Промени тема
За нас
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...

Трагедија во Иран: Во напад загинаа 20 одбојкарки

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 седмици -

Свет
media-library1eicd9j48lsod6kytCA

Ирански медиуми јавуваат дека за време на викендот во напад на спортска сала во Ламард, во покраината Фарс, загинале 20 млади одбојкарки, а над 100 лица се повредени. Меѓу жртвите има и деца, а бројот на загинати бил зголемен по првичните извештаи. FIVB изрази длабока загриженост и сочувство и го осуди страдањето. Федерацијата формира работна група за координација на хуманитарна помош и мерки за безбедност, и повика на дијалог, деескалација и мирно решение.

Текстот е автоматски генериран со помош на вештачка интелигенција

Според наводите на иранските медиуми, за време на викендот во напад на спортска сала во градот Ламард, на југот на Иран, загинале 20 млади одбојкарки, додека повеќе од 100 лица се повредени.

— реклама —

Информацијата првично ја пренесе телевизискиот канал Al Mayadeen, повикувајќи се на локални извори, а потоа веста ја потврдија и други медиуми.

— реклама —

Нападот се случил во покраината Фарс, а според истите извори, меѓу загинатите има и деца кои во моментот на ударот се наоѓале во салата. Првичните извештаи говореле за повеќе од 15 жртви, по што бројот подоцна бил зголемен.

— реклама —

По овој повод реагираше и FIVB (Меѓународната одбојкарска федерација), која изрази длабока загриженост и го осуди страдањето на младите спортистки.

Во соопштението се наведува дека FIVB е „шокирана и исклучително загрижена од извештаите дека неколку млади одбојкарки во Иран ги загубиле животите како резултат на влошената безбедносна ситуација на Блискиот Исток и поширокиот регион“.

Изразуваме најдлабоко сочувство до семејствата на загинатите и до сите кои се погодени од оваа криза што се развива“, се истакнува во соопштението.

FIVB формираше посебна работна група со цел во реално време да ја координира хуманитарната помош и да ја обезбеди безбедноста на одбојкарките, одбојкарите, тренерите, стручните штабови и волонтерите кои се наоѓаат во погоденото подрачје, во соработка со влади, невладини организации и други релевантни тела.

На крајот, од светската куќа на одбојката порачаа дека силно веруваат во значењето на соработката, дијалогот, мирот и солидарноста, со апел до меѓународната заедница да придонесе за деескалација и пронаоѓање мирно решение.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

nafta

ЕУ алармира: подгответе се за долготрајни нарушувања со нафтата

Македонија | пред 24 минути

media-libraryuah5ngfuo4nc9vCIa1H

Трамп до Европа: „Сами борете се, Америка нема да ве спасува, не бевте со нас - нема да бидеме со вас“

Свет | пред 1 час

makron-tramp

Трамп удри по Франција: „Многу некорисни, Америка ќе памети“

Свет | пред 1 час

media-library0tv2sf09hclh73fKQOC

САД со масивни удари: Уништени илјадници цели во операцијата „Епски бес“

Свет | пред 1 час

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања