Промени тема
За нас
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...

Трамп: Иран е жестоко нападнат, од „насилник“ стана губитник во регионот

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 3 седмици -

Свет
media-libraryl980ocllcbiqaNCVygE
Фото: Фејсбук/Володимир Зеленський

Американскиот претседател Доналд Трамп соопшти дека Иран е жестоко погоден од американските и израелските напади, оценувајќи дека Техеран бил принуден да попушти под притисокот од воените операции.

— реклама —

Во објава на својата социјална мрежа „Трут соушл“, Трамп напиша дека Иран им се извинил на соседните држави на Блискиот Исток и ветил дека повеќе нема да ги напаѓа.

— реклама —

„Ова ветување е дадено само поради непрекинатите американски и израелски напади“, напиша Трамп.

— реклама —

Тој тврди дека Иран претходно се обидувал да ја преземе контролата врз регионот, но дека сега, како што наведува, за првпат во својата историја е поразен од соседните држави.

Во својата објава Трамп користеше остра реторика, нарекувајќи го Иран поранешен „насилник на Блискиот Исток“, кој, според него, сега станал „губитник во регионот“.

Американскиот претседател истовремено најави и можност за нови напади, наведувајќи дека се разгледува таргетирање на дополнителни цели кои досега не биле на списокот за напади.

Изјавата доаѓа откако иранскиот претседател Масуд Пезешкијан претходно соопшти дека привременото иранско раководство одлучило да ги прекине нападите врз соседните држави, освен ако нападите врз Иран не потекнуваат од нивна територија.

Во меѓувреме, Иранската револуционерна гарда предупреди дека американските и израелските воени бази и интереси во регионот ќе бидат сметани за главни цели доколку нападите врз Иран продолжат.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-libraryjqohdp9bsumjckdoiza

(Видео) Трамп: Никој во историјата не заслужува Нобелова награда за мир повеќе од мене

Свет | пред 12 часа

media-library1ve5ufdd63v50gpMbd8

Трамп: Ако некоја земја сака да испрати нафта во Куба, немам проблем со тоа

Свет | пред 14 часа

media-library928rb7fvg2d00Q6SeWy

Војната со Иран ја открива слабоста на непредвидливата стратегија на Трамп

Свет | пред 2 дена

media-library2e9baqigp61uc7nGqE3

Низ САД се планираат масовни протести против Трамп

Свет | пред 2 дена

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања