Промени тема
За нас
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...

Тошковски: Управниот суд донесе пресуди со кои поништи три незаконски одлуки на Владата

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 2 години -

Македонија
Screenshot-2024-02-24-at-16.57.46

,,Управниот суд донесе пресуди со кои поништи три незаконски одлуки на Владата. Станува збор за две решенија за формирање на комисии за распоредување и една телеграма за спроведување на интерен оглас за пополнување на слободни работни места во МВР донесени од моја страна, а кои беа незаконски поништени од страна на Владата.

— реклама —

Имено, Управниот суд оцени дека тужениот орган, односно Владата при донесување на оспорените одлуки сторила повреда на правилата на постапката, предвидени со член 48 од Законот за Влада, од причина што во ситуација на несогласување помеѓу министерот и дополнителниот заменик во Министерството за внатрешни работи кое произлегува од доставените известувања на дополнителниот заменик на министерот во врска со тоа дали предметните акти кои се донесени од министерот претставуваат правно, финансиски и кадровско прашање кое се однесува на организација на изборите, Владата се впуштила во оценување на законитоста иако била должна да ги упати страните ова спорно прашање да го решаваат пред Државната изборна комисија која е должна во рок од 24 часа да донесе одлука и истата да ја проследи до Министерството. Според наоѓање на судот, ДИК е единствено надлежен орган да утврди дали актот спаѓа во групата на акти кои се одобруваат од дополнителниот заменик во МВР.

— реклама —

Со вака донесените пресуди Управниот суд потврдува дека предметните акти донесени од моја страна се во согласност со Законот за Влада и другите закони и подзаконски акти кои ја регулираат оваа материја, а во исто време Владата постапила спротивно на законот односно погрешно го применила материјалното право.", вели Панче Тошковски.

— реклама —

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-library944vbacg21khfMnxRFr

(Видео) Тошковски до Пашоли: Како ви текнува, се будите од сабајле и оп, сејф сити само Албанците ги фаќа?

Македонија | пред 4 дена

media-libraryqprblqreu5ireZw6m9B

Тошковски: „Нула корупција во полицијата“ – промовиран Планот за професионален интегритет 2026–2028

Македонија | пред 5 дена

media-libraryni4kt2dv56qi1kA6qeJ

Тошковски барал да се отвори истрага за лажните боледувања во МВР: Ми беше како трн во око

Македонија | пред 6 дена

media-libraryj94lg76ne2446vgQSul

Тошковски за случајот со Анакиев: Нема недопирливи, секој којшто ќе се огреши со рекетирање и корупција ќе одговара

Македонија | пред 6 дена

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања