Промени тема
Контакт
„Претрес“ на Најчевска: За „глупите“ и „психопатите“, Шарената револуција, политиката, неуспесите
„Претрес“ на Најчевска: За „глупите“ и „психопатите“, Шарената револуција, политиката, неуспесите

ЕУ алармира: подгответе се за долготрајни нарушувања со нафтата

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 3 седмици -

Македонија
nafta

Европска комисија ги повика земјите членки навремено и координирано да се подготват за можни нарушувања во снабдувањето со нафта, со цел да се зачува стабилноста на пазарот и да се избегнат мерки што би ја зголемиле потрошувачката на гориво.

Еврокомесарот за енергија Дан Јоргенсен во писмо до министрите за енергетика истакна дека снабдувањето засега е сигурно, но предупреди на ризик од долготрајни пореметувања поради кризата на Блискиот Исток и состојбите во Ормутски теснец.

— реклама —

„Мораме да делуваме веднаш и заеднички“, се наведува во пораката.

Комисијата нагласува дека ЕУ е релативно подготвена благодарение на обврските за стратешки резерви и планови за вонредни ситуации, но бара засилена координација и континуирано следење на пазарните движења.

— реклама —

Од земјите членки се бара:
да обезбедат тесна координација и размена на информации,
да преземат мерки за намалување на побарувачката, особено во транспортот,
да избегнуваат политики што го нарушуваат слободниот проток на нафтени деривати,
да се воздржат од мерки што ја зголемуваат потрошувачката на гориво.

Дополнително, се препорачува одложување на ненужните ремонти на рафинериите за да се зачува снабдувањето, како и зголемување на употребата на биогорива како алтернатива.

Министрите за енергетика на земјите членки ќе одржат и видео-конференција за координиран одговор на состојбите на енергетскиот пазар.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-libraryit4682i4548j11F1nU1

„Имам добри вести“ – Трамп најави помилување на демонстрантки во Иран

Свет | пред 9 часа

— реклама —
lopta-fudbal

Иран сепак ќе настапи на Светското првенство во САД

Спорт | пред 10 часа

media-libraryjqohdp9bsumjckdoiza

Трамп: Иран може да добие уште три до пет дена

Свет | пред 10 часа

media-library4md44j2raa565nJ5iCE

Цените на нафтата надминаа 101 долар поради тензии во Ормускиот теснец

Свет | пред 11 час

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања