Промени тема
Контакт
„Претрес“ на Најчевска: За „глупите“ и „психопатите“, Шарената револуција, политиката, неуспесите
„Претрес“ на Најчевска: За „глупите“ и „психопатите“, Шарената револуција, политиката, неуспесите

Трајановски: Аеродром ќе добие младински совет, фонд и стратегија за млади

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 6 месеци -

Скопје
media-library1bo7qc8eiqfj6OhRmNG

Александар Трајановски, кандидат за градоначалник од СДСМ, најави силна посветеност кон младите во општина Аеродром, потенцирајќи дека тие ќе бидат во центарот на неговите политики. „Младите се двигател на општеството и затоа ќе создадеме мерки кои директно ќе го подобрат нивниот живот и ќе им отворат нови можности“, рече Трајановски.

Во рамките на својата програма, тој најави креирање Фонд за млади кој ќе обезбедува финансиска поддршка за младите претприемачи и младинските организации, формирање Локален младински совет кој ќе биде гласот на младите во општината, како и изработка на Младинска стратегија и акциски план со јасно дефинирани приоритети.

— реклама —

Дополнително, програмата предвидува поддршка и промоција на младите таленти, развој на услуги за кариерно насочување и преквалификации, модернизација и дигитализација на училиштата, организација на редовни превентивни здравствени прегледи, како и поттикнување културни и спортски настани.

„Драги средношколци, студенти и млади, јас ќе бидам вашиот партнер во креирањето на младинските политики и заедно ќе ги градиме условите за ваш развој и успешна иднина во Аеродром“, порача Трајановски.

— реклама —

Тој нагласи дека со овие мерки младите ќе имаат шанса да ги остварат своите потенцијали и да го градат својот дом токму во својата општина. „Заедно со вас, младите, ќе се избориме за нашиот дом, за нашиот Аеродром!“, заклучи Трајановски.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-libraryovu8bgneal1r3LXwt6I

Филипче: Власта да се откаже од укинување техничка Влада или СДСМ ќе се повлече од работата за Изборниот закон

Македонија | пред 23 минути

— реклама —
media-librarypmuc4rg3to8mcHpc499

„Нова бомба: Зад рудникoт за антимон во Крива Паланка стојат донатори на ВМРО-ОКГ“ , вели Кузеска

Македонија | пред 1 час

vlada-2024-mickoski

СДСМ со закон: Двојно државјанство да не можат да имаат ниту министри, ниту вицепремиери – од моментов!

Македонија | пред 2 часа

media-librarypf1ndbblej5ceh3XlCx

СДСМ: Не се создадени услови за укинување на техничката влада и мора да остане

Македонија | пред 3 часа

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања