Промени тема
За нас
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...

Трамп го одложи зголемувањето на царините за мебел и кујнски елементи

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 2 месеци -

Свет
media-librarysc773bl7kjr7aqKN48G

Американскиот претседател Доналд Трамп донесе одлука да го одложи најавеното зголемување на царините за тапациран мебел, кујнски елементи и елементи за бањи за период од една година. Одлуката е потпишана само неколку часа пред истекот на 2025 година, со што примената на повисоките царински стапки, кои требаше да стапат во сила денеска, се поместува за почетокот на 2027 година, соопшти Белата куќа.

— реклама —

Со оваа одлука се стопира планираното поскапување на увезените производи, кое требаше директно да влијае врз увозниците и потрошувачите во Соединетите Американски Држави. Потсетување дека во септември минатата година беа воведени царини од 25 проценти за овие производи, со план тие од почетокот на 2026 година да се зголемат на 50 проценти за кујнските елементи и на 30 проценти за тапацираниот мебел. Со одложувањето, царините засега остануваат на постојното ниво од 25 проценти.

— реклама —

Од Белата куќа како причина за одлуката ги наведуваат тековните трговски преговори со меѓународните партнери. Во официјалното соопштение се посочува дека Соединетите Држави продолжуваат со продуктивни разговори со трговските партнери со цел решавање на прашањата поврзани со трговскиот реципроцитет и националната безбедност во контекст на увозот на дрвни производи. Сепак, не е прецизирано зошто одлуката за одложување е донесена токму во последните часови од годината.

— реклама —

Одлуката доаѓа во чувствителен момент за администрацијата на Трамп, која се соочува со зголемени критики поради растот на цените и неможноста да се стабилизира инфлацијата. Дел од јавноста и економските аналитичари зголемувањето на цените го поврзуваат токму со царините воведени за широк спектар увозна стока откако Трамп ја презеде функцијата на почетокот на 2025 година. Цените на мебелот веќе претходно пораснаа поради царините за производи од Кина и Виетнам, кои се меѓу најголемите светски извозници во оваа индустрија.

И покрај загриженоста кај американските домаќинства, претседателот Трамп и понатаму за инфлацијата ја обвинува претходната администрација на Џо Бајден, тврдејќи дека неговата царинска политика на долг рок ќе доведе до намалување на трошоците за граѓаните.

При воведувањето на царините во септември, Трамп како главни аргументи ги наведе заштитата на домашната дрвна индустрија и националната безбедност. Одлуката следеше по истрага спроведена од американското Министерство за трговија за увозот на дрвна граѓа. Во месеците пред тоа, Трамп повеќепати ја критикуваше Канада поради големиот извоз на дрвни производи во САД, оценувајќи дека таквата трговска пракса може да претставува ризик за националната безбедност.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-libraryjqohdp9bsumjckdoiza

(Видео) Трамп: Никој во историјата не заслужува Нобелова награда за мир повеќе од мене

Свет | пред 1 ден

media-library1ve5ufdd63v50gpMbd8

Трамп: Ако некоја земја сака да испрати нафта во Куба, немам проблем со тоа

Свет | пред 1 ден

media-library928rb7fvg2d00Q6SeWy

Војната со Иран ја открива слабоста на непредвидливата стратегија на Трамп

Свет | пред 2 дена

media-library2e9baqigp61uc7nGqE3

Низ САД се планираат масовни протести против Трамп

Свет | пред 2 дена

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања