Промени тема
За нас
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...

Tрагедијата во Кочани е резултат на нашето толерирање на опасното живеење, немањето елементарни стандарди, попустливост, бахатост и отсуство на свест за одговорност

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 година -

Коментари
Screenshot-2025-03-16-at-07.49.25

Адвокатот и поранешен кривичен судија, Владимир Туфегџиќ, посочи дека трагедијата во Кочани е резултат на нашето толерирање на опасното живеење, прогледување низ прсти од фискални причини на “дивоградби”, немањето елементарни стандарди, попустливост, бахатост и отсуство на свест за одговорност.

— реклама —

„Отсуството на професионализам, етика, морал и одговорност не доведоа до состојба што ние воопшто не сме свесни ниту одговорни кон сопствените животи, не умееме да препознаеме опасност поради трка за профит и пари, се е кај нас “ај бе нема везе иам чоек, ќе свршиме работа”.

— реклама —

После секоја трагедија нашата реакција освен првичниот коментар “ страшно и трагично“, наредното е “добро е мене не ми се случи”, ќе ти се случи пријателе само не знаеш кога.

— реклама —

Од ниту една трагедија не извлековме поука, немаме капацитет за тоа.

Од сите трагедии што ни се случиле не ги памтиме жртвите, никогаш не ги дознавме вистинските причини, туку памтиме кој вршел опструкција на постапката, кој политичар што кажал и за кој “кабел” се фатил и за кого ургирал.

Се сеќавате на трагедијата во Тетовската болница,одма од политичка говорница беше огласен за виновен “кабелот” и така заврши, а тоа што објектот не е соодветен за болница него за трафика нема везе, битно да го спасиме “нашиот”.

Минатото лето во Радишани во див објект за прослави и веселби, со тарифа од 200 евра за 6 часа, нормално со логистика за “кинење” пријави за нарушување на јавен ред и мир, без било какви стандарди и дозвола за работа, пуштајќи музика од струен удар загина младо дете Љупчо Лешко и во опасност беа доведени уште 30-тина деца, никоме ништа, истрагата трае.

Јавниот обвинител иако му се доставени докази, нема намера да помисли да спроведе истрага во која ќе ги повика сопственикот и менаџерот на дивиот објект, ангажираниот вештак случајно или не дојде само до “продолжниот кабел”, исто како во Тетовската болница, а тоа што немало заземјување и струја шетала секаде по вода и по земја, нема везе, пиши “несреќен случај” не е мое дете, туѓо е, башка дете на Раде и Кети а не дете на некој “чауш”.

Од нас самите зависи дали ќе продолжиме да живееме стихијно по инерција до наредна трагедија или конечно ќе восооставиме ред, сочувство до семејствата на настраданите“, напишпа тој.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-libraryal1bf04gcr551aeZsrH

39-ти „Марш на ангелите“ во Кочани: Додека светот го поместува часовникот напред, за нас времето стои

Македонија | пред 4 дена

puls-12

Сведок на судењето за „Пулс“: Општината навремено реагирала и побарала да не се издаде лиценца за работа на објектот

Македонија | пред 5 дена

media-libraryv3901mqr9fc34HuSIWL

Тројца нови сведоци за пожарот во Кочани - продолжува судењето за случајот „Пулс“

Македонија | пред 5 дена

media-libraryeu09uf1rl8j36Vf3zOF

Повторно се одложува судењето против деветте полициски службеници обвинети за пожарот во дискотеката „Пулс“

Македонија | пред 6 дена

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања