Промени тема
За нас
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...

Тошковски: Стабилна безбедносна состојба, СВР Скопје спремен да гарантира безбедни избори

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 година -

Македонија
Screenshot-2024-02-24-at-16.58.02

Денеска (05.04.2024), министерот за внатрешни работи го посети седиштето на Секторот за внатрешни работи Скопје кој е најголем сектор во државата и го покрива подрачјето на главниот град со околните општини, каде одржа работен состанок со раководството.

— реклама —

Од страна на раководството министерот беше запознаен со нивната тековна работа, состојбата од аспект на пополнетост со човечки ресурски која е на релативно ниско ниво, особено во делот на униформирани полициски службеници, материјално-техничката опременост, како и преземените мерки во врска со позначајните кривично-правни настани кои се случија во изминатиот период.

— реклама —

„Во таа насока во месец март се поднесени 306 кривични пријави, а во последните денови како позначајна реализација ја издвоија кривичната пријава за “Бесправно градење“ по чл. 244а од КЗ против лицето А. Е. кој без да поседува одобрение за градба започнал со доградба и надградба на објект лоциран на плоштад "Скендербег" во Општина Чаир.

— реклама —

Што се однесува до организирање и спроведување на претстојните избори бев известен дека СВР Скопје ги презема сите потребни мерки и ќе одговори на овој безбедносен предзвик и покрај фактот што се соочуваат со сериозен недостаток на човечки ресурси и моторни возила потребни за непречено функционирање.“, извести министерот Тошковски.

Од страна на министерот Тошковски уште еднаш беше потенцирана заложбата за работење исклучиво во согласност со позитивните законски прописи и дека тоа е едиствено нешто што тој го бара од полициските службеници во наредниот период.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-library944vbacg21khfMnxRFr

(Видео) Тошковски до Пашоли: Како ви текнува, се будите од сабајле и оп, сејф сити само Албанците ги фаќа?

Македонија | пред 4 дена

media-libraryqprblqreu5ireZw6m9B

Тошковски: „Нула корупција во полицијата“ – промовиран Планот за професионален интегритет 2026–2028

Македонија | пред 5 дена

media-libraryni4kt2dv56qi1kA6qeJ

Тошковски барал да се отвори истрага за лажните боледувања во МВР: Ми беше како трн во око

Македонија | пред 6 дена

media-libraryj94lg76ne2446vgQSul

Тошковски за случајот со Анакиев: Нема недопирливи, секој којшто ќе се огреши со рекетирање и корупција ќе одговара

Македонија | пред 6 дена

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања