Промени тема
За нас
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...

Трамп даде рок: Хамас има три, четири дена да одговори на планот за Газа

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 6 месеци -

Свет
Screenshot-2025-08-15-at-20.07.31

Американскиот претседател Доналд Трамп денеска изјави дека Хамас има рок од „три или четири дена“ да одговори на неговиот план за Пojaсот Газа, кој повикува на разоружување на палестинското исламистичко движење, предупредувајќи дека Хамас ризикува „пекол“ ако не го прифати.

— реклама —

По речиси две години војна, Белата куќа во понеделник објави предлог од 20 точки со цел конечен крај на конфликтот што избувна по крвавата офанзива на Хамас против Израел на 7 октомври 2023 година, по што во израелската инвазија на палестинските територии загинаа десетици илјади луѓе, а Пojaсот Газа беше претворен во урнатини.

— реклама —

Ќе му дадеме на Хамас околу три или четири дена. Ќе видиме. Сите арапски земји се согласуваат, сите муслимански земји се согласуваат, Израел се согласува. Само чекаме Хамас. А Хамас или ќе го прифати, или нема. Ако не го прифати, тоа ќе заврши многу тажно, рече Трамп во краток разговор со новинарите во Белата куќа.

— реклама —

Американскиот план, кој го поддржуваат многу земји, бара прекин на огнот, ослободување на заложниците што ги држи Хамас во рок од 72 часа, разоружување на исламистичкото движење кое владее со Газа од 2007 година, постепено повлекување на израелската армија, распоредување на меѓународни сили и воспоставување привремена власт.

Истиот ден, на состанок со американските генерали во близина на Вашингтон, Трамп повторно го предупреди Хамас за „пекол“.

Ни недостасува еден потпис, а тие ќе платат со пекол ако не го потпишат. Се надевам дека ќе потпишат за своето добро и ќе направат нешто навистина големо, рече Трамп.

Претседателот на САД, кој редовно се фали дека решил различни конфликти низ светот (еднаш истакнал дека помогнал за крај на долгогодишната војна меѓу Албанија и Азербејџан), изјави дека би било навреда за САД ако не добие Нобелова награда за мир.

Ќе ја дадат наградата на човек кој ништо не направил. Тоа би било голема навреда за нашата земја, додаде Трамп.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-libraryjqohdp9bsumjckdoiza

(Видео) Трамп: Никој во историјата не заслужува Нобелова награда за мир повеќе од мене

Свет | пред 15 часа

media-library1ve5ufdd63v50gpMbd8

Трамп: Ако некоја земја сака да испрати нафта во Куба, немам проблем со тоа

Свет | пред 17 часа

media-library928rb7fvg2d00Q6SeWy

Војната со Иран ја открива слабоста на непредвидливата стратегија на Трамп

Свет | пред 2 дена

media-library2e9baqigp61uc7nGqE3

Низ САД се планираат масовни протести против Трамп

Свет | пред 2 дена

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања