Иран официјално побара обештетување од Обединетите Арапски Емирати, обвинувајќи ги дека дозволиле американски напади врз иранска територија да бидат извршени од нивна територија.

— реклама —

Во писмо до генералниот секретар на Обединетите нации, иранскиот амбасадор при ОН, Амир Саид Иравани, наведе дека ваквата одлука на ОАЕ претставува прекршување на меѓународното право и повлекува „државна одговорност“.

— реклама —

Техеран смета дека Емиратите имаат обврска да ја надоместат целокупната материјална и нематеријална штета предизвикана од нападите.

— реклама —

Паралелно со дипломатската офанзива, Иран продолжува со напади во регионот на Персискиот Залив. Шефот на иранската дипломатија, Абас Аракчи, изјави дека нападите во близина на урбани подрачја се последица на преместувањето на американските сили од воени бази во хотели во градските средини.

Тој призна дека земјите од регионот се вознемирени и дека има жртви, но одговорноста за почетокот на конфликтот ја лоцираше кај Соединетите Американски Држави.

Според податоците од емиратското Министерство за одбрана, земјите од Персискиот Залив се соочиле со повеќе од 2.000 напади со ракети и дронови, насочени кон дипломатски мисии, воени бази, нафтена инфраструктура и цивилни објекти.

Само кон Обединетите Арапски Емирати биле истрелани 189 балистички ракети и 941 дрон, од кои поголемиот дел биле пресретнати, но најмалку 71 дрон погодил цели на територијата на државата.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-libraryrhfnvbj6ievfeNpGhYp

Претседателот на Египет до Трамп: „Ве молам, запрете ја војната“

Свет | пред 10 часа

media-libraryoilhi33moenp3cStO1e

Стармер: Британија нема да испрати војници во Иран

Свет | пред 10 часа

media-library7b2po1sthnnv8xXcDjJ

Рубио со жестока порака до Иран: „Ова нема да се дозволи“

Македонија | пред 10 часа

media-libraryu2851kdd8n807FhzUcJ

Иран потврди смрт на важен командант

Свет | пред 14 часа

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања