Промени тема
Контакт
„Претрес“ на Најчевска: За „глупите“ и „психопатите“, Шарената револуција, политиката, неуспесите
„Претрес“ на Најчевска: За „глупите“ и „психопатите“, Шарената револуција, политиката, неуспесите

Трамп без пари за Газа: само три земји уплатиле средства

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 седмица -

Свет
media-libraryvu8k6ge34h6veaF2D7a

Планот на Доналд Трамп за обнова на Газа се соочува со сериозни финансиски проблеми, откако од ветените 17 милијарди долари досега се обезбедени помалку од една милијарда, пренесува Ројтерс повикувајќи се на извори.

Според информациите, само три земји – Обединети Арапски Емирати, Мароко и Соединети Американски Држави – навистина уплатиле средства, иако вкупно десет држави претходно дале ветувања.

— реклама —

Средствата беа најавени на конференција во Вашингтон, каде беше претставен план за реконструкција на разурнатиот Појас Газа, кој предвидува и воспоставување на ново тело – Национален одбор за управување со Газа (NCAG), поддржан од САД.

Сепак, поради недостиг на пари и безбедносни ризици, ова тело сè уште не може да започне со работа на терен.

— реклама —

Еден од изворите наведува дека војната со Иран дополнително ја влошила ситуацијата и ги забавила напорите за финансирање.

„Во моментов нема достапни средства“, изјавил палестински претставник запознаен со процесот.

Од Одборот за мир ги негираат проблемите, тврдејќи дека станува збор за оперативна структура која обезбедува средства по потреба и дека сите барања досега биле исполнети.

И покрај тоа, проценките покажуваат дека за целосна обнова на Газа ќе бидат потребни околу 70 милијарди долари, што значи дека сегашниот јаз меѓу ветеното и реално обезбеденото финансирање останува огромен.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-libraryp6rje5uv3ftnfCezgky

Трамп поставува рок за Иран: Примирјето нема да трае бесконечно

Свет | пред 13 часа

— реклама —
media-libraryafufp70g9t2p9sVwhVk

Трамп најави дека САД разгледуваат валутна размена со ОАЕ и можен „финансиски потпор“ поради регионалната криза

Свет | пред 20 часа

media-librarymq018hkepk163plbXCY

(Видео) Трамп чита Библија по судирот со папата, нови реакции во САД

Свет | пред 22 часа

media-libraryr05q2iu8g0lnaP5iM8w

Трамп предупредува за сложен процес на извлекување на иранските резерви ураниум

Свет | пред 1 ден

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања