Промени тема
Контакт
„Претрес“ на Најчевска: За „глупите“ и „психопатите“, Шарената револуција, политиката, неуспесите
„Претрес“ на Најчевска: За „глупите“ и „психопатите“, Шарената револуција, политиката, неуспесите

„Тие 10 минути можеби беа клучни за брат ми“, мајката на Андреј раскажа и за траумата на помладиот син Кристијан

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 3 месеци -

Македонија
media-libraryfiob5em6ju9tePxmG6t

Пред судот денес сведочеше Марија Петрушева, мајката на 24-годишниот Андреј кој загина во трагедијата во „Пулс“ во Кочани, и на неговиот помал брат Кристијан, кој ја преживеа несреќата. Таа раскажа како семејството и денес се соочува со тешки последици — особено Кристијан, кој чувствува силна вина што не успеал да го спаси брат му.

„Кристијан денес има кошмари и вели: ’Тие 10 минути додека спасував други животи, можеби беа клучни за брат ми‘. Најтешка е тежината што ја чувствува за загубата,“ сведочеше Петрушева.

— реклама —

Таа објасни дека Кристијан, кој во моментот на пожарот бил излезен надвор, повеќепати се враќал во внатрешноста на објектот — извлекувајќи луѓе од чадот и огнот, додека очајно го барал брат му.

Во исказот, мајката зборуваше и за трауматичното искуство во амбулантното возило.

— реклама —

„Таа вечер, кога го нашле брат му, го качиле во амбулантна кола заедно со едно мртво дете и едно тешко повредено. Тие трауми што ги доживеа во тоа возило беа преголеми. Не сакавме повторно да ги преживува истите моменти,“ рече таа, објаснувајќи зошто подоцна одбиле да биде пренесен со возило во Скопје.

Кај Кристијан били утврдени траги од јаглерод моноксид, а од стрес и чад му се активирале полипи на носот, поради што во мај морал итно да биде опериран. Во болницата, шокот бил толку силен што, како што раскажа мајката, од бес и очај скршил стакло.

Петрушева сведочеше и за моментот кога ја видела телото на Андреј во болничката соба.

„Мамо, не успеав да го спасам брат ми…“ — со тие зборови ме пречека Кристијан,“ рече таа.

Потоа се соочила со сцена која ја опиша како „хорор“.

„Цел ходник беше со легнати деца – кои исцрнети до непрепознавање, кои изгорени…“ сведочеше таа.

Андреј лежел на вториот кревет до прозорецот.

„Изгледаше толку живо што не верував дека е мртов. Почнавме да му даваме вештачко дишење. Тој испушташе некои необични звуци, мислев дека се враќа, мислев дека го оживуваме… Умот не ми даваше да се помирам,“ раскажа мајката.

Лекарот кој бил повикан дополнително само констатирал дека тој веќе се лади, а потоа потврдил дека и другите три деца во собата се починати.

На крај од сведочењето, таа упати лична и болна порака.

„Животот ми е поделен на пред и по 16-ти март. Агонијата е се поголема. И сега, во овој момент, можам да кажам дека му завидувам на една личност која е најодговорна за смртта на моето дете – бидејќи неговиот син е до него, а моето дете не напушти.“

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-library6qjfqdevu3o39AJNWkz

„Бев легната на земја, заглавена меѓу излезната и влезната врата, ме извлече член на обезбедувањето“, вели сведок од „Пулс“

Македонија | пред 16 часа

— реклама —
media-library5f5tqnksrq4edMLkyjp

Дел од родителите на загинатите деца од „Пулс“ бараат враќање на Трајчева во предметот против полицајците, Советот на обвинители се прогласи за „ненадлежен“

Македонија | пред 1 ден

media-library5p3mkbsoocij3Y8UIgD

Не знаевме дека казнуваме згасната фирма наместо „Пулс“, се бранат обвинетите полицајци

Македонија | пред 2 дена

media-library0vj4nv0artmi2RzY2fJ

Брза помош интервенираше на рочиштето за „Пулс“: Влошена состојба на Дејан Јованов-Деко

Македонија | пред 2 дена

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања