Промени тема
За нас
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...

Трагедијата во „Пулс“ остави подолготрајни траги: преживеани развивале здравствени проблеми месеци по трагедијата

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 месеци -

Македонија
media-library6qjfqdevu3o39AJNWkz
Скопје1.мк

Неколку месеци по трагедијата во дискотеката „Пулс“, дел од присутните на концертот на групата ДНК кои во првите денови не почувствувале никакви повреди почнале да пријавуваат сериозни здравствени последици, меѓу кои и потешкотии со дишењето. Ова денеска го соопшти кочанскиот обвинител Борче Јанев на рочиштето за катастрофалниот пожар во кој животот го загубија 63 лица, а над 200 беа повредени.

— реклама —

„Има случаи каде лица веднаш по пожарот немале никакви симптоми, но по неколку месеци развиле проблеми со дишењето и други здравствени тегоби“, изјави Јанев, оценувајќи дека ова дополнително го потврдува размерот на трагедијата и последиците од вдишаниот чад и токсичните материјали што го исполнувале клубот во критичната ноќ.

— реклама —

Во обвинителниот акт детално се наброени тешките повреди кај преживеаните и причините што довеле до смртта на 63-те млади луѓе. Дел од повредените се деца кои биле во објектот во моментот кога избувнал огнот.

— реклама —

За трагедијата обвинети се 35 лица, кои се товарат за тешки дела против општата сигурност, денеска повторно не се произнесоа дали се чувствуваат виновни. На следното рочиште ќе треба да кажат дали чувствуваат вина.

Судијката најави дека изјаснувањето за вина ќе се одржи на 2 декември, кога е закажано следното рочиште.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-libraryal1bf04gcr551aeZsrH

39-ти „Марш на ангелите“ во Кочани: Додека светот го поместува часовникот напред, за нас времето стои

Македонија | пред 4 дена

puls-12

Сведок на судењето за „Пулс“: Општината навремено реагирала и побарала да не се издаде лиценца за работа на објектот

Македонија | пред 5 дена

media-libraryv3901mqr9fc34HuSIWL

Тројца нови сведоци за пожарот во Кочани - продолжува судењето за случајот „Пулс“

Македонија | пред 5 дена

media-libraryeu09uf1rl8j36Vf3zOF

Повторно се одложува судењето против деветте полициски службеници обвинети за пожарот во дискотеката „Пулс“

Македонија | пред 6 дена

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања