Промени тема
За нас
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...

Трамп до своите: Престанете со напади, имаме совршена администрација

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 8 месеци -

Свет
Screenshot-2025-06-24-at-09.17.25

Aмериканскиot претседател Доналд Трамп ги повика своите поддржувачи да престанат да ја напаѓаат неговата администрација поради новите податоци поврзани со случајот Џефри Епстин. Коментарите на Трамп доаѓаат откако Министерството за правда и ФБИ објавија дека нема докази за т.н. „список на клиенти“ или за уцени од страна на озлогласениот финансиски измамник и сексуален престапник.

— реклама —

Во документите, исто така, се потврдува дека Епстин извршил самоубиство во затвор во 2019 година, отфрлајќи ги бројните теории на заговор за негово убиство. Оваа информација предизвика силни реакции меѓу дел од крајната десница и MAGA поддржувачите, кои со години инсистираат дека „длабоката држава“ ги крие вистинските виновници од елитата.

— реклама —

„Што им е на моите луѓе?! Напаѓаат фантастична личност како Пам Бонди! Ние сме еден MAGA тим! Имаме совршена администрација, за која зборува светот!“, напиша Трамп на својата мрежа Truth Social.

— реклама —

Тој додаде дека целата хистерија околу Епстин е „демократска измама“, со цел политички поени и одвлекување внимание од „украдените избори во 2020“.

„Веќе со години слушаме за Епстин. Доста е. Никого не му е гајле. Пуштете ја Пам Бонди да си ја врши работата“, повика Трамп, додавајќи дека случајот треба да се затвори, а фокусот да се пренасочи кон повторно истражување на изборите.

Неговите изјави доаѓаат по внатрешна критика од влијателни десничарски фигури како Алекс Џонс, Лора Лумер и Ден Бонгино, кои тврдат дека владата ја прикрива вистината. Дел од нив дури и го повикаа Трамп да ја отпушти Бонди, нарекувајќи ја „срамота“.

Иако Трамп се има појавено на видео-снимки од забави со Епстин од 90-тите, тврди дека не бил во контакт со него најмалку 18 години пред смртта и дека не биле пријатели.

Во меѓувреме, директорот на ФБИ, Кеш Пател, порача дека теориите на заговор „никогаш не биле вистинити“, но тоа не ги смири најгласните гласови во MAGA движењето.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

kirk

Клучен доказ под знак прашалник: Форензиката го руши случајот за убиството на Кирк

Свет | пред 4 часа

media-library74la3l8bli74dd4xMKJ

Млад Американец загина во Либан откако се приклучи на израелската војска

Свет | пред 1 ден

Screenshot-2025-08-15-at-20.07.26

(Видео) Инцидент на аеродром во САД: Дрон го прекина сообраќајот во Палм Бич додека полетуваше авионот на Трамп

Свет | пред 1 ден

media-libraryfii3gflg0hd06a4wz4j

Невина жена пет месеци во затвор поради грешка на вештачка интелигенција

Свет | пред 1 ден

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања