Промени тема
За нас
Болници, лекови, специјализанти, закон за пушење, Брза помош, хаосот: „Претрес“ на министерот Алиу
Болници, лекови, специјализанти, закон за пушење, Брза помош, хаосот: „Претрес“ на министерот Алиу

Тошковски: Благодарност до сите што учествуваат во гаснење на пожарите

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 година -

Македонија
2-1

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски заедно со директорот на Центарот за управување со кризи Стојанче Ангелов денеска беа на планината Серта, каде изминатите денови се справуваме со активен пожар од голем размер.

— реклама —

"Состојбата е значително подобрена, но се уште има жаришта кои горат, како што е жариштето зад военото стрелиште Пенуш во правец на Криволак. Благодарност до сите што учествуваат во гаснењето на пожарите што ја зафатија нашата Македонија. Вашата пожртвуваност и напорна работа се непроценливи. Посебна благодарност до Даре, доброволец од Дирекцијата за заштита и спасување, кој денеска при гаснењето на пожарот ја скршил раката, но и покрај тоа остана со своите колеги до крајот на денот. Даре е вистински херој и пример за сите нас, а неговата храброст и посветеност инспирираат“, рече министерот Тошковски.

— реклама —

Министерот Тошковски исто така беше и во селото Пухче, кое се наоѓа од другата страна на Серта во правец на Штип, каде исто така има пожар.

— реклама —

„Апелирам до сите граѓани да избегнуваат движење во шумите и секое сомнително движење или сомнителна активност од било кого да го пријават во полиција. Шумите се нашето природно богатство и заедно треба да ги чуваме и штитиме.“, потенцираше министерот Тошковски.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-librarydjbok6g6h1b9ezkKqGJ

Уапсени 16 возачи, 12 од нив возеле без возачка

Македонија | пред 13 часа

puska

Вработени во ловечко друштво давале дозволи за лов на ловишта иако немале договор за концесија - поднесена кривична пријава

Македонија | пред 13 часа

puska

Бегал од полиција и од возилото фрлил ловечка пушка - полицијата ја пронајде и одзема

Македонија | пред 14 часа

petardi

Пред кафеана, на импровизирана тезга продавал пиротехника

Македонија | пред 14 часа

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања